Јас кога сум нервозна, ја истурам нервозата на секој, само не на тој кој ме изнервирал. И после ронам солзи бидејќи знам дека не сум во право.
Леле, ова ме потсети на нешто. Јас на диета, прегладнета. Прв час - втора смена - географија. Мислам на храна. Доаѓа професорот носи КАРТА НА МАКЕДОНИЈА, онаква испапчена. Не ми замерувајте, не знам како се вика, онаква нерамна. Ја гледам картата, замислено ги гледам зеленилата. Ми се смешка зелка салата. После некое време, од кафеавкото никна пилешки стек, понекаде некоја издеформирана боја, што ми наликуваше на мноооогу ЗАЧИНИИИИ. Се топам. Оооп, го гледам Охридско Езеро - ќе има и сркање супа. После ја гледам Пелагонија - КОМПИРЧИЊАААААА! Таква прекрасна текстура, то нешто невазможна. Mи идеше да земам, да почнам да ја гризам картата. Лиги ми течат. У себе си викам - дааај ѕвони, не можам више. У себе си викам: ЕЛЕНОООО, СВЕСТИ СЕЕЕЕЕ. Хартија ли ќе лапаш? Едвај се повратив у нормала. Супер сум иначе, фала на прашање.
Тој што ме е*е на здрав памет и ми брише мислења, а воедно и рашетува по темиве да се чудам како се нашле таму.... го поздравувам. Нека ми го премести сега мислењево во СП
Посебен круг во пеколот за оние кои викаат-Како не во кино ке глеам филм коа можам дома за без пари на компјутер да го глеам! Никад нема да успеете да го споредите чувството во кино со пуканките во рака пред големото платно со безживотното чмаење пред лаптоп у кревет.
Уф, конечно дојдов до воздух. Одамна не сум се смеела вака. Со другарките како пијани се кезевме по улиците. Комшиите ќе имаат тема за разговор деновиве. Важно убаво си поминавме. Ме боли стомакот од смеење. Полека, полека се претворив во „големите“ кои од 1-во до 5-то толку ги презирав. Изгледа беше добар избор што го испратив старото друштво, кое сакам да го нарекувам МРО(Мрчаторска Револуционерна Организација), во станица последна. Татко ми е тотално ненормален. Има хоби да шета по кровот на куќата. Онака, опуштено, со некој „фак оф“ израз. Денес се искачи на врвот од оградата на терасата за да набере кајсии. За малку не падна. А ако паднеше последно ќе му беше. Па си слезе весело со зрели кајсии во рацете. Мислам дека мајка ми ќе си умреше кога го виде.
Моментот кога си дома со слушалки во уши и цело време потпрашуваш „рече нешто?“ мислејќи дека некој те вика...
Посебна песна се слушалките, особено кога некој ти збори, додека ти се на увце, па ти онака троа Паваротски му одговараш, мислејки дека тивко збориш
Леле бе,прееска сум задремала на каучот онака ненадејно и сум си терала 2-3 саати .Мајка ми иде и ме буди вика станубај ајде.И првото шо помислив е КАЈ СУМ БЕ,КОЈ ВЕК СМЕ оно 8 саат да ти биди.
Љубовта испишува редови брише траги и одново создава крши и лекува боли и заборава трае и завршува Попладне е,секогаш ги среќавам во ист автобус,тие не ни знаат дека им кројам приказна,таа секогаш е до него, стари се,ги измачиле деновите,ги троши времето,тој не гледа со едното око а таа му е две.Го гледа со бескрајна нежност и ми се чини дека некаде длабоко во неа се сеќава на времето,нивно. Денес знам дека времето не успеало да ја избледи и потроши нивната љубов како што прави со нивните тела.
Се чуствувам премногу празно, деновите како да не поминуваат,секој ден станувам со мислата уште малце ке дојде, но тој ден како никако да дојде, најтешки се ноките кога малата ке заспие, најпрво се одмораш психички од целиот ден сите обврски и тишината ти се причинува како најголем пријател, но по некој час подоцна се чуствуваш толку празно во неа чуствуваш пецкање во срцето еден дел фали од тебе, како да бидеш целина кога тој дел е далеку.Посакуваш да заспиеш што побргу едноставно да не се чуствуваш осамена немајки некој да размениш некој збор, една прегратка, бакнеж....Добра нок феминки
Само кога ќе пуштиш некој да замине, само тогаш ќе научиш и разбереш колку многу си го сакал.. Тоа се случи со мене.. Кога го изгубив сфатив колку всушност само јас сум го сакала. Сфатив дека никогаш порано не сум знаела што е љубов, ниту пак сум слушнала. Во моментот кога го изгубив, во моментот која му ја пуштив раката и кога го ставивме тој крај сфатив колку многу ми значи. Се се смени. Веќе го немаше неговиот глас, веќе немаше гласно смеење.. Веќе ништо немаше.. Во тој момент, кога првата ноќ ја поминав без него и неговиот глас сфатив колку многу ми недостасувал и колку многу сум била вљубена во него. Од помислата дека тој секогаш ќе е мој, не сум забележала колку многу сум го сакала. Во ноќите кога останував потполно сама, знаев да се загледам во празниот ѕид. Гледав и мислев на нас.. Мислев на него.. Каде е и што ли прави? Си мислев дали можеби мисли на мене? А јас сеуште го сакав.. Секоја ноќ седнував така исто загледана во ѕидот и само ја чувствував болката во градите и солзите низ моето лице.. Го сакав.. Но јас не го пуштив да оди.. Еве го, во моето срце е.. Таму живее.. Тој, неговите плави очи..
