СДК.... Уште еднаш ја покоривме Европа! Уште еднаш Македонците се на врвот на Европа! Никој како вас не ги наполни нашите срца со радост, среќа, гордост, ни партија ни личност ни проект...САМО ВИЕ! Покажавте дека со големо СРЦЕ може да се освои СЕ! Со срце за Вардар!!! Еден живот Една Љубов!!!
Не ме занима. Ми затварале врати пред нос или ми бегал автобусот па сум трчала кога сум требала да сум на битни настани па никому ништо. Нема право да ме бутка и да ми вика така. Позади нас имаше уште 4ца.
Во новата 2020 година ке ви посакам,да имате најмногу здравје,љубов,почит,разбирање.Поростувајте за да ви биде простено,сепак сме луѓе грешиме,намерно или ненамерно.Имајте убав провод вечерва каде и да сте
Во животот, велат најтешки се почетоците. Можеби сите, освен оние во кои влегуваме полни со надеж, со убави желби, со позитивни очекувања, како овој, почеток на една нова година. Да наздравиме, пред се' што сме тука, што ја преживеавме оваа, што ја имаме таа привилегија да сонуваме со надеж за ново, посреќно утре! Да ви посакам новата да ви донесе нешто - нема, зошто ние сами сме творци на нашиот живот, од самите нас зависиме, па затоа ќе ви посакам само да сте од Бога благословени, здрави и живи, а вие самите да достигнете состојба на среќа. Правете го она што ве прави среќни и бидете среќни додека го правите истото.Животот е огледало - Вие сте одраз на важите мисли а вашиот живот е одраз на вашата верба во себе. Бидете свои, бидете вие, бидете среќни. И не заборавајте, не е важно каде ќе сте вечер, ако сте дома, посреќни сте од оние кои се во болничка постела, ако сте на работа посреќни сте од тие кои немаат работа, ако сте со најблиските посреќни сте од оние кои немаат никого.... Со надеж за уште многу убави почетоци
Моментот кога си дете и ти кажуваат да ги затвориш очите и да си замислиш желба... Желба за Новата Година, желба кога дуваш свеќички за роденден, желба кога ќе видите како "паѓа ѕвезда"... Толку ми беше голем и важен тој момент, бидејќи можеш само едно нешто да си замислиш и треба вистински да го посакуваш тоа за да ти се исполни. Како мала баш и не можев да се снајдам со тие желби, ќе си помислев една, па друга ќе ми искрснеше, па на крај само силно ќе ги стиснев очите и едно нешто ќе посакав колку да помине моментот. Веројатно тоа биле ситни работи. Во последниве неколку години си посакував само да сум среќна. Навидум скромна желба, ама не е баш така. Бидејќи под тоа некако подразбирав сè да си е на свое место, да немам грижи и да нема моменти што ќе ме направат тажна. Мислам дека и минатата година си го замислив тоа, а сепак почна најлошо уште од првиот месец. Оваа година ќе посакам само да не ми одземе повторно некоја личност. Биди добра 2020та. Викаат не ги споделувај желбите гласно, нема да ти се исполнат. Ни од тоа не видов фајде, па затоа ќе ги кажувам, ќе викам и ќе ги посакувам гласно, за да ми се вратат како бумеранг.
