Дa ми рече декa му е гaднo тaњирите дa ги чепкa сетa мaшкoст негoвa ќе oтиде пo вoдa и не знaм кaкo вooпштo ќе мoжaм дa живеaм сo негo a дa не гo гледaм кaкo девoјченце вo сукњa.
Кога мислам на македонски менталитет, мислам на цел сплет, на селска черга направена од непотребни партали. Ако некој некого почитува, тоа значи дека се понижува. Ако некој некого почитува и го покажува тоа, се враќа со непочит зошто смета дека ти влегол во просторот во немерени граници. Ако некој некого почитува, тоа значи дека ти треба да ми возвратиш со ароганција. Индискретноста се смета за искреност и отвореност. Ако имаш луѓе над тебе, ќе функционираш на принципот - зошто јас така реков, најблага варијанта, не дај боже и бетер може да е. Секогаш државата не чини. Секогаш државата треба да ти даде нешто. Здравството се мери со здравство од третиот свет. Долговите што сам неодговорно си ги правиш, треба државата да ти ги реши. Создаваш семејство без да пресметаш тек на работите и без да преземеш одговорност за постапките зошто размислуваш афектно, од навика, од страст и како год. Секогаш тебе директорот те сака, ама шефот те јебе, што па и неретко е точно, зошто шефот се плаши да не го престигнеш, но неретко па и директорот не ни знае дека постоиш. Секогаш имаш нешто за прашување дур чекаш ред. Секогаш нешто се прави во тајност, да не те урочат, да не ти го купат, да не те подречат. Ако прашаш си глуп, ако не прашаш, па шо не си прашал. Бараш работа, ама имаш несоодветно образование и бараш енормна плата зошто треба да се почестени само што ќе им дојдеш, а тек да почнеш да работиш... И најважно, за да успееш, треба да ги манипулираш сите на работа... А да, и каде што политичката манипулација и ретардираност оди со пласирање на вакви вести објавени денес, а кои датираат од 2017, како дел од инкогнито предизборна опозициска маркетинг стратегија. Да ти се смучи. https://shilomagazine.com.au/2020/01/14/сиромаштија-невидлива-за-државата-со/
Зошто некои луѓе не размислат два пати пред да прашаат нешто што можеби ќе ги повреди другите? Кога некој со радост кажува дека ќе добие внуче од ќерка, навистина не мора да следуваат глупави прашања и муабети од типот: - А во брак се или уште не ја побарал? - Каде бе преку ред малата, големата прво требаше трудна да остане. Мислам втф??? Па ако е некој поосетлив, почнува да се правда и да објаснува. Што ви е луѓе, сериозно што ви е?
Еден дечко ми се пушташе пола саат, и конечно ме прашува како се викам. Му кажувам, и фацата инстанто му се скисели, рече : А... океј. Му се срушија сите фантазии. Предност у државава да носиш име кое прави да биде очигледно на кое малцинство припаѓаш е тоа што одма филтрира и отстранува луѓе на кои не вреди да си го губиш времето. И благодарна сум за тоа.
Па види, добра стратегија е тоа. Не дека стварно од мислите ќе се случи нешто, ама луѓето што ќе мислат константно на тоа што го сакаат ќе бидат и мотивирани да направат нешто за да го добијат. Ако ги изанализираш убаво работите што ги зборат, уствари на некој увиен начин ги тераат луѓето да направат се за да дојдат до тоа што го сакаат. А и веројатно, полесно на паметот е да не мисли на „трудот“ што треба да го вложи туку да мисли дека туку така ќе се случи. Нешто ко плацебо ефект му доаѓа. Инаку за тоа дека не знаеш што сакаш... does anyone really?
Стварно е супермоќ ако можеш да изгледаш само една епизода од новата серија што ти фатила око. Како им успева?
Бичез I'm back. Дури не се појави мојата 36 годишна муза@nightingale ни ја не станувам активна! Точка, фала ќао пријатно...
Пред малку ја удрив 232589540923та ретроспектива на мојот живот, и се сетив на мојата прва траума. Не знам колку години имав, знам само дека бев мало дете. Седев пред телевизор и гледав Том и Џери. Онаа епизодата кога Том испушта душа, смачкан од клавир, и не го пуштаат да влезе во рајот се додека Џери не му прости. Се сеќавам дека бев преплашен од кучето-ѓавол, се сеќавам на тензијата додека Том го молеше Џери да потпише дека му простува, а часовникот отчукува. Морници ме лазеа. На крај Џери потпиша но прекасно, не ги фати Том скалите кон рајот. Следува пад во пеколот, директно во котле, манијакалното смеење на ѓаволот, агонијата на Том..... Сепак, тоа било само сон. Хорор трилер у пм.
Ме потсети на траума што не мислев дека ја имам уште. Озбилно, од епизодава морници ме лазеа ко дете...
Сдк како не му е незгодно си имал нешто со девојчето по месец дена ја шуткаш како ништо да не било.. Си фаќаш друга и пред неа го правиш истото што си го правел со неа.. -.- Луѓе не си играјте со емоциите..тоа најмногу боли. Што се не ќе видам и чујам ццц
Во право си еве сега раскинувам, фаќам патот под нозе да ме нема. Преку неверство ќе поминам, преку гадење од прљави тањири НИКОГАШ!
Ако ги оставам немиени ќе фатат мувла. Нема проблем женска нека се гади, ќе му ставиме цртка на црниот список. Со виткањето на алиштата во полжавчиња има две, со 5 цртки бегаме
СДК дека многу ги почитувам луѓето кои немаат коментар на се и сешто. ...само на она што тие сметаат дека треба
Православна нова година... ПРАВОСЛАВНА нова година... ПРАВОСЛАВНА нова година... ПРАВОСЛАВНА Муслиманска? Хиндуистичка? Нема?
Бегајте од луѓе кој мислат дека секогаш се во право,и такви кои никогаш не се виновни,самокритични,егоисти,луѓе кои само си ги гледаат нивните желби да бидат исполнети. Подалеку од такви те,чувај не господе АМИН!!!