Сакам да кажам дека легнав во 4 и нешто, никако не ми се спиеше само за кучешко лаење да ме разбуди пред пол сат. И сфатив дека уште на мојо пес не му разликвам лаењето пошто од трпезарискиот прозор седат на комшијата двете мали кучиња, а на скроз спротивниот ѕид после долга соба, седи моето. И многу често ми се мешаат звуците од кај идат. И одам да му фрлам играчка, демек за да се занимава да поспијам уште некој сат, да не лај. Излегвам и тој бајче, си лежат со мачките, се лижат. И слушам истиот глас ама многу подалечно и сфаќам дека пак, за џабе излегов. И така, нема презаспивање сега. Ајде на утринско.
Додека седев на шоља сабајле (а на тоа место излегле едни од најдобрите мои мисли и изуми) ми текна дека секогаш јас последна стигнувам на ред да платам нешто, сметка или во маркет кога пазарувам, исто и во банка. Два шалтери да има, јас ќе влезам ќе разгледам, на едниот чекаат двајца, на другиот седум и ќе застанам кај тој со двајца, трета да бидам, после мене уште десет души ќе дојдат, тие ќе завршат работа, јас уште трета ќе чекам. Да видам дека на другата каса или шалтер оди побрзо и да се преместам одма ќе се закочи работата и од тој шалтер кај што сум се тргнала ќе се наредат и тие после пола сат после мене што влегле. Проклетство некое изгледа. Кога веќе сум кај маркетите, многу мразам, ама ептен многу, кога некоја баба ќе застане пред лебовите и сите ќе ги испофаќа и изнаштипи. Јас чекам позади неа, таа пипка ли пипка по лебовите. Прстот до средина на лебот го шиба, го врти, го вади и на друг леб ќе се закачи. На тој бетер тортура. Два три пати ќе го гмечи, ќе го шиба со прстот како некој ко ќе будиш што го шибаш, па пак постапката со прстот до средина и пак се фрла на друг леб. И ако немаш работа ти чекај си да ги изработи сите лебови. И ако немаш памет купи и јади од тој леб што го изнафаќало се живо и диво. И ова често ми се дешава и кога поминувам луѓето да се туркаат во мене. Или да застанат на сред пазарување, да се рашират и да почнат муабети. И уште ми се лутат дека сакам да поминам. Јас и моите маки по маркетите и шалтерите. За некого нешто ситно и небитно, за мене проклетство кое ми го уништува животот....
Моите, неговите? Стандарт приказна дека ,,моите,, секогаш даваат и моите секогаш не добри мирни и тивки, не сакаат и почитуваат ама маж ми не ги сака за жал, за разлика од ,,моите,, неговите секогаш се лоши, алапачи, ништо не даваат, на господ бељата се итн итн. Зошто? Зошто не можете и не знаете да бидете објективни, зошто не ставите прст на чело дека не можете да ја гледате само својата страна и своето, дека тие ,,неговите алапачи,, се родители на вашиот сопруг, на тој што го љубите и сте во брак, имате деца и спиете заедно, зошто не сфатите дека како што вас ве влече своето така него неговото? Зошто мора во секоја прикаска од проблем да вашите од прикаската се нај а неговите злобни? Тој муабет е секогаш и секогаш се вергла ,, за посебни случаи на насислства малтретирања омаловажувања не зборувам. Ама и тогаш секогаш можете да се цените себе и да си отидете, не, не е полесно да се тешиш дека немаш каде и немаш работа, полесно и најпаметно за себе е да се избориш и заминеш без да трпиш нечии зли работи.
Сакам да бев тој цајканот што ја фатил Силвија со тон кока, а ја пријавил за 700кг if you know what I mean...
Отсекогаш ме чудела навиката на оставање на се' за последен момент. Не им ли тежат на некои луѓе незавршените обврски? Способни ли се воопшто да одмараат и да се опуштат знаејќи дека таму некаде зафрлена, ги демне незавршената обврска? Не може никој да ме убеди дека нема 10-15 минути на располагање во текот на денот, ако ништо друго, барем да се почне од некаде. Подобро секој ден по малку работа, разумно распоредена, зашто најважно е да има континуитет, но човек да не стои во место додека гледа како се трупа купчето од незавршени работи.
Значи сообраќајнава култура кај нас е ужас и секој ден се појше се "нервирам" кога гледам какви идиоти буквално има. Брза помош со сирени иде, некој се бори за човечки живот, секунди се у прашање, они си седат у кола лагано, на мобилен муабетче си праат, не се тргаат, гајле им е, брза помош со сирени имало, големата работа... И не е само до брзата помош кривицата зошто многу пати додека да дојдат кај што е потребно веќе станало многу доцна... Па не можат да стигнат од будалите по улиците што не им прават простор да пројдат.
2019 ми зеде уште една блиска личност од семејството. Веќе ми е страв од годините што доаѓаат да не ми земат уште некој...
Во теорија се' звучи убаво. Во пракса потешко. Ме нервираат луѓе кои ветуваат а на дела ги нема. Општо зборувам, многу луѓе на зборови се јаки.
Се надевам дека амбулантата кола од Неуромедика стигна на време каде што требало. Денес таква гужва во живот не сум видела. Ах, бе луѓе. Ги поддржувам протестите на средношколците, браво младино! Горди сме на вас.! Но, метежот е причина за која што би требало да се протестира. Замислете, да не стигнало навреме амбулантното возило. Прашање на човечки живот е, повторно.
СДК се прерадвав шо за прв пат пуштив машина за перење без асистенција од страна (цимерките не се дома па морав сама) И супер еј, пресреќна, кога на крај ми текнува дека не ставив никаков прашак, ни омекшувач. Си врти напразно, само со вода. Ех кристин, бруко една низаедна.
Se cudam na lugevo koi se smiruvaat so bivsi posle 2 godini. Nemozam da sfatam ednostavno, toj/taa te ostavil, ednostavno nekoj ne se trudel dovolno. Nekomu ne si mu bil plan A, nekoj ne te sakal dovolno.
Mi falat momentite koga se guskavme najsilno na svet, mi fali toa se smeev ko luda so tebe, iako ti ne pravese nisto posebno. No isto me bolis mnogu, iako nikoj ne primeka. Me boli toa so me ostavi so eden zbor. Boli toa sto ne mi pokaza nikakvi znaci, taka surovo ko so vikaat bez anastezija. I znam zosto boli, zasto uste imam cuvstva za tebe. Ke rabotam naporno na sebe I ke go docekam denot koga ke si do mene, pred oci, no nema da te custvuvam. Tuka si vetuvam.
Во неволја ќе видиш кој ти е пријател, да, ама и кога ќе ти тргне во животот, е тогаш уште повеќе ќе видиш кој е кој. Едни ќе ти се радуваат, други сопки ќе ти ставаат и ќе јадат за тебе бурек на големо. Тоа за нив повеќе кажува отколку за тебе, така да... Ти само гледаш и мирно елиминираш тоа што не ти треба во животот.