Се навраќам на доживувањата од изминатите дванаесет месеци и можам да кажам дека 2019 ќе ја паметам по убаво. Само по убаво. Бидејќи не сум злопамтило, воопшто. Имам природна дарба да ги паметам среќните мигови, во мене да преовладуваат пријатните емоции а оние, не толку пријатните, да најдам начин да ги зафрлам некаде или пак, да ги излекувам со љубов. Која и во изминатата година мене ми беше ѕвездата водилка. Од непријатните доживувања си земам поука, учам лекција и потоа ги оставам зад мене. И ете, ќе и се радувам на оваа ноќ поради симболиката што ја носи, и поради тоа што имам причини со радост и гордост да го затворам поглавјето 2019. Со многу надеж да ја започнам 2020. Вам ви посакувам да ви биде убаво и топло на срцето, како и да сте одбрале да ја поминете претстојната вечер. Наздравје и бидете ми весели и заљубени
Знам дека е клише тоа што сите сега си посакуваме нова година, а всушност е само едно поместување на бројката и нов календар. Да, вистина ако не направиме нешто ние самите во новата година ништо нема да се промени, но зошто да не го сфатиме ова како една нова надеж и нови 365 дена за да промениме се што досега не ни се допаѓало како е. Во новите 365 дена на сите ви посакувам многу среќни денови, многу здравје, љубов, пари, патувања, успеси, мигови што ќе се паметат. Доколку не сте среќни во врската, бракот, работата, шефот е неподнослив, трпите токсични луѓе и слично, во новата година ви посакувам храброст и среќа за да сето тоа го промените. Еден е животот за да бидеме несреќни. Да ги искористиме новите 365 дена од новата година за да сме посреќни и позадоволни од животот. Среќна нека е!
Еден навидум обичен ден а сепак срцата на сите нас се исполнети со надеж за подобра и поубава година исполнета со здравје, среќичка и убавина. Луѓенца ви посакувам се најубаво на сите. Здравје зошто тоа е најбитно и сите желби да си ги реализирате, но остајте по некоја за да ви биде интересено. Изминатава година ќе ја памтам по мојата внатрешна борба во која мн често паѓав, но секогаш гордо застанував на нозе и покрај се што ми се случи зошто се сакам себеси и колку да е тешко сакам да ја имам силата и храброста со која ќе се бодрам да продолжам напред давајќи си подршка на себе и сите околу мене што ме сакаат и ги сакам. Оставете го минатото нека ви биде поука и влезете со убави мисли во новата година. Ценете ги малите нешта и луѓето со кои сте опкружени и уживајте во топлината на љубовта во вас и околу вас.
Минативе неколку дена го одложував овој пост знаејќи дека едноставно не можам сѐ да соберам во едно мислење. Време е за годишната сентиментална ретроспектива. Ќе биде долго, мноогу долго. На почетокот на годинава во темата Цели за 2019 го имав запишано ова: Морам да кажам, го исполнив ова, и тоа повеќекратно. Можеби некои од вас се сеќаваат на минатогодишниот recap што го направив, таму кажав дека годината не ми заврши позитивно, поради моите многу непристрасни прфесори. За само еден месец, 28 јануари, го памтам денот ко празник да е, дознав дека еден од нив повеќе нема да ми предава. Моментот кога еден соученик истрча во кабинетот математика да нѐ извести ќе го паметам како еден од најсреќните моменти во мојов живот. Оттогаш сѐ тргна во нагорна линија. Ми падна огромен товар од грб, уште едно полугодие и се ослободувам и од другиот токсичен професор. Ја осетив слободата и решив да се посветам на академски надоградби. Еден другар ми спомна дека ќе се одржува натпревар во ораторство во Бугарија, 10 минутен говор на која ти душа сака тема. Веднаш знаев дека сакам да одам, но можеа само тројца од моето школо. Се пријавив на аудицијата, напишав говор. Конечно можев некаде да искажам сѐ што ми лежи на душа, и тоа на темата: Деструктивната природа на колективните идентитети. На некој филмски, тед-токовски начин, зборував за тоа како конфликтите меѓу разни национални и религиски групи се должат единствено на измислени непостоечки