Мн мразам она кога се сликат по пижами, хаштаг уживаме (и 1000 срциња, бацовки и нз шо др) Ејј жими све? Ств уживате? НЕ! Чекај да разјаснеме некој работи! Уствари ви било супер дупер досадно и сакале сте да се исфалете дека сте на некое место или со кој сте или шо правете, демек повеќето мн не интересира тоа и после сликата не сте зуцнале ни збор, како повеќето “уживања“ шо јас имам мало учество! Или па една, по тренерки, сликана целата спорски спремана ова она, и кило шминка у суратот! Абе ајде! Да не знеш дали насвадба трча, или трча за да го намале тај стомак -.- Бтв убаво ми почна денов! Таман се истуширав, иако немаше мн притисок, ама си ај измив косата и накрај со кафе ја полив бе И шоубаво ми е сама дома, можам да си се шетам само по пешкир, или по долна облека https://www.youtube.com/watch?v=X10xr96RzQI Немоам да и се инаслушам Може за мене ќе да е тој наслов, дека јас сум таа шо не се шминка за трчање и не се чекира
Сестра ми го користе мојот профил на фемина http://forum.femina.mk/moda-i-stil/nosenje-stikli-za-polumatura-t12521/150.html#p2107624 во оваа тема напишала мислење.Логички е јас 16 години а ќе имам полуматурска. П.С не знам дали мислењево е за во оваа тема не знам во која треба
Луѓе само сакам да ви дадам еден совет од мое лично искуство... Ве сакам сите и само сакам да ви помогнам... Психата ме разболе и психата ме излечи... Не верувајте и многу на вашата психа бидејки можете многу да страдате. Се случи да имам болка во одреден дел од телото може и од промаја било може и од било што и јас се внесов во тоа дека има нешто па затоа ме боли, правев неколку снимки ( се работи за рендгенска снимка ) и на снимкат имаше нешто се гледаше но не се знаеше што е , јас западнав во депресија , мислев на нај лошото и секој ден се повеќе и повеќе осеќав болки и имав и отоци и што веќе не. Отидов на специјализирана клиника ми направија целосна снимка. Кога ја погледнав внимката и кога видов дека нема ништо болката моментално исчезна од мене , отокот се тргна, престана да ме боли и знам дека сум здрава. Се е до психата и тоа е многу лоша работа. Кога ке осете некоја болка , ставете си во главата декка е од настинка , од удар од промаја од било што само не умислувајте се дека сте болни и болката ке исчезне... Од мојата психа многу проблеми си направив , многу патев. Ако некогаш имате некој проблем посете веднаш лекар , не дека мислите дека нешто имате туку да се уверите дека ништо немате , да се смирите самите себе а со тоа ке се смири и она што предизвикува да се осеќате така... Ова ви го кажувам од срце бидејки можете многу да си наштетие како што јас си го направив тоа. И ако се има некој проблем знајте дека секогаш за све постои решение. Јас сум среќна што мојот голем здраствен проблем го надминав , сега сум здрава среќна, весела... Верувајте во она што сакате да сте...И сигорно дека ќе бидете
^^ Научниците забегуваат дури до таму што тврдат дека психата може да излечи и рак, односно ако болниот секој ден се убедува себеси и другите дека е здрав, има позитивни мисли, си вели дека не е болен, дека му е добро и има енергија, дека ќе се излечи. Ова ми е веројатно кај некои помали болки, но кај тешки дијагнози не. Психата делува на се, а тоа се е нашето здравје. Баш вчера накај дома, начекав еден разговор во автобус. Женава била сестра во некоја болница и некоја стара пациентка цело време се жалела на глава, на притисок итн. и една вечер и рекла - сестро дај ми апче ме боли глава ќе умрам, а сестрава бидејќи не смее на своја рака да и даде лек, и дала бонбонче, тик-так мислам дека рече, ама не е битно. И дала две ситни бонбончиња, бабава ги испила и легнала да спие. Утредента и рекла-леле сестро фала за апчињата, ноќеска спиев како бебе, друг пат па да ми дадеш.
Боже, што нема во светов... Водителката ептен невина, кутрата што мака ја снајде. Нема веќе срам за ништо, изумира и овој поим. http://www.youtube.com/watch?v=cd2thXCuCEI