Zasto ne moze denot da ti pocne so dobro, pa taka i da zavrsi. Bas mi pocna zeznato godinava. Se nadevam nema dolgo da me prati malerov
Ме полудува фактот што не можам да си го контролирам телото. Свесна сум за сѐ што се случува, а не можам да направам ништо, никако не можам да ги сменам овие работи. Само чувствувам болка, во секоја точка од телово, цело време. Не можам да јадам, уста не можам да отворам, ми се гади при помислата на храна. Дури и забите ме болат кога ставам залак во уста. Не можам да се разбудам, како во кома да сум. Цело време сум будна и свесна, а не можам од кревет да станам, ни очи не можам да отворам. Не ми е јасно што ми се случува и не сакам да е вака, ама не знам како да си помогнам себеси.
Ги знаете оние луѓе кои цело време цркаат по социјалистичким мрежама како луѓето само за другите гледаат, ане за себе, како они ќе си живеат како сакаат, другите да не им берат гајле, дека цело време некој ги осудува и будно им го следи секој чекор - од комшии до маалските кучиња? Епа тоа најчесто се луѓе за кои никој кур не го боли.
Полека но сигурно се дистанцирам од Интернететот и Форумот,сепак ке прекинам да следам,и пишувам.Доста е веќе,што повеќе читам жалости,плачки,тага,толку повеќе и јас добивам мотивација за депримирање,не сакам лошо да ме сватат луѓето што си ги искажуваат маките,и дека треба да прекинат ради мене,далеку од тоа,само лошо све влијае на мене. Периодов се тестирав,што повеќе позитивни работи наоаѓам толку ми е подобар животот,што повеќе читам лошо,толку повеќе тагувам и тонам. Фала на сите за разбирањето
Знаеш како велат ако сам не знаеш да си го направиш животот поубав никој нема наместо тебе тоа да го направи. Прави како ти чини лично тебе, ама без твоето кафе и убави фотографии попразни би биле некои теми на форумот
Сум била на многу први родендени во животов, секогаш сите сме биле среќни и разиграни...а детето преморено на крајот. После денешниов сум повеќе од сигурна дека ако некогаш имам дете, нема да му славам прв роденден. Наместо тоа за втор роденден ќе направам голема журка и за децата од јасли и за родителите, роднините и пријателите.. Барем ќе можат да одат и трчкаат до тогаш и нема да им излезе душичката..како го гледам малиов, ми изгледа како измачување
Од сите песни на светов, има само една што никако, никако не сакам а ми се чини и не можам да ја слушам. Ја слушав во еден многу лош период од животов. Ме потсетува на сивило, самотија, страв. Ме потсетува на старата јас, изгубена без никаков патоказ. Пред некој ден ја слушнав на радио. Посакав да ја сменам станицата, да ги ставам рацете на уши, звукот како да ми предизвикуваше физичка болка. Спомените се вратија. Спомени, само лоши спомени, тоа е минато, си помислив. Ја дослушав песната до крај. И се насмевнав бидејќи го пребродев сето тоа. Посилна сум од порано. Нека биде тоа само еден лош период, лоши денови од минатото. Ништо повеќе.
Се молат жените да не се дигаат многу у облаци и да зборат муабети од типот "Абе слушна дека Петко си ја крстил ќерка му како биФшата"? Не се прајте многу фем фатал пошо ако мене биФшата ми се викала Лимонка и ќерка ми така крстам не значи дека е поради биФшата туку дека името ми се свиѓа. Ајт.
Потполно си во право,и затоа решив сам да си го направам животот по убав.Ти благодарам на убавите зборови,и мене ке ми фали форумот,но во некоја наредна прилика,ке се приклучам пак.
Убаво утро, уште поубави вести. Мирис на свежо мелено кафе и препечени лепчиња со кајмак. Читање на книгата и разговор на чет со едно мило суштество. Имајте убав ден.
Една од малите работи кои остануваат некако во заборав и не им се посветува доволно пажња е комшиското делење на храна. Го знаете она, кога ќе направи комшиката некое благце или специјалитет и ќе ти подаде во тањирче, па после ти ќе ставиш нешто внатре, оти празно тањирчето не се враќа. Моментално пијам компот од вишни, тегло подадено од комшиите со зборовите: "да го пробате како се погодил годинава". Лани ги имав неколку, од различни овошја, годинава само две, од кајсии и вишни. Како тргнало, догодина ќе немам ниту едно... Оваа традиција полека, но сигурно изумира, посебно во Скопје каде што ниту не знаеш кои ти се комшии. Жално е колку сме оттуѓени и се повеќе се оттуѓуваме.
Не не прави подобри луѓе добивањето колку давањето. И да добиеш љубов од некој, ако не си спремен ти да сакаш, таа љубов нема никакво значење. Тажното е, што многу луѓе очекуваат, се надеваат дека некој ќе ги сака, ќе биде покрај нив, а ниту еднаш не се запрашале дали нивното срце е отворено и спремно да даде. Ако не е, тогаш и кога ги сака некој се несреќни. Потрагата по нешто, од нас самите почнува. *Недела, досадно ми е, ја барам смислата на животот додека чекам паркетов да се исуши, јебало ме семе синапово. Имајте убав ден.
Јас: Конечно сум сама конечно ќе спијам, пак. Брат ми: И јас не одам со мама и тато ќе седам со тебе. Му нагласив дека нема да му бидам дадилка. Ми рече голем е, не му треба дадилка. И денес сум ненаспана оти сум дадилка. Ама барем го научив да клава дрва в оган. Барем малку. Ми вика дека сум била храбра оти ставам рака внатре. КАКО инаку ќе ставиш дрво в оган?
Јас имав професор што ни кажуваше дека сакал ќерка му да ја крсти како бифшата баш зашто му се свиѓало името ама жена му не дозволила и се налутила па ставиле друго име.
Болни сте стварно, болни од тоа колку политиката ви е навлезена во сржта на секоја клетка. Се бистри политика во политички теми, се бистри политика и во СДК, и во општите теми, и во образование, па дури и во насмевка најхехенце слики ви се тие со политичка содржина. И ќе отвори некој тема од забавен карактер демек ете да се опраи малце негативава и секојдневново мрчење на форумов и и таму ќе се најде некоја исфрустрирана персона да кажува дека некој незаслужено отишол на Европско првенство. Од се' има бегање, ама од сопствената огорченост, никогаш.
@Purplelilac, кога е исполнет човек со негативност и огорченост до даска, мора да најде место и начин за да го истури тоа. Жално е што повеќето не бираат ни место ни време за тоа. Опседнатоста со политика е само рефлексија на мизерната состојба кај нас. А и на сеирџискиот менталитет, што се плашам дека ќе остане таков дури и ако, по некое чудо, се оправи ситуацијата.
Утре ќе биде или најлошиот или најдобриот ден што некогаш ми се случил, или мешавина од добар и лош. Не можам да го издржам овој rollercoaster од емоции. Уморна сум..