Сакам да кажам дека спокојот и чистиот образ не се купуваат со ниедни пари на свет. Кај моите сме на поседок. Утро во мирис на пржени лепчиња, планински чај, какао. Ќерка ми му подава дрвена боичка на татко ми, тој ѝ црта пиле. Па глувче. Таа се смее. Јас си молчам и ги гледам. Сѐ е онака како што треба да е. Попладне ќе замесиме пита, по моја желба со праз и печурки. Василичарскиот адет ми е од дебарска страна омилен. Во среда сум на настан во КИЦ, ќе читаме книжевната тајфа што живот (ми) значи. Едвај чекам да се собереме. Ми се молчи денес. И ми се срка домашна супа. И да ѝ ги галам ушите додека спие.
Здравокадо Неделава не можеше да започне подобро, само нека продолжи периодов. Многу новитети ми се дешаваат , но не смеам да споделам за да не ме фати малер. My love's a revolver My sex is a killer Do you wanna die happy? Do you wanna die happy? I let it bang, bang Убав ден на сите
Инстантно се осеќам срање кога ќе ми текне дека немам ништо за правење цел ден. Боље ми е да сум претрупана со обврски, едвај да наоѓам време за слободни активности. Или само да ги прокрастинирам обврските со тоа што ќе си извршувам слободни активности, it just hits differently.
Денов - пита и парче печена тиква. Од комшиски муабети, оние кога телефонски ти се јавува врата да и' отвориш. Пита правела и тиква печела, додека се топли и ти да јадеш (да не речам к'снеш).
Сакам да кажам ептен се израдував за двете номинации за оскар на Медена земја.Медена земја доби номинација за Најдобар документарен филм и за Најдобар странски фимл.Се надевам дека ќе добиеме барем еден оскар а зошто да не и два
Пијам топло кафе со цимет додека во ушите ми ечи звук од пукање прсти, како за Са-Са ( не знам како се вика и кој е етнонимот, ама како за на оро со трет прст и показалец се виткаат двата) дур пее Сеј мај нееееејм,сеј ма нееејм од Гета. Плус мотање на цели раце како за чочек, со граден кош па наназад, како танц на Жаде. Со благо ритмично мрдање на главата од горе кон доле, како на час по музичко, дава такт.Гласот баритон, па и зевање како лава АааааааАааАааа трпки нозе да те фатат и уста, со повремено нагласување на А, налик оперско пеење. Боже ме опрости, ај побрзо нека заврши претставата, ми се отпи.
За сите што обожаваат да пушат во затворени простории и да усмрдуваат сѐ и за законот што не функционира: https://www.instagram.com/p/B7QeiBznsyJ/?igshid=1h413z1igeubm Sorry not sorry.
Морав да сум сконцентрирана максимално денес за да учам, ама љубовта денес изгледа во преден план била. Па, и редно беше малце среќа да осетам поготово во овој лош период .
Доста ми е од луѓе цело време незадоволни од животот. Сѐ нив нешто им смета, сѐ нив нешто им фали, нив некој не им обрнувал внимание, само тие имале проблеми. Извини принцезо шо сум научена да живеам сама, да не очекувам ништо од никого и шо не се лигавам за секоја ситница.
Она кога ќе си свариш чајче, ставиш мед, седнуваш на фотелја и го отвораш лаптопот да се релаксираш и лаптопот ти вели low battery и ти мора да станеш од најудобната положба да го земеш полначот.