идентитети. Не можам да го опишам скокањето низ соба кога дознав дека јас и моите двајца најдобри другари сме примени. Тогаш знаев, од 8 март, па до почетокот на август, скоро секој ден ми е испланиран. Цел февруари мигрирав од клас во клас држејќи го говорот кај децата од прва година и сфстив дека се крие голема моќ во ентузијастичното раскажување. Кога имате пасија за нешто што зборувате луѓето со задоволство ве слушаат. Американскиот универзитет во Благоеграв е навистина фантастично место. Не сум видела поубав кампус во животов. Тројцата успеавме да се пласираме во полуфинале, држејќи го говорот стопати на ден. Од тоа искуство запознав три прекрасни личности од Пловдив. Се сеќавате на професорот што го спомнав, оној што веќе не ми предава? Дојде новата професорка, решивме да одиме на натпревар. Имав 99 поени на државниот и знам дека додека читаа на разгласот беше во библиотеката и слушна. Се надевам дека си измислил валидно оправдание за тројката што ми ја стави. Како и да е. Најдобриот дел од годината и овојпат ми беше глобалната рунда од дебатниот натпревар - последна во животот. Ја очекував со месеци. Холандија е официјално една од моите омилени земји. Не знам како, ама кога пристигнав таму, во удобниот студентски хотел, се чувствував како да дојдов во safe haven, рајска земја. Улиците беа раздвижени и чисти, луѓето расположени и насмеани. Првово ваљда се должеше на велосипедите, а второто на тревата. Бројот на луѓе од цел свет што ги запознав е вистински огромен. Иако на некои од нив не им го запаметив името, запаметив убави и интересни моменти со нив. Како последна рунда, се фокусирав повеќе на забавување и убав помин отколку на тремата пред дебати. И тоа беше одлично. Преостанатиот дел од летото... Нема да навлегувам во детали, ама доволно е да се каже дека животот ми стана сценарио за Нетфликс тин драма. Еден куп интересни спомени и приказни за раскажување, експерименти, лудории... Ја започнав последната година од средно школо. Ми се крши срцето што треба наскоро да заминам, ја чувствувам носталгијата уште сега. Сакам да се вратам во времето, а уште не сум ни завршила. Знам дека ќе ми недостигаат купишта работи од училишниот живот, на крај краева во ова училиште пораснав. Ама тоа е сосема друг лигав сентиментален пост. Годинава беше прекрасна, имав спомнато дека тешко некоја година ќе ми биде поубава од 2018, ама ете... 2019 ме изненади позитивно. Од оваа година засекогаш ќе ги паметам убавите мигови, како моментот кога им соопштив на моите двајца другари дека прифаќам да бидам во тим со нив, кога еден од нив со саати ми објаснуваше како работат постерот, правосмукалката, машината за перење, додека јас се прозевав од другата страна на телефонот. Потоа кога успеавме да освоиме прво место во скоро секоја категорија од 100 други тима, кога им упатив бакнежи од бината кога ми го дадоа Асимов трофејот и видов дека скокаат и се радуваат. Кога го слушав другар ми додека држеше говор во хотелската соба ден пред официјалниот натпревар. Се смеев додека броеше колку пати едно девојче во својот говор кажа blushing. 53 пати. Се смеевме со тиммејтот на сред дебата додека зборуваше противникот. Не требаше да се смееме, ама и противникот не требаше да биде џоукстер. Не знам како, ама сепак ја победивме и таа дебата. На последниот час од вториот токсичен професор врескав во ходник. Слушна. Меѓу училишните спомени годинава ќе ми биде и екскурзијата со соучениците. Решававме судоку по пат заминувајќи од Унгарија. Се заклучивме надвор од соба во Братислава. За малку ќе се загубевме во Прага. Сепак највивидно ќе ми останат во сеќавање доживувањата во Холандија: кога со тиммејтот дознавме дека ќе бидеме во иста соба. Покрај техничките пречки на таа ситуација си поминавме преубаво. Цимерството нè зближи многу повеќе, сега ми е еден од најдобрите другари. И во Холандија успеав да се заклучам надвор од соба, се дерев преку прозор да ме слушне цимерот и да побара