1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Продавам фискални сметки:D
    Цена по договор:rofl:
     
    На Rama, Biljarkata, Blue.Sky и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Во секој момент може војна да избие, затоа треба маживе да служат војска..
    Ај на страна дека војска не е за да научиш да местиш кревет.
    Воопшто ли не ви паѓа ни малку, малку жал на млад дечко со цел во животот да биде нешто и можеби заљубен во девојче и е среќен, вие да му речете - ако избие војна, ти треба да нe' браниш, да гинеш. А вие што? Дома ќе седите со нозете една врз друга дури вашето и нечие најмило живее на вода и леб и секој момент го доживува како последен? Како можете со гордост да праќате некого во војна бе?
    И пожар може секој момент дома да ви избие па се кладам дека прво на памет ќе ви е да спасувате жива глава место да гаснете. И зошто не одите на обука за пожарникари?
    И поплава може да ви се случи дома па сигурно и тогаш ќе се спасувате себе и блиските.
    И некој близок може да се повреди, да има некаков напад...па зошто не учите сите медицина? Прва помош е битно да знаеш, за останатото треба да се погрижи оној кој избрал да работи тоа.
    Ама за војна, не. Требало да се гине, и тоа не они, него некој друг треба за нив.

    Војна не е обична детска караница.
    Војна е зло. Војна е пекол. Војна е да живееш како мртовец. Војна не треба да има никогаш. Војна не треба да те мери колку си човек.

    Немојте навистина. Боли човек да ве слуша.
    Државата колку сака нека го гледа загинатиот како херој, пари и слава не можат да го заменат местото на ниеден син, брат, татко, сопруг.
    Животот ваш и на блиските нека ви е на прво место.
    А оние кои избрале и ќе изберат да одат само посакувам да останат живи и повторно среќни со блиските на безбедно и никогаш повторно да не го доживеат тој ужасен пекол.:l:
     
    Последна измена: 28 декември 2019
    На sj *O*, Biljarkata, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  3. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Кога кенаучиме да бидеме сами за себе добро друштво.
    Така никогаш нема да бидеме осамени!!!
     
    На Purplelilac, Biljarkata, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Елката ми изгледаше некако празна, па си викам ај да додадам уште неколку украсчиња.
    И нормално, успеав да ги заплеткам со веќе поставените(facepalm) Со тоа ми се уништија уште неколку.

    Поука: Не се обидувај да поправиш нешто што не е расипано :D
     
    На Jana06, Rama, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Брееј шо време дојде, да немаш со кого на кригла пиво во сабота вечер да отидеш и тоа за убаво демек НГ било, не дајј Боже да имаш мака па треба да викнеш на помош некој.
     
    На Jana06, Rama, stetoskop и 8 други им се допаѓа ова.
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Дојдов на забава за да јадаммм. Ммм хранаааа
     
    На Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Скопје е факинг премало. Или имам премногу бивши :?:
     
    На piksooki, Doozy, swizzlec и 10 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Точно.
    Во моментот кога нема да ти требаат еден куп луѓе за да не ти е досадно, тогаш да знаеш дека си созреал како личност.

    СДК , прочитав кокзнае каде нешто што ми остави впечаток, а вели : ..нормалните луѓе мораат да пијат розеви апчиња зашто тие што треба да ги пијат, не ги пијат:D
     
    На Jana06, Rama, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  9. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ние сме социјални битија и неможеме сами да функционираме и така треба да биде,но некогаш сме приморани да се тргнеме и да си бидеме сами некое време,ако можеме да бидеме океј со самите себе и да не ни треба некој друг за да бидеме среќни тогаш сме го постигнале тоа што треба,а и емотивно сме созреани.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Го обожавам островов. Толку имам да кажам.
    А највеќе ми се гади кога ќе прочитам од наш "Е јас избегав од таму, живеам вамо и вамо, јака ви душа".
    Што да ни е јако? Не сфаќам, си бил на одмор само. Не си се потрудил да дознаеш нешто повеќе за овде.
    Тоа е интересното.
     
    На Rama, hermosa и Alisa22 им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Безброј пати сум поминувала низ школскиот двор на моето основно училиште, дури сега се присетив дека имам засадено 3 борчиња како прваче. Поитав да го пронајдам местото и да видам дали воопшто стојат таму и како напредувале низ годините.

