Чекам уште, не се стигнати. На 3ти месецов ги порачав. Имам и пред 2 години нарачано, ама ич не ми текнува за колку време стигнаа.
Успехот не е секогаш видлив однадвор. Успехот не е само на површината на нештата. Сетете се на метафората со сантата лед. Најголемиот успех е кога човек ќе се избори со своите стравови и внатрешни ограничувања. Стравот ни кажува невистини, а изгледа толку реален, толку вистински. Секоја добиена битка е успех, чекор напред. Не сте сами, не сме сами
Ми се смачи од манипулирање,од глумење лудило ставам крај .Ми отиде пола ден во нервоза но отсега натаму ,нема да дозволам
Сдк: прибидејќи нема тема што би му кажале на другарот, ќе си искористам прилика и ќе си пишам тука. “Знам дека и овој пат ме нема кога сум ти најпотребна, можеби и не е страшна операција, но сепак се грижам за тебе. Тешко ми е што не сум тука до тебе и да се грижам за тебе. Знаеш дека ти си ми нешто највредно во животот, и секогаш ќе те ставам на прво место, пред секого, и многу ми е жал дека нема да бидам и сега тука. Но секогаш ќе бидам достапна да ме побараш. Те сакам најмногу “ Сдк2: Веќе не ми се стои во моја куќа, овие кога ќе се запнат со една серија и за цел ден ја изгледуваат и така не знам колку серии гледам успат. Веќе ми здосади, не можам да дојдам на ред до телевизор.
Една познаничка од Турција која има потекло од Македонија ми кажа дека татко и (турчин, роден кај нас и иселен одамна во Турција) и купил дрес на Македонската репрезентација и заедно во дресови го гледале ракометот и навивале за нас. Многу убаво е на душата кога ќе слушнеш оваква вест каде што личност која нема никаква поврзаност со твојата држава и не и должи ништо, напротив има многу причини и да биде против, она ја подржува и ја чувствува како своја иако ниту е по националност Македонка, ниту пак е родена овде. Од друга страна пак, колку е само поразително кога ќе видиш наши луѓе кои се родени и живееле овде цел живот како испраќаат канцерогени пораки и шират негативна енергија на социјалните мрежи без никаков респект кон ракометарите и за она колку-толку што го направија сите овие години за да не стават на ракометна мапа. Не ни е никој крив, ние сме г*мна.
Го гледав вчера Honeyland. Доста тежок филм, луѓево околу мене на пола се откажаа, некој коментираше глупости, ама јас си го догледав до крај. Со мерак го догледав. Ми навираа спомени дека како многу мала дедо ми имаше исто таква трошна куќа и полско веце, па чувавме и кокошки и крави. Не за да преживееме туку за она селското срце во нас. Скоро секој викенд одевме во село. И само колку се сменија времињата, сега некој само би фрлил поглед а никој не би се загледал.
Чувството кога не можеш да спиеш од возбуда и исчекување, а истовремено едвај чекаш да помине вечерта и да дојде утрешниот ден За мене ова е среќа дефинирана со една реченица.
Haha oladete malku so rakometot, ne bea vo pohod na Persija. Sport e, koj saka neka naviva, koj ne saka - ne mora.
Јас дојдов да пишам исто ко над мене дека во Тинекс видов кученце исто вака легнато внатре под клима. Ми се стопли душата кога го видов. Додека го галев на каса имаше семејство, мајка, татко и дете околу 9 години. Им ги титкаа работите. Детево замина некаде со трчање и се врати со конзерва кучешка храна. Мајка му за мое изненадување му рече браво сине оди надвор истури му ја нека касне. Замина детенцево му ја истури храната, ова кутрото ја излапа без џвакање толку беше гладно. Си платија и си заминаа, а кутрево кутро трчаше по колата додека детето тажно му мафташе од задното седиште.... Топла убава приказна. Ме стопли и уште ме држи. Уште да си го вдомија, ама тоа веќе е совршен свет, а за жал нашиот е далеку од тоа. Како да не ги сакаш бе.... Некои друшки од тука сега би ме цитирале а толку ко ти е жал што не го зеде ти. Јас имам едно, не поднесува ништо, ни луѓе ни животни и живеам во стан од 36 квадрати. Да имав куќа со двор радо ќе земев не само него туку 10 ќе земев. И имам кажано, ако некогаш ми се падне некое лото или џекпот големи пари одма отварам некој бесплатен пансион за кучиња со неограничена храна, неограничени играчки, вработен човек само за гушкање и галење, топло, чисто исто како градинка ќе биде. И стандард како што сме навикнати ќе добијам цитат зошто на луѓе да не помогнеш. За оние што им е потребно ептен, ќе има. Има и сега иако не ми паднало лото.
Знам дека очекуваш са некој да ти врати шО нЕ сИ гО зЕдЕ тИ или цЦц МеСтО нА лУѓЕ дА пОмОгНиШ тИ ... Ама Кога ќе исполниш сонот кажи ми да знам кај да пренасочвам кутрињата оти сега е средно жалосно кај нас во поглед песој. И не дозволувај да ти јадат лајна горенаведените личности. Објаснати им се 100 пати некои работи, ако не можат да разберат - на нив е. Цк, желба ми е вакво дете да израснам некој ден.
Па и за мачиња ваљда треба... Правда за мачките! Уфффф... Вчера во Пабот во ГТЦ, едно девојче слатко, позитивно, насмеано, со сигурност можеш да кажеш дека е златце. И без да ја запознаам знам дека би имал желба да ја чувам и усреќувам. Уште мислам на неа, кретен сум што не пријдов да се запознаам. Иако знам дека на добар дел од девојките такво приоѓање би им било creepy.
Сдк, коа сме на тема кучињава и мачики надвор... земете една голема вреќа храна (најевтини се во Кам) и носете си со вас во торбички. Како шетате, давајте им да јадат ако сретнете некое. Гревни се скроз Плус сигурно минете на исти места секој ден, истите кучиња седат на истите места. И најжално, не се којзнае колку гладни за јадење (мислам, се) ама погладни се некој да им обрне внимание. Мене уште ми е страв да ги галам, ама појако е од мене. Ако сака некој да прави куќички, земете од тие големите кутии за складирање од Веро Џамбо (700 денари една кутија, што се затвораат со такво тк-тк однадвор) и нека ви исече некој мал отвор напред. Ставете внатре стиропор доле и некое килимче или ќебенце и ете термички изолирана куќичка. Пожелно е да биде со таков отвор горе за да може да се отвори и исчисти по потреба. Линк (не морате вака дупла, чисто да видите на што мислам) -