резервна картичка. Ќе паметам многу забавни хотелски моменти, како кога изгравме вистина и предизвик за запознавање и лажевме ко Турци сите, кога се преправав дека спијам за да не одам на состанокот што го држеше професорката во двор, кога седевме до касно со Романците играјќи параноја, кога си донесов книги во лобито да учам а правев сè освен учење, кога во 4 сабајле тиммејтот ме тераше да вежбаме дебата а јас тврдев дека не ни треба вежбање бееее. Ни требаше. Исто ќе паметам како слеговме на погрешна станица од трамвајот и моравме да го изодиме пола од Ден Хааааг пешки. Фотосесиите пред фонтаната исто беа фини, сликите се доста хорор. Ќе паметам како цимерот ми ја раскажуваше Грдото пајче импровизирајќи. Уствари не памтам многу од тоа, бев во полусон, ама знам дека беше контроверзно. Ќе ја паметам прекрасната романска делегација, прекрасни пријатели со кои уште сме во контакт. Бев пресреќна кога еден од нив дојде во Скопје. Ќе паметам како девојчето имаше гооолема симпатија кон цимерот мој, па во 5 сабајле ја тешев додека плачеше. Малку бевме тие што не се направија дрво на вечерта на забавата. Цимерот ме разбуди кога се врати од авантурирањето, со желба да си правиме муабет, ама заспа за 5 секунди, а мојата несреќна рака остана заглавена уште пола саат. Се сеќавам дека гледав како сонцето продира меѓу завесите мислејќи си кучко помести се. Ќе се сеќавам на забеганиот Индиец и неговиот несуден краш за Романката Ема. Последниот ден ми ја даде пицата што му остана. Се викаше Свастик, го викавме Наци. Ќе го паметам и Косма од Романија, кој замина од светов удрен од трамвај, иронично, бидејќи пред тоа имаше кажано дека така умираат само глупавите луѓе. Ќе ја паметам бугарската делегација што ме опресираше цело време таму , ќе ги паметам крипи Израелците што се пуштија на сè што мрда, главно како трауматични искуства. Ќе паметам како цимерот ми го стегна капачето на парфемот што го добив од Бугарите толку силно, што ни сам не можеше да го отвори. Уште е забарикадиран, не верувам некогаш да попушти. Ќе паметам како ми прсна дезодоранс директно во десното око, сериозно мислев дека ќе ослепам тие неколку секунди. Се сеќавам како секој ден купувавме вода за пиење и на крај последниот ден реши да пие од чешма и сфативме дека не е канцерогена водата. Се сеќавам како плачев кога си го заборавив телефонот во автобус, па Набил и Биби од Индонезија ме тешеа. Си го вратив, плаќајќи 50 евра такси, бар таксистот беше фин. Се сеќавам како другар ми буквално на секоја личност што ќе ја запознаевме велеше this is ***, she's an egoistic bitch. И секако, моите единствени патриотски моменти во животот, го веев црвено-жолтото како работа да ми е. Дефинитивно бев во филм дека ја претставувам државата во светот, Олимпијада за сиромашни. Годинава беше вистински фантастична во секое поле. Веќе не знам што да кажам за 2020, се надевам дека ќе биде барем пола толку забавна како изминативе две. Ако 2018 ми ја одбележа мирисот на американските хотдози, оваа ми е одбележана од звукот на агресивното тропање на професорката на врата кога доцниме за натпреварот. По тоа, и по ужасната тик ток пародија што ја пушташе тиммејтот во соба. 2020, дај шта даш.
Вистинско задоволство ми беше читањето на постов твој. Ти посакувам уште поуспешни и понезаборавни моменти во новата 2020та година.
Ќе ја искористам можноста да бидам меѓу првите што и официјално ќе ви посака Среќна Нова 2020 Здрави, среќни, успешни и заљубени да ми бидете сите Новата деценија да ни биде најсреќна досега
Среќна Нова година ви посакувам на сите! Нека 2020 ви донесе здравје, среќа, љубов, успех и исполнување на желбите што не ви се исполниле досега. Нека биде и годината што ќе ја паметите долго, само за убаво. Бидете најсреќни!
Сакам да кажам ... Ексик нова година... Ми ги испоразбудија децава те со огномети те со телефоните. Синки ако некој побрза да ми се јави да ми посака среќа годинава посреќна ќе ми е.