Еден од поголемите стравови кога станува збор за планирање на иднината, формирање семејство е ставот околу тоа дали ќе сакаме или нема да сакаме да имаме деца. Всушност од една страна рано ми е за ова да мислам, прво факултетот да го завршам сакам. Ама од друга страна ако после години врска се отворат вакви спротивни ставови, би се осеќала дека залудно сме си трошеле време еден на друг, дека не сме биле еден за друг и покрај убавата врска. А од други луѓе, вакви зборови слушам уште од сега. Ајде завршете факултет со дечко ти, земете си се и напрајте си едно-две дечиња. И тоа со дел од овие луѓе се согласувам во се' освен на оваа тема, иако им немам кажано директно дека можеби не сакам да имам. Па и либе го замараат уште од сега со муабетиве - обавезно дечиња да имаш, деца се од бога, деца се благослов. Од култура мораш едно мрмлаво ахам фала да речеш иако во себе ти доаѓа да ги отераш у три лепе. Или понатаму да се венчаме па прашањата има ли нешто? Колку време пробувате? Маж ти да не е неплоден? Почесто тресете го креветот и ќе биде (и ваква реченица имам слушнато за друг пар) Или пак ете, завршуваме факултет, финансиски и покрив над глава сме обезбедени и доаѓа моментот кога сите што очекувале деца да имаме (иако не е нивна работа) ни вртат грб зашто сме биле себични, родителиве наши ќе заминеле од светов без да дочекаат внуци, нас ќе немало кој чаша вода да ни подаде на старост. Па одма тука ми ги редат по список сите добрини што ми ги направиле и тие и родителите а јас и дечко ми/маж ми вака им враќаме, да не сме сакале деца имаме, да не сме сакале внуци да им подариме на нашиве. Па како аргументи вмешуваат тука и биологии, па како секое врапче, куче, маче гледале да остават потомство, така требало и ние. И познавајќи луѓе кои навистина имаат вакви ставови, сигурна сум дека ако се одлучам сигурно да немам деца, тие ќе ми свртат грб,, ќе ми заборават и име и лице, иако јас не би им го направила истото, ама ако така сакаат, нема да ги молам. Можеби ќе посакам да имам деца, не велам не. А и кога би дошло тоа прашање, би одлучиле заедно со либе. Прво со него дали сакаме или не, дали сме спремни или не. Ако двајцата сме океј со една заедничка одлука, другите се небитни. Ама уште од сега полека се оддалечив од одредени луѓе кои знам дека во иднина би ми ја пукнале главата со ова и кои всушност веќе ми зборуваат дека оние што чувале кучиња и мачиња се пореметени и себични наместо деца да шетаат. Дури од една личност добив одговор - поради тоа ваше модерно денес не сакам деца, не сакам брак, да знаеш сами ќе останете, без никој. Ти и маж ти, празна куќа, нит луѓе ќе ви идат, на старост нема ни внуци да гледате. Следно на вакво одговарам дека долнава ме заболе и ако сака да имам деца нека дојде да ми го направи. И знам дека можеби не ми мислат лошо, но се' си има граници. А ако некој ми доаѓа на кафе и ми прави муабети зашто сум родила дете, ни тогаш не ми треба.
Секоја нова година и празничен период ги очекував со огромна еуфорија, сега мислам дека се претворам во the Grinch. А оваа, како и многу пред неа, почнува со планови и желби за подобро, завршува со разочарувања и нови надежи. Не чекам повеќе ни нова година, ни први во месецот за да си ветам дека ќе бидам повеќе, ќе почнам од моментов. Ви посакувам на сите да го остварите она што одамна сте го замислиле.
Ќе доаѓала некоја Луна Џогани во некој кафич. На секој кој ќе се сликал со неа му следела поклон книгата ИДИОТ со потпис од авторот Достоевски.
Среќна нека е новава година! Убави празнични денови се пред нас. Нека ви минат најубаво, во љубов и хармонија со најблиските. И во духот на празниците, да не ги заборавиме помалку несреќните од нас. Прескокнете денес едно кафе, една кутија цигари и донирајте ги тие пари на некому чиј живот зависи од нив! Среќни празници!
Денес конференцијата доживеа фијаско. Почна со културна интелектуална дебата, и никој не претчувствуваше дека може да кулминира во ваква ерупција. Не знам кој од луѓето прв ја поведе темата, само помнам некој меѓу мнозинството тихо рече ,,време е да се промени власта" ... и за две минути од таа култна реченица настана комплетен хаос! Како во штаб. Немам никогаш отидено во партиски штаб, ама ситуацијата денес наликуваше на нешто што таму би се случило. А не беше темата за политика, стварно. Баш се одбра нешто ,,лагано" и празнично..ама не, зошто да е лагано кога може да е комплексно. Шармантниот дечко со краватата, елоквентен, добар и умерен кој ми се допаѓаше извесно време, се покажа во едно сосем поинакво светло. Од прекрасен речник од кој цветаат рози, прерасна во првокласно сељачиште при одбрана на своите ставови. На крајот летаа столчиња и маси, па обезбедувањето мораше да интервенира и повика засилување за ситуацијата колку - толку да се смири. Размислувам само..колку едно пламенче знае да покрене цела лавина емоции. Среќа никој не беше повреден па нема медиумски да се влечеме, зошто само уште тоа фалеше. Катастрофа, не можам да верувам. Е да, ми отиде јабана и сексуалната фантазија со дечково. Налет политика.
Денеска е роден човекот кој ме створил,кој ме направил,тој човек се вика Татко,нека е здрав и жив,и све што сака да му се исполнии.Среќен роденден Татко
СДК дека, многу знам на други да им кажам како треба.. Ама за мене ко ќе дојди, ништо од тоа што знам, не применувам. Срамота.. на 40 и кусур уште да немам научено. Немојте да бидите ко мене!
Годинава се враќам за да бидам форумџика на 2020та и да добијам одмор на Малдивите. Џаст вејт енд си. Само прво да извадам ноктиве оти сум неписмена со нив. Среќна Нова, познати и непознати другарице и другови!
Uf... Prva godina sum sama za bozik,tolku se osekam prazno i bedno Ali pa deckite se srekni, deka se spremaat za kolede Ali sepak fali tato doma...
Најпродуктивна сум кога никој не ми врши притисок да работам. Најубаво ми е кога имам доволно време, желба и слобода за да се внесам целосно во тоа што го правам. Тогаш сум незапирлива. Затоа никогаш не оставам ништо за последен момент, брзањето и притисокот би значеле пропаст.