    Ми се исполни душата со едно такво задоволство, небаре мои 3 деца се во прашање, ама кога ги видов така високи, здрави и бујни, цел ден се смешкам задоволно. ^_^
     
    На Purplelilac, Jana06, Dahliaa и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.529
    Пол:
    Женски
    Сдк
    Не знам зошто во последно све ми е удолницата фатено , све лошо е наклонето кон мене ...па добро бе зарем нема парче среќа на светов за мене?
    Лошо ми е во душата,некогаш губам и здив...и не , нема да земам антидепресиви или лекови за смирување , ќе издржам !
    Ќе издржам ! Ќе преживеам! И ќе ви вратам на сите што ме повредивте !!!

    Сакам само да заминам што подалеку од тука ...
     
    На sj *O*, Nigredo Odor, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.942
    Допаѓања:
    48.620
    Пол:
    Женски
    Ми иде да се самоубијам од што ми е досадно, а од друга страна па ништо не ми се ни прави.
    И сеа?
     
    На Nigredo Odor, buba4e89, Disconnected_ и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно нема нешто попросперитетно за работа од медицински струки, како избор во средно поготово.
    Летото земавме диплома, пола луѓе од средно веќе работат и тоа на сериозни и одговорни функции. Никој не остана без работа од тие што сакаа да работат и да не продолжат факултет.

    Од една страна се осеќам чудно, како преку ноќ порасната, не ми се верува дека луѓето со кои до пред 7месеци заедно учевме, сега веќе работат, а од друга страна многу ми е мило што прав избор на струка сме имале и што ниеден нема останато без работа.

    Интересно, како се менува животот неприметно и кога ќе направиш мала ретроспектива сфаќаш дека у една година уствари имало големи пресврти и промени...
     
    Последна измена: 29 декември 2019
    На MrenaRiba, BlackMistery, Nigredo Odor и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ги гледаш работат веќе неколку години во странство во некои јаки фирмишта, им се ситат тука на несреќните Македончиња за 200 евра што рмбаат, ама затоа да ти е срам да ги читаш и слушаш англиски како зборуваат и пишуваат.
    Сериозно бе, нели ви се смеат таму?
     
    На sj *O*, Lella, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  16. starish

    starish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Годинава што си оди, беше во најмала рака чудна, иако повеќе болна, полна со надежи кои не се остварија, полна со нови сознанија, глупаво однесување од моја и од туѓа страна. Би сакала да кажам дека сум попаметна, дека сум научила од грешките и тоа би било супер, навистина супер, но, мислам дека не е така, мислам дека понекогаш сме како осудени да го повторуваме тоа што веќе сме го направиле иако ни изгледа дека не е така. Oh well, ако е некоја лекција, никогаш веќе нема за ништо да речам дека мене не може да ми се случи, така да, give me all the love next please :). А да, и карма не функционира, да не бидеме до толку наивни, сеедно е дали си добар или лош, се може да ти се случи, не само тоа што мислиме дека го заслужуваме :)
     
    На SnowWhite8, Rama и tirkenbal им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јас: "Идам на бурече"
    Мајка ми: "Сигурно некој нашинец го држи тоа."
    Татко ми: "Може Албанец го држи."
    Цимер: "Па ти само на тоа мислиш."
    Јас: "Идам на бурече." :D
     
    На Nigredo Odor, Rama, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Недела, доцна попладне.
    Помислата дека утре не морам на работа. Дека ми следува заслужен одмор.
    Празнично расположение и внимателно украсен, топол дом.
    Чаша со омиленото кафе и неколку реда чоколадо.
    Саканата личност до мене.
    Ретроспекција за изминатата година, благодарност и гордост за она што го направив.
    Надеж за следната година и безброј заеднички планови.

    Среќа:l:
     
    На Lella, Nigredo Odor, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.829
    Допаѓања:
    15.702
    Пол:
    Женски
    @Justicija женска, не губи енергија во враќање.
    Животот ќе им врати.
    Не мисли на тие шо те повредиле мисли на оние шо им требаш, на оние што ти требаат.
    Светла иднина има за сите.
    Јсс сум на АД и апчиња за смирување, ако е потребно ќе пијам за да излезам од овој лавиринт. И секако ќе излезам, и тоа за брзо.

    Иначе, ги слушам комшииве како се караат, има еден пијаница до нас. Боже...
    Јас идам уште два дена на работа, и фала Богу одмор.
    А коа ме прашате ич не ми се оди, на ова ладно време, ми се седи само дома.
     
    На prominent и Justicija им се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.126
    Допаѓања:
    13.393
    Пол:
    Женски
    Главна причуна е што се замина во странство од доктори до сестри. И од младиве 95% ќе набилдат искусво и ќе фатат патот.
    Дефицитарен кадар е во Мк :)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.