1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Добар ден фемина.
    Чекав да изветрее алкохолот, нема смисла да ви кажувам дека сите ве сакам. Ни папата не ги сака сите, ги плеска по рачињата :D

    Претходнава година утнав да изнапишам што све сра*а ми се случија во годината, и дали пораснав ко човек, ќе ви оставам на имагинацијата да си ме замислите :D
    Обесхрабрена, разочарана. Така ја завршив 2017, така ја завршив 2018, така ја завршив 2019. Се заредија мме. Нова дијагноза, со среќа да си ја носиш у животот. Исплашена.
    Ах велл...

    Се додека сме живи ќе туркаме. Тоа е целата смисла на постоењето. Да направиш или издвоиш што е можно повеќе од тоа што го имаш. Ако животот ти дае лимони, стави во кафето, ќе ти ја намали главоболката.

    Немам паметни зборови, убави мисли, интелигентни решенија. Години ко години, добро е што ги дочекуваме, какви такви. Побројни по можност, поздрави надежно, со помалку лоши денови.
    Среќна нека ви е 2020. Нека не ве води суеверие дека е престапна. Ду ес мач ес ју кен, ес лонг ес ју кен.

    Бацки.
     
    На Purplelilac, M&M, Madam-A и 16 други им се допаѓа ова.
  2. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Понекогаш морам самата себеси да си се потсетам дека не морам да го правам она што сите други го прават.
     
    На Rama, gjoker4e, hermosa и 10 други им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Единствен сум што повеќе неможам Руска салата да ставам во уста?Организмот веќе не ми ја поднесува.
     
    На Billy Idol, Jana06, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.926
    Допаѓања:
    123.535
    Пол:
    Женски
    На овој ден пред една година животот ми се гасеше.Делови од телото не ме слушаа.
    Три дена потоа мислев дека можеби е готово.
    Но,се освестив и не се предадов.
    И фала му на Бога и фала им на докторските раце што останав на планетава.
    После кошмарот се разбуди уште една посилна јас,посилна од претходните верзии.
    Си го сакам животот.
    Почнува нова година и со тоа и нова надеж за подобро утре.
    Ајде,2020,донеси нешто поубаво...
     
    На Billy Idol, Jana06, Rama и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Tokyo.

    Tokyo. Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Машки
    Срцево ми се кине кога те гледам таков.. Знам дека никогаш не бев близок со тебе ама тоа е до мене, ти си предобар дедо, сакам да ти го кажам тоа ама залудно е сега зашто знам дека не ме разбираш, едвај се воздржав да не заплачам таму ама кога дојдов дома го гушнав креветот и еве ме уште сум со солзи.. Те сакам и сакам да си подобро ама веќе на сите ни е јасно дека нема да е така... Само се молам да го поминеш периодов без болки..
     
    На sierra, Billy Idol, Dahliaa и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.364
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сфатите дека љубовта не е во бојата на косата или очите, стегнатото тело, бројката на височина, клучот од колата, марката на телефонот...е тогаш најмногу ќе сакате..
     
    На Bitter-Sweet, Billy Idol, Rama и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Под “да не ти чуе што ќе кажат другите”, се мисли и на фамилијата и другарите, како и останатите блиски, а не само комшиите и познаниците.
    Највеќе и најбитно е да не ви е гајле што ќе кажат овие првите, они највеќе можат да ве држат назад и заебат. Колку и да ви мислат добро.
     
    На tirkenbal, Rama, gjoker4e и 14 други им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Драги феминки и момци, од срце сакам да ви посакам на сите Најсреќна Нова 2020 :party: Бидете здрави и живи, тоа е најважното нешто, а потоа сè друго нека си дојде на своето место. Имајте многу среќа, љубов и успеси на секое поле во животот, бидете полни со позитивна енергија и опкружени со своето семејство и искрени и верни пријатели :hug:
    Тагата и проблемите нека останат во минатото, а смеата и радоста нека бидат присутни во Новата 2020 :sun:
    Сакајте искрено, вљубете се во нечија душа и бидете сакани :l:
    Имајте безброј магични и незаборавни моменти во 2020 кои ќе ги памтите и прераскажувате цел живот :inlove:
    Во 2020 посакувам само убави нешта да ни се случуваат на сите, на учениците одлични оценки, на студентите високи оценки и положени испити, дипломирање. На сите невработени им посакувам што поскоро вработување, на вработените поголема плата и стабилно работно место. На сите сингл да си ја пронајдат сродната душа, а на сите во среќни врски да си ја крунисаат љубовта :inlove: А најмногу од срце посакувам сите жени кои посакуваат деца, оваа 2020 да им ги исполни рацете со најубавите и најслатки суштества со најчисти срценца-бебчиња :l: :sun:
    Бидете уште долго на форумов, сите оставате свој белег на него ^_^
    [​IMG]
     
    На sierra, duffi, Herrera и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Скромноста и приземноста се одлики на голем човек.
     
