Заради загадувањето постирав... А војна нема да има.. Како што го 'ослободија' Ирак, ќе го 'ослобиодат' и Иран
И како и секогаш оваа лекција никако да ја научам. СЕКОГАШ,БАРАЈ ПОВЕЌЕ ОД СЕБЕ ОТКОЛКУ ОД ДРУГИТЕ. СЕКОГАШ, ОЧЕКУВАЈ ПОВЕЌЕ ОД СЕБЕ ОТКОЛКУ ОД ДРУГИТЕ.
Многу се изнервирав ама се уште размислувам дали сум во право. Владата донирала 6 000 000 денари за Австралија. Не дека не е ок тоа ок е. А за маливе деца што треба да се оперираат??? Секогаш ќе собираме евро по евро??? Пак ќе кажам. Не сум против тоа се е ок ама што е со Македонците? Што е со маливе дечиња па и постари мајки татковци за кои се донира? Кај е владата? Владата ми е огледало на просечниот македонец. За пред народот ќе купи скапа кола, а дома нема да има леб да јаде.
Сакаш да кажеш дека донираме за после и нас да ни донираат? Или што ако на Австралија никој не и донирал сега?
И еднo и другo. Мoже е прoпишaнo дa мoрa дa се дoнирa, сoрaзмернo сo буџет или штетa или штo јaс знaм, штo е и прaвилнo.
Залепи ми нешто на тоа BJ со самлеплива, јас така и ги кријам Фрозен и компанија на ќерка ми од разни играчки пошто не ги сака.
Јас сфаќам зошто се буниш ама тоа и не се толку многу пари за една држава. Колку се тоа, 100-тина илјади евра? Не зезај, врбине у Вардар се поскапи. Во Македонија има пари, многу повеќе од што мислиш дека има. Проблемот е што мнозинството нема пристап до тие пари.
@Bridget Тешко прашање. Не знам како да одговорам бидејќи според мене на Македонија секако и е случена катастрофа и треба некој да донира. На пример во случај на пожар и да донира некој претпоставувам дека барем 50% ќе останат во џебовите кај што не треба донација. Мене ми е зошто не донира Владата еве на пример по 10 000 евра за секое мало дете за кое итно е потребна операција? Зошто не донира за мала куќичка за секое семејство што живее без услови? За во една болница ходник да направат една година ќе се собираат седници бла бла, а сега како од одма имаат 6 000 000? Знам дека делови од муабетов можеби немаат логика и имаат некое поголемо објаснување ама немам време и пишувам во нервоза.
Гореше Амазон,народов одма се потресе,сега гори Австралија,одма потресен. А,кај беше народот кога гореа нашиве шуми минатово лето? Кога за сопствениот двор не се грижиш,не треба да коментираш за туѓиот.
Потресен, донираше, загрижен за државата, лут на владата, чекаше касна есен и рана пролет за да пошумува. Не намалвајте вредност на ова шо се случва. Па особено не намалвајте вредност на ова шо се случи во Амазон зошто сега ќе почни да не вари Земјата зошто сме копита невоспитани и не знајме да се грижиме за неа.
Секако дека и тоа има влијание на планетава,ама пресмешно е што некои се бунат за пожари во странство со срцепарателни постови на форуми и социјални мрежи,а никаде ги немаше кога гореа делови од државава. Да им беше гајле,ќе се собереа пред владата со барања да се стори нешто. Десет-дваесет души немаат моќ.Треба цел народ да се буни.
Не сме невоспитани и негрижливи, деструктивни сме и лакоми. Не јас и ти лично, ама тие што ги носат одлуките- дали да се гради или да се сади. Донации се исто толку безпредметни, како кога ќе му изгори на некого куќа а ти ќе му донираш лажица, ама ајде, демек таков е редот. Интересни прашања се поставуваат: https://www.theatlantic.com/science/archive/2020/01/only-way-confront-australias-wildfires/604546/ Можно ли е, Грета да е во право, а Трамп во криво?
Вчера ми беше роденден па, каснам со частење. Да сте здрави и живи сите. Само убавини да ве следат. А ова е за вас :