Здраво како сте? Од здравствени причини не можев да замарам тука, си ги фатив прстите од десната рака со вратата од колата и неколку дена имав болки, па ми потекоа, па помодрија и сега се црни. Следно може ќе паднат. Лајонес дека спомна некој се сетив пред некое време се качив во такси и уште не влезена таксистот ми вика вечер има промоција за лајонес, со ново име нешто бла бла и викам не сум заинтересирана фала и зјапам во моб да не ме замара уште и почна: Јас не верував дека се прават пари со ова ама ете правам и јас и жена ми сме таму, солидно за наш стандард вадиме, вечер дојди се на моја сметка јадење пиење. Ај ќе видам му велам ако имам време. Дај број да се договориме... Боже господе. Ако доаѓам ќе те најдам, тој пак не верував дека се прават пари и јас, ама ќе видиш дојди. И никако не реагирав веќе игнор а тој цел пат мелеше. Најубаво бројче да ми оставиш да ти се јавам за сигурно, ако сакаш земи дечко, маж, другарка, роднини, ќе се изненадиш колку ќе заработиш, верувај и јас не верував и жена ми е тука, ај дојди вечер кажи како се викаш да те пријавам... Марина викам Наумовска пиши ме таму ќе дојдам. Ни Марина ни Наумовска сум, мислев ако речам ќе одам ќе прекине да ме силува, ама не. А ти Марина кај работиш? (уште на работа да ми дојдеш) Во прилеп викам работам патувам секој ден ми се погоди таму платата во еден бутик. И лажам сушам јас, тој ме убедува, јас измислувам и така стигнав дома... Ајде чао викам тој чекај а бројче да ми дадеше? Ќе дојдам велам не се секирај ќе те најдам јас памтам лица (и тоа излажав не памтам воопшто) уживај, ако не дојдам Марина да не се викам. И сама во себе си се смеев на глупостите што ги тресев. Ја затворив вратата и чекав да замине не дај боже да ме види кај ќе влезам да ми дојде со брошури ко јеховин сведок. И тој дреми, дремам јас, извадив моб демек ќе вртам ќе зборам и замина се спасив. Имав и другарка ок беше, стабилна и зеде таму замина и жими се нешто им прават, како да се поремети почна да ми се јавува да ми проповеда за лајонес.Ама онака како робот програмиран. Веќе не се дружиме, немаше друго што да си кажиме. И тоа е, празниците во шетање ги поминав, нема кај не бев низ градов, од сабајле во 11 станував, па се до 4 сабајле скитав. Од платата во декември ми останаа 8 000 кога исплатив се, а сега имам 16 и врска немам од кај ми се, а цело време трошам...Чим се собрале грев е да не ги потрошам, па едвај чекам да завршам со работа и да си купам: електрично гезве пошто мразам да варам кафе и да дремам над него, вака во скут ќе си го земам и сите задоволни, фен, пошто мојот е за греота, не знае кај дува, капутче сакам црно обично пошто сите ми се некои бои и џиџани целите, кога ќе облечам бои и под нив како елка новогодишна сум, џемпер еден дебел пошто ладно е, онакви пластични фиоки за во вц зошто моето вц на се личи само на вц не личи, и на крај остатокот во џамбо, моето омилено место. Ова тука што си правам муабет сама со себе некако ме опушта, исто како ко ќе легнам да спијам и си правам муабет со мозокот, само што тоа не ме опушта него несоница ми ствара. Вака подобро. Кој ќе вади сега украси, елки и тралалајки што редев ко да нема утре. Ми помина меракот веќе и да се чуваа уште ќе ги тргнев. Проблем е тоа кај мене што се брзо ми се здосадува и после нема што да правам. Кога нешто сакам немам трпение да чекам да го добијам и многу пати ќе ми дојде некоја идеја дека ми треба нешто и одма одам да купам. Да ми речат утре ќе биде на попуст 50% сега ќе го земам не можам да чекам. И по 3 дена ќе се каам пошто ќе ми се здосади. Така порано и со дечковците ми беше, едно време се помирив со тоа дека сум од тие што сами ќе си останат, ама ете се најде капаче уште што не ми е здосадено, мада некои ноќи сакам