    На Purplelilac, Bitter-Sweet, Billy Idol и 7 други им се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.126
    Допаѓања:
    13.393
    Пол:
    Женски
    Последно 2011 година ми беше убава година во која ми се случија доста убави работи.
    После тоа борби и стресови.
    Можам да кажам дека 2019 ми е дури уште поубава од таа.
    Толку години Нова година чекав зорле, примав и давав честитки без чуства и емоции. Толку време ја немав почуствувано новогоднишната магија.
    Иако покрај мене секогаш стоеше човек и фамилија која ме бодреше во се, но не ми беше доволно туку уште повеќе мњ иритираше бидејќи чуствував дека сите ме сожалуваат.

    Конечно оваа година ми се исполни најочекуваната желба и она другата која и не ми беше толку битна но ја имав исто како животна желба и дека мора да ми се случи некигаш во мојот живот.
    Конечно сите желби ми се исполнети останува само да сме живи и здрави и да уживаме во тоа што го имаме и да се бориме со тато за да те изведеме на прав пат сине мој најсакан :inlove:
     
    На duffi, Rama, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки
    Шегаџиите ќе речат од лани ја нема :D
    Ви посакувам се најубаво во 2020, да се радуваме заедно на многу исполнети желби и да ја продолжиме дружбата :l::l::l:
    happy_new_year_quotes_2020.jpg
     
    На Herrera, Rama, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.953
    Допаѓања:
    54.798
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека ми се допаѓа како тргна 2020тава година. :inlove:
    Само нека продолжи вака, имам чувство дека би била супер година. (highfive)
     
    На Billy Idol, Rama, marija305 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.354
    Пол:
    Женски
    одмори малку остави место и за понатака да може да јадеш. :lol:
    те читав ми се чини тебе пред нешто повеќе од година. Не се сеќавам точно на приказната ама знам дека имаше проблеми. Искрено мило ми е што тргнало на подобро. А штом кинисало сигурна сум дека ќе ја достигнеш целта.

    На сите ви посакувам да имате пред се најмногу здравје оваа година. Мислам дека ако човек нема здравје нема ништо. Се друго може да се заработи спечали направи или едноставно да се прескокне.

    Денес си го читав годишниот хороскоп на Фемина. Се изненадив. :o верувате ли вие во хороскоп?
     
    На piksooki, Rama, prominent и 4 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.926
    Допаѓања:
    123.535
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool
    Пред година ми се случи тоа,а од февруари навака пишував тука како се чувствувам поради тоа.
    Тешко ми беше и сè уште чувствувам страв,ама се трудам да го надминам.
    Ме нарекуваат сериозна на форумов,но тоа сум јас.После сето тоа решив повеќе да се посветам на некои нешта и веќе немам многу време за зафрканции.
    Според мене не е лошо човек да е сериозен ако со тоа е и искрен и посветен.
     
    На Rama, marchi-cool, prominent и 2 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.179
    Допаѓања:
    162.163
    Пол:
    Женски
    226433-Frozen-Happy-New-Year-Gif.gif
    Сакам да кажам среќна нова 2020 година убај луѓе! :party: :d: Не знам зошто по катчињата ставив гифчиња со огномет. Не ни сакам огномет. Овај најдобар поздрав е. Со Елза.
     
    На Rama, cresa-jagoda, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Уште на почетокот на годината најдобро се гледа кому му значите навистина:l:
    Чувајте ги тие луѓе поблиску до себе, само тоа е тоа што вреди:l:
     
    На Bitter-Sweet, hermosa, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  17. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Да ни почне убаво и позитивно годината, ќе ви раскажам една вистинска приказна.

    Сара е многу убаво девојче. Со долга црна коса под половина, висока, тенка и со големи и крупни плави очи наследени од мајка и. Живее со мајка, татко, сестра, брат и уште еден брат кој е неподвижен во количка. Сите се деца. Сара оваа година стана полнолетна. Убаво семејство се, културни и добри, секаде ме поздравуваат.

