Она чувство кога сакаш некој и се блокираш за момент ахахах...ти иде во глава слика што треба да прашаш ама никако од уста да излезе ,како да не ти се споени сите жички.
Ти е гајле. Не е битно што мислат другите, битно е како ти е тебе. Дури и да не се џаболебари, дури и да заработуваат 500 евра, не е битно што мислат бидејќи они не се ти. Ти гледај да си среќна и не се замарај за туѓи мислења и коментари.
Ги молам да поправат едно нешто,а оние се однесуваат како да им побарав злато да речам. Не,бе,нека седат дур им дојде преку глава. Доста ги предупредував. Поради будали си го рушам мирот.
Се знај/ дозна кој го има ова поставено? Туѓ срам ме изеде дур го читав и ептен жал ми падна за женава која јавно ја оцрнуваат. Сакам да дознаат кој има ова ставено и да тужи наставничката и да добие.
Сега кога ќе помине Н. Год и божиќ и сите тие празници што се во таа недела, ќе фати најгрдиот и најпустиот период од годината. Студ, досада и високи сметки. Не дека сега ниски се, ама барем има некое шаренило, мрдаш по малце. Овие 5 год како работам, годишниот одмор го земав во Февруари. За под ќебе. После божиќ, ќе се пикнам под 3 ќебиња и разбудете ме кога ќе дојде Март.
Сдк илјада мисли во главата имам.Но добро е,може и некоја фикс идеја да добијам од толку мачење мозок.Сакам мир,тоа е се што сакам периодов.
Стварно сум глупача некад.И коа сум, на себеси си штетам си ја избричив веѓата. Да ме прашате зашто, не знам
Она коа некој ќе си ја земи заедничката сметка за дома да си, ја скенира. Не знам, ама мене не ми е пријатно да земам. До, кој степен се разви себичлакот у МК, бе брат.... Што демек ќе ја земам, ќе ја скенирам и ќе ми паднат 3000.
It's not a big dial Па ако некој скенира у друштво зошто да не си ја земе? Почни да скенираш и ти, еднаш ќе ја земеш ти, другпат друг и така... Никогаш не можеш да знаеш, може баш тебе ќе ти се падне, а и 1800ден само да земеш, ќе си купиш чизми едни. Еве комшика ја извлекле и си зема 3000ден. Никогаш не се знае.
Ама никој ништо, ни праша, само си ја стаи у џеб хахах Ајде нареден пат, јас земам и частам ако добијам. Позз