Према мене: да, да, да! Само зошто е дете не значи дека не е во право. За жал донации не прат многу ама некогаш од далеку то е се шо можиме при власти на кои не им е гајле. А каде ти тоа знајш? Можи беа пред влада, можеби пошумуваа изгорени предели. Полесно е да напрајш акција ако нешто ти е дома, а полесно е да пратиш порака со сочуство за нешто шо не ти е дома.
Од каде оваа презумпција дека не ни било гајле за пожарите кај нас? Многу ми е непријатно да кажувам лично што правам и како ама веќе кога почнавме да го доиграме орото. Еве јас ти кажувам дека лично се јавив кај членка што е од Велес и ја прашав што и како и одма и кажав ако надвор има чад да дојде кај мене дома. Слободно може да ме демантира ако не е така. Кога беше поплавата у Стајковци може не отидов лично да копам кал, ама донирав безжичен полнач за да се јават луѓето на најблиските при потреба, однесов еден куп производи за хигиена, шампони за суво бањање и слично. Бев на протест за загадувањето. Почнавме дома шишиња да ставаме во посебна корпа, купив и платнени ќеси. Вие до кај сте? Најлесно е да покажете со прст и да речете дека сме хипокрити кои само мелат на празно, ама вистината е дека не знаете кој све што прави. Да, имаме право да напишеме дека тешко ни паѓа што толкава штета се направи. Имаме право затоа што и еден човек да сме го убедиле да не фрла ѓубре секаде е успех. Не сте ми јасни стварно луѓе, како може да ви смета што некој има емпатија и чувства за таква катастрофа.
Супер што ти се грижиш. Но,има луѓе кои ги следат таквите ситуации и приметуваат дека кај поголемиот дел од народот нема интерес да се стори нешто поголемо. Протест со 20 или 1000 или 2000 души не решава ништо,треба многу поголема бројка. Кај знаеш дали на некој му смета? Јас такво нешто не пишав. Мене не ми смета што некој е погоден од катастрофите во странство,и мене ми е жал. Но,сметам дека прво треба да си ги решиме домашните проблеми пред да бидеме кадарни да коментираме за туѓите. Зошто не им текнува да се соберат и да им викаат на политичариве да ги пратат болните деца веднаш на операции? Или поради пожарите во земјава? Ама,не изговорот е дека ќе ги избркаат од работа. Блазе си им на оние кои се бунат,но малку се.
@nextredstyle а ти правиш ли нешто за подобрување на ситуацијата? Идеш ли на протести, помагаш ли некако на тие што имаат потреба од помош? Или само на форумов пишуваш и наоѓаш маани за се и сешто? Има луѓе што прават многу, помагаат и донираат, одат на протести и се борат за подобро утре. Ама не се истакнуваат, не пишуваат за тоа и не плукаат по другите. Гледај ти да направиш нешто, а не што и дали прават нешто другите. Тоа со дворот што го пишуваш, примени го на себе прво.
Само кога има човек блиска средба со реална можност за загуба, за жал, дури тогаш почнува навистина да го цени она што го има. Тажна човечка вистина од која се учи важна лекција. Но се отвораат и сосема нови хоризонти. Прво испит, па лекција. Навистина така одело тоа во училницата на животот. Никогаш, никогаш веќе нема да си го земам здраво за готово она што го имам.
Она кога некој ти соли памет како да го живееш сопствениот живот, ти укажува каде грешиш, за што те бива или не те бива, ти кажува дека и во последните си последен, а ти го игнорираш, само што овојпат не вриеш во себе и не се нервираш за туѓите фрустрации
@ivi1987 Да,нешто правам,ама 1,2 и 22 немаат моќ. Само не ми се допаѓаат постапките на некои луѓе. На интернет ги критикуваат владите и жителите на Бразил,на Австралија и секаде каде што има пожари,само за нашиве нема некоја јака критика. Ѓубре има на трева,надвор од контејнер,куп фрлени цигари на земја,често и недогорени пикавци,никнуваат диви депонии... И во државава секоја година има пожари.Прво тоа треба да се реши оти ни е во татковината. Политичарите не прават ништо затоа што народот седи. Да излезе над 80 или 90 посто од народот на протести,можеби некој ќе се разбуди. Вака со 20 или 2000 присутни на протест никој не се замара.
Греота е бе на 48 мегапиксели камера на телефон, после сликата преедитувана со ХДР скејп, острина и боја на најако и слични филтри небаре цртан филм направена. Очобол.
На сите ви посакувам да си најдете другарка која мести аларм за да ве потсети да си го испиете антибиотикот на време.
Сакам да ги разграничам работата и приватниот живот. Не ми се учествува на измислен тим билдинг и after work. Да бидам искрена, дури на нерви ми одат тие концепти. Тврдам дека повеќе од пола со сила се влечкаат на тие собиранки ,, само зашто така треба''. Не гледам ништо убаво во тоа човек сосема да ја изгуби границата меѓу приватното и професионалното.
СДК немој да пиете бадемово млеко. 1. Не е тоа млеко 2. Пчелите угинуваат за да го произведат пустото, оти зголемена била побарувачката 3. Ако угинуваат пчели, како може да е здраво https://www.theguardian.com/environment/2020/jan/07/honeybees-deaths-almonds-hives-aoe Кажете им и на другарчињата.
И овој ден е еден од многуте, во кои се чувствувам вака никакво, и си се мразам себе си... И овој ден е еден од многуте, во кои по цел ден сум на нервна база, и ништо не ми се прави... И овој ден е еден од многуте, во кои сакам да побегнам некаде далеку од се, само јас и тој, никој друг не ни е потребен...
Сакам да кажам дека вчера заспав читајќи. Не беше ни нешто интересно, копав на интернет за да проверам информација и заспав. А, цело време си велев "Види ... Блиску си... Не се... От...*зевање* откажвај..." И не памтам ништо шо читав така да добро утро!