    Сара прво ја запознав пред веро. Седеше на ладниот бетон и ме замоли за некој денар. Од тогаш Сара ми стана пријателка. Доаѓаше кај мене дома, заедно се дотерувавме, делевме се што имав, си правевме јадења и дел испраќавме кај нејзиното семејство. Иако живееше во колиба, направена од картони и партали, Сара никогаш не се пожали и никогаш не ја симна насмевката од лицето. Секогаш ведра, среќна и насмеана и мене ми даваше воља и ведрина.

    Години поминаа после првата наша средба и сеуште се дружевме. Сара ми беше како сестра која никогаш ја немав, а јас неа најдобра другарка како што ми велеше дека сакала да ја има ама никогаш не ја добила.

    Во близина на мојата зграда доделија социјални станови. На мојата среќа и на среќата на Сара немаше крај кога дознавме дека ќе живеат таму. Станавме и комшии. Сега веќе се дружев со целото семејство.
    Прекрасно семејство, кога и да одев ме пречекуваа како најсакан гостин.
    Немој тетка Разија не вади ќе и речев ама џабе. Се што имаа вадеа на маса да поделат.
    А делев и јас. Што бирав за мене, бирав и за нив. Што ќе ми дадеа мене, ќе побарав и за нив.
    Ти си ни сега ќерка знаеа да ми речат и по повеќе пати....

    Како цел живот да се знаеме.

    Времето поминуваше и нашата дружба почна да се намалува, нивното семејство се зголеми кога го добија станот, имаше и роднини и пријатели кај нив, пошто тие се добри луѓе и на сите сакале да им помогнат и им понудиле покрив над глава, имаше и деца, бебиња, Сара се грижеше за сите и веќе немаше време за мене. Ја разбирав, а и мене ми беше незгодно да им бидам терет плус.

    Некогаш само ќе се сретневме во продавница и ќе се гушневме, ја гледав среќата што ме гледа во очите на Сара, ама разбирав се. Ништо не мораше да ми каже. Ама ми кажа. Прв пат Сара почна да ми се жали.
    Многу сме, само 4 сати спијам, цело време работам. Чистам до касно навечер,а сабајле рано одам да собирам пиперки за да имаме пари за леб. Кога ќе се вратам со мајка ми правиме ручек за сите, а после средуваме со саати. На сите им служам, а некои и не злоупотребуваат, доаѓаат само дека сега имаме стан. Ама татко ми им дозвилува и морам да ќутам.
    Ми падна жал, ја викнав дома кај мене да одмори, ама не, Сара беше верна на своето семејство. И во добро и во лошо сложно и заедно.

    Ретко ја гледав од тогаш, ја мислев секој ден и среќа и посакував...

    Вчера скромно собрав по некое пакетче и заѕвонив кај нив. Да им честитам и да им посакам многу здравје, среќа и успеси. Вратата ми ја отвори Сара. Поправена, разубавена, среќна.
    Почна да ме гушка, да ме тегне да влезам, да ми покажела нешто. Дома кај нив како секогаш гужва. Сара се бореше да се провне низ луѓето, бараше нешто да ми покаже. Оди ми рече во другата соба ќе дојдам. Седнав на креветот, Сара прво ѕирна и после влезе. Со бебе. Сара се омажила и добила бебе. Бебе со крупни големи и убави плави очи. Како мајка му.
    Среќна си Сара?
    Пресреќна! Многу сум заљубена. сакана сум и пресреќна што сум мајка. И тебе ќе ти даде бог едно ќе видиш каква среќа е. Ми рече и си го бакна бебето. Душата ми се наполни кога ја видов таква.

    Годината тргна на убаво. Желбите почнаа да се остваруваат, се надевам дека ќе продолжи исто вака убаво, секој да добие она што посакува, а сите Сари да ја добијат љубовта што ја заслужуваат!
     
    На Jana06, hermosa, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    20.567
    Пол:
    Женски
    Добро утро
     
    На Rama и prominent им се допаѓа ова.
  19. Superlejdi27

    Superlejdi27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    Добро утро,убав ден❤
     
    На Rama, Mrs.Precious и prominent им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Шо стока од народ ќе бевме за вакво ѓубре за една вечер да напраиме?
    FB_IMG_1577965054622.jpg
    Брука сме.
     
    На Moon.Girl, candy.cane, Rama и 6 други им се допаѓа ова.