Значи, шо да праам таква сум. Многу сакам кога се ќе ми испадни по планираното. Тешки на сите така да им испадне Лел, многу сакам промена Сакам природа, шетање со љубовта, која се надевам, ќе ја добијам за брзо, сакам мирен, тивок живот мир. Барем сега тоа ми треба. Ми треба љубов Убав сончев ден да имате!
@theowndemon Од истиов психијатар имав понуда да поразговараме во врска со анксиозноста Благодарам за љубезната понуда, но се надевам дека прво ќе си ги реши своите issues
Oh jeez ... Арно затворив сандаче, само то ќе речам. Инаку не знам дал е некој спремен да реши мој проблем. Егзорцизам не е лесна работа. @prominent @GirlLove Ама ептен се смеев кога ме запрати оти беше како "Психијатар те заследи" и онака се вртиш зад тебе и се прашуваш дали ова уствари е реалноста?
Сакам да кажам те сакам и не се откажувај не е се црно, сама си ги боиш мислите. Можеш ти, способна си верувај во себе не запаѓај така лесно во темнината кога ти си светлост мила моја. Ти си зрак што грее ти си топлина што ги крши мразовите среде зима. Ајде сега земи ги четките за боење и обој го тоа кое сакаш да го смениш, кое сакаш да го додадеш и бој ја реалноста зошто само ти го можеш тоа. Одбери ги најсветлите бои и почни не запирај додека не го трансформираш сивилото во тебе. Ти си кокиче ја наоѓаш топлината и во најстудените места, ти си најсветлата ѕвезда на небото. Го носиш целиот универзум во тебе ти си чиста љубов. Колку пати и да паднеш ,стани исчисти се и продолжи напред. Лав јурселф!
Тој што донира, протестира и се грижи за подобрување на општеството... донира, протестира и се грижи за се'. Еден проблем, не исклучува друг.
Најиритантен збор на денешницава ми е - Лупа. Може поради тоа што го користат во контекст како "лупање врати". Бљак
Инспирирана од темата иритантни зборови, морам да си ги кажам и моите Се ежам кога слушам т. н. business/corporate English. Сфаќам дека е потребен ама некои претеруваат со жаргонов. Многу зборови а малку смисла. Многу се зборува а ништо не се кажува. Куп зборчиња спакувани во убава обвивка а во нив ништо суштинско: team player, improving your skills, thinking outside the box, game changer, proactive... итн итн. Посебно па кога кај нас ги употребуваат... Не, не звучите попаметно вака.
Ме натеравте да гуглам за камилите во Австралија. Мислам, не знам што да мислам. Уште да ми кажете дека колонизаторите донесле и слонови. Не бе, ич нема импакт врз планетава, човековото делување на планетава. Све је отишло у Хондурас уште одамна. Ај после не биди мизантроп. Човештвото водено од краткогледи интереси, континуиарно си ја сече гранката на која седи, па сега ај и во вселената да тргнеме нешто да заебеме, пошто овде веќе заебавме малку повеќе одошто требаше. Ај баш, дајте ми власт на еден ден, да видам дали е до власта/ моќта што корумпира или до домашното (не)воспитување. Бтв. ако не ме заследил Психијатар, значи тоа дека сум психички ок?
Абе кога ќе се научите да ги враќате позајмените предмети на време? Па уште и увреџени ќе глумите За пари и да не правам муабет, пари немам за позајмување, ама имаше и такви времиња кога ќе дадев па после морав да се срамам да си ги барам назад, оти не им текнуваше да ги вратат, ама важно имаа за нови шминки и облека да купат Тешка работа е недомаќинството значи
Пред некој ден гледав некој квази документарец, емисија, којзнае што беше, во која се дискутираше за законот на привлекување. Во суштина ја зема мислата како движечка сила за се што ти се случува во животот. Според ова, доволно е да мислиш позитивно и да ги насочуваш мислите кон тоа што го сакаш, и voila, ќе добиеш што сакаш. И ми текна на вицот со типацот што чекал да му падне на лото, а да играше еднаш барем? Не дека немаше некои издржани точки, особено делот каде зборува дека човек мора да се осознае себеси и да се сака себеси за да знае што точно сака. Е, дечки, тој дел малку ме сјеба, пошо појма немам што сакам бе, малку и грдичко ми дојде дури, да не речам тажно. И еве сум, седам тажна, со некое чувство на анксиозност и се мислам, што прават другите кога се осеќаат вака?