Кога ќе ми текне, пред десетина и повеќе години, кога немаше Viber, WhatsApp, и слични апликации.... па ќе пуштиш одма после полноќ над 150-200 смс пораки.... па им требаше до сабајле да се испратат сите... Среќна Нова Година... имајте здравје, среќа и љубов....парите сами ќе си дојдат...
Тоа што не сте оствариле во 2019, ви посакувам да го остварите оваа година. Многу здравје, љубов, среќа, успех...Среќна нова година на сите. Нека оваа година биде ваша
Среќна Нова Година,да имате здравје ,среќа,касмет,бериќет,љубов,и секоја ваша желба да се исполни❤️ Си честитав со најблиските,и опс звони една душманка гледам и не верувам на очите,ама тоа е честитки ќе пристигнат само од кој ќе ги примите е важно.
Среќна Нова Година 2020,колеги и колешки форумџии/форумџики! Сè што сакате да ви се исполни и многу љубов,здравје и среќа!
Среќна и благословена година драги луѓе Ви посакувам здравје, љубов во срцето, мир во душата, успех на секое поле и сѐ она што ви треба во животот, да го добиете оваа година! И секако, многу побројни да бидеме
Среќна нова 2020 година на сите! Нека ви донесе многу среќа, здравје, бериќет и ЉУБОВ! БОГ нека биде пред нас а ние понего!
Среќна нова 2020 година луѓенца . Нека сите желби и соништа ви станат реалност оваа година . Сакајте , гушкајте , љубите .. Помалку расправии со саканите , повеќе љубов и дружби .
Среќна нова 2020 година. Многу здравје, среќа, успеси, љубов, мир, спокој и се што сте сакале да го направите во животот, направете го оваа година. Бог нека биде со вас каде и да одите. Нека оваа година биде исполнета со многу бериќет. Среќни Новогодишни и Божиќни празници!!!l:
Среќна нова година феминки. Ви посакувам успех на секое поле, многу радост, љубов и среќа. Се надевам дека 2020 ќе биде подобра од претходните години. Среќни празници.
Девојки и момци! Во годината што следува ви посакувам од среќа да не куртулите. Баш оваа година да биде година која ќе ви подари се она за што сте мечтаеле. Здрави, насмеани и среќни да легнувате и да се будите со насмевка до саканите. Се она што си посакувам себеси, ви посакувам и вас! Среќна нова 2020!
Решив да не пишувам планер, оти ако почнам од јануари, во два треба да го поделам. Одиме на слепо, полекце, кроце, Со мали залаци. И мали очекувања . Со длабок мир
Среќна нова 2020 друштво! Само позитивни постови да читам од вас тука и да се намалат мислењата во некои теми во Здравствени проблеми, Проблеми со снаи и свекрви, Љубовни проблеми, На срце ми лежи... Оваа година нека ви биде крај на сите маки и нека донесе светли денови на сите вас!
@Cinnamon Bun, за другиве теми се согласувам, ама за На срце ми лежи не би сакала да се намалат. На сите на срцата да ни лежат само убави емоции и љубов, па такви да бидат и постовите таму
Среќна Нова 2020 на сите мои форумски пријатели и непријатели. И тие и тие, да ве прати среќа на секое поле целава година, да остварите се што имате замислено, да ја засените претходната.