1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    41.423
    Пол:
    Женски
    Е не можам веќе, не можам.
    2006- татко ми тумор на надбубрежна, ја извади.
    2010-мајка ми аденокарцином на матка, извади се и помина тоа во ред, фала ми на Бога.
    2018- јас операција, извадив бубрег, дијагноза малигна неоплазма, среќа капсулирано беше па не се прошири. Истата година на крај почина тетин ми од рак на бели дробови. 2019- септември, другиот тетин доби исто рак на бели дробови. Оди по хемо и борба невидена е. 2017- уште еден тетин прво на бели дробови рак, по хемо добар за после година на хранопровод, еднаш демек се излечи пак го повтори, еве уште е на хемо, ден за ден пак борба. Чичко ми пред една недела почина-рак на лимфа. Вчера дознавам резултати од биопсија на свекор ми- ситноклеточен на бели дробови. Ме срози ова.
    Не очекував ваков исход, човекот не пуши, не пие, кашлаше година дена, на сто лекари појде, се во ред као нема наод, рентген чист и на крај , ракот еве го.
    Не можев да спијам ноќва, црева ми се превртуваат, нервоза ме изеде, се тресам. Јас го дознав резултатот преку луѓе, едвај на маж кажав, другите уште не знаат, ни свекор, ни свекрва, ни золва, понеделник ќе им кажат. Ја немам душа да им кажам, поарно доктор одма ќе им каже и терапија и што ќе се прави. Ова ќе не уништи. Проклета болест, нема мир од неа. Не знам што ќе биде, знам само и 2020 нема да донесе ништо добро со ваков старт.
     
    На BlackNight, IamSexyAndIKnowIt, mila7 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.937
    Допаѓања:
    53.124
    Пол:
    Машки
    Ако сум меланхоник за нешто периодов тоа е чинот на оставање на новогодишни честитки пред врата на комшиите. Тој саат ипол си навлезен у филмот дека си Бонд на тајна задача и никој не смее да те примети :bandit: Ахх времиња
     
    На IamSexyAndIKnowIt, poenta, MeowMeow и 10 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    41.285
    Пол:
    Женски
    Генералка во куќата и животот секогаш е добра идеја. :sun:
     
    На cresa-jagoda, IamSexyAndIKnowIt, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Изберете самопочит пред стравопочит. Секогаш.
     
    На Marija6165, Purplelilac, cresa-jagoda и 28 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Многу пати сум кажала, е ова бил најубавиот ден во мојот живот досега.
    Но, бесценето е тоа што имам некој што ми го прави секој ден поубав од претходниот.

    Не можам да верувам, со што ли ја заслужив оваа среќа, со што ли заслужив ваква личност до мене?

    :inlove:
     
    На cresa-jagoda, IamSexyAndIKnowIt, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    Ќе се погоди некој таков чуден, глуп ,безвезе период и трае година две..
    Ај заврши бе!
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, IamSexyAndIKnowIt и 14 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Еден саглам Дедо Мраз не видов, да добијам желба да се сликам со него.
    Само бледи ванаби Дедо Мразовци , млитави и бедни, понесени од желба да спечалат некој денар.
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.179
    Пол:
    Женски
    Ми праќа реквест на инста, а точно 10 год муабет немаме напраено. Додуше точно се сеќавам и зошто и како.
    На ти, зјапај. Очигледно калимерата ви се расипала дома па чаре у минатото бараш. Она минато кое не си го имал.
    И после речете ми дека мажите забораваат тоа шо не пробале.. |(
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Tajnaotrovna, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    41.285
    Пол:
    Женски
    Сабота навечер, со друштво се смеам до солзи на еден виц.

    Ја прашува синот по мајката :
    Мајко, како настанав јас?
    Мајката му вели : Ќути синко каква забава беше тоа, добро е што не лаеш.

    Не е кој знае што но јас се превртив од стол. :rofl:
     
    На IamSexyAndIKnowIt, theowndemon и piksooki им се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Си читав стари мислења низ форумов (секако, кога имам најмногу за учење) и налетав на некои од ФМЌ и гледам сум пишала "одамна немам везено гоблени" и си викам добра ма Хелоу будало кога па си везела ти у животов? И добро после ми кликна што уствари беше тоа и идам да учам сега.
     
    На Antolinaa, Harper, Tan4ence и 8 други им се допаѓа ова.
  11. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Ок, да најдам некој начин на кој што можам да ја отстранам мојата смотаност, наивност би летала..
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Hellobeautiful и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  12. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.994
    Пол:
    Женски
    Камо да можев и во реалноста да давав такви затки на луѓе ко што им ги давам во главава. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, RedRevolution, Blue.Sky и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.953
    Допаѓања:
    54.799
    Пол:
    Женски
    Секој ден се уверувам се' повеќе колку некои луѓе мразат да гледаат како некој успева повеќе од нив. Им го повредува егото.

    Ама затоа ќе изнајадат г*мна за таа личност за да се почувствуваат подобро во нивните патетични животи.
    Страшно колку завист има, дури и од оној кој никогаш не си помислил дека е таков.
     
    На cresa-jagoda, Blue.Sky, mila7 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.576
    Допаѓања:
    176.460
    СДК никој не увезува опасен одпад. Нема загадување. Се е во ред. Јадете моркови(facepalm)
    https://www.mkd.mk/makedonija/polit...a-mazut-vo-makedonija-velat-hrvatskite-vlasti

    Барем некои новинари почнаа да чепкаат негде... одвреме, навреме.
    Темава е политичка иначе, според рубриката|(
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Кога на некој ќе му речеш дека е многу паметен,.па ќе почне да продава муда за бубрези:D.
    Пак речи му и остави го нека си мисли дека се иста цена;)
     
    На Blue.Sky, Milobebence, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Да не ширам негатива тука и не знам каде да пишам на оваа тема..али сдк дека некако у последно време немам волја за ништо, ништо не ме возбудува, изненадува.. Не чувствувам ни среќа ни тага со кој и да сум, каде и да сум све ми е исто.. не можам да се препознаам себеси. Ете веќе 2 месеци сум ваква. Дали е депресија или што е не знам. Ако има некој да поминувал низ вакви времиња не к ми пише како си помогнал у лп.. Ја стварно не знаам што со себеси.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, blackpanter и Tea678 им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    41.285
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol прати некој згоден болничар да ме смири, нерви изгуби од натпреварот, мислам некој удар ќе добијам. :punch:
     
    На Blue.Sky, blackpanter, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Кај наоѓам време да се заљубам не ми е јасно. После работа очиве не догледуваат бе.
    Теле станав.
    Молам овој пут без уроци.
    И то.
     
    На cresa-jagoda, duffi, Lella и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    101.009
    Пол:
    Женски
    Ќе им дадеш прст ќе ти ја земат цела рака.
    Еден будала кога ќе направи глупост сто паметни не ќе можат да ја оправат работата.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, IamSexyAndIKnowIt и 2 други им се допаѓа ова.
  20. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Сдк Кога на дете му даваш подароци, и она од радост креира, прави нешто за тебе, па го витка и го витка, па те тера низ центар да го отвараш, и додека ти го отвараш онака луѓе чудно те гледаат, а таа слатко се смее и ужива, и ти вика уште малку имаш за одвиткување.
    Се е до тоа да направиш некој да се смее, и кога животот му го одзел најсаканито, му го распарчил она малечко невино срценце, кое што знам дека никогаш нема да и го залепам, но ете се трудам барем да ја насмеам.
    Се е до онаа искрена насмевка.
    Те сакам душичке моја:l:
     
    На teaiva, RedRevolution, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.