да го угушам со перницата додека спие. Друго е се ок. Другарчиња сме. И дома само прередувам се тегнам на секое кила ќе добијам од што ми е досадно да гледам исто па исто подолго време. И така, времето лета, ко вчера да бев средно а години поминаа. Се сеќавам на некои небитни муабети од тогаш ко сме збореле на кафе кога ќе сме избегале дека ќе сме се мажеле на 23 пошто на 16 години 23 ти изгледаат веќе ко стар да си, а од моите 23, поминаа години и јас сеуште сум 16 и така ќе си останам и така секаде ми бараат лична карта и се шокираат кога ќе им кажам колку имам... Одвај чекам да помине време да одам да си купувам, вака убив пола сат, уште 3 и пол сати ми останаа. Иначе ме мрзи да пешачам, ама ако треба да се шета за купување и 200 км ќе изодам во еден правец, мака немам. Сабајле многу тешко станувам, а последниве две недели немирно спијам и многу сонувам. Денес сонував бизарен сон како сум спиела кај баба ми и дедо ми гола и влегол дедо ми со некои луѓе да ме прашале нешто во врска со работата, сакале да поднесат некои документи и сите влегуваат, маж, жена и три деца и јас онаква абе дедо гола сум и се покривам се кријам, па се покрив со чаршавот и почнав да објаснувам за тоа што прашуваа и жената ми рече е сега тука те начекав ќе ми платиш за ова поради тебе детето ми е одземено. И се шокирав ни неа ја знаев ни дете ни нешто слично. Почна да се хистеричи и ја изнесе надвор мажот, па баба ми ме испрати во продавница а таму евреи се криеа зад рафтовите да не ги фателе германци. Глупости ко филм на Линч ми се соновите. Си купив иначе платно и темперни и четки и се тоа комплет и колку имав мерак да нацртам нешто, па дури се вратив и купив уште 5 такви платна демек 6 слики ќе цртав ќе праев нешто споено за на ѕид. Една до пола ишлакав и еве една недела стојат над чевларникот, на дечково му сметале клучевите на тоа место си ги оставал, ќе ги фрлел ако не сум ги средела. Никогаш нема да ги фрли пошто ѓубре во живот нема фрлено. Кога сум на оваа тема, завидувам на жени што дома имаат маж што им помага, а од друга страна не сакам да ми се меша и кога ќе земи да помага демек му викам дај дај жити се јас ќе направам. Пошто реално повеќе штета од корист ќе направи, посебно ако се меша кај јадењето. После гадно му било да ги чепка тањирите после јадење и тоа гадно не да ги мие него да ги стави во машина. Сега кога не функционирав со раката ги ставаше тој во машина, ама со нагони за повраќање и носот во тренерка пикнат, па никако не можел да научи машината за алишта да ја пушта, па алиштата во машина кога ги става за перење и тоа ме нервира до смрт се извиткани во полжав и плус ракавите пикнати внатре и морам секое аливче едно по едно да го проверувам пред да пуштам машина. Вчера видов едно такво ми избегало невидено и се изнервирав така го ставив да се суши свиткано ко полжав. Живот, како и да се нареди никако нема задоволни да бидеме, секогаш ќе излезе некоја глупа ситница за нервози и знаеш дека е глупо и не е вредно за нервози во споредба со она другото убавото и пак се мачиш се замараш ко среќата да е непозната работа па тешко се навикнуваш. А можеби и така е. Може не сме несреќни секогаш, ама рамнодушни сме. Доста е, убив еден саат, кој ќе го прочита постов цел јака му душа и мене ме мрзи да го прелистам да не има грешки.
Се' е лесно кога човек навистина го сака она што го прави. Како што е свосјтвено за мене, избирам љубовта да ме води. Љубов во секоја смисла на зборот, во секоја конотација. И нема да се задоволам со ништо помалку. Животот е прекраток за да правиме компромиси со чувствата.
И така прв пат во животот добивам отказ преку ноќ. На арно нека е. Какви се газди има, еј. Не беше вина на нас, туку на газдите иако си знаеа сами дека ќе дојде до ова.