Каква слобода или смрт бре ? Што трипате, во кој филм сте влезени со таа прошло вековна парола ? Маломудците на сликите кои си ги прикачил не се достојни за тие зборови.
Se sobrale,organizirale,daruvale,pomognale nekomu i razubavile necij zivot.Ti od toa nisto ne napravi.
Уморни денови, не верувам дека ќе бидат поинакви и оние што надоаѓаат. Но, еден куп добри вести се случија, затоа ќе си молчам и ќе си се радувам. Откитувам елка и сфаќам дека помина една година како секунда во која јас бев изгубен тетреб. Не сум најзадоволна од себе понекогаш, но затоа пак се сакам во сите свои варијанти. Спанаќ со јајца за ручек. Двајцава спијат. Ќе ги ги почекам да станат, заедно да јадеме. И ги обожавам. Му бевме на Љубе библиотекарот на роденден, три часа забава за сето семејство ем книжевниот свет. Му однесовме чорапи, калап сирење за со ракијата и ѓумбир колачи. Нема да здивнам, некако така ми се чини.
Едвај чекам да ги изгледам сите компилации на фрлање крст во реки, езера, поточиња, базени, фонтани, базенчиња, леген, вангла... во земјава и дијаспората, заедно со се тепачките за светиот крст, за да се потсетам уште еднаш зошто не сум верник и зошто не сакам горд македонец, православен комита од гоцевата раса за маж.
амин сестро. И после ќе излезе официјална статистика, наталитетот во опаѓање. Мислам, хелоу. Погледнете ги маживе на што личат, повикуваат на апстиненција со понашањето и изгледот, почнаа жениве да се освестуваат
Ама не се трпите значи. Ти носат другите неверници телевизор? Не. Земаат по неколку илјади денари? Не. Па после оти мачки чувате. Златни машки што би се потепале за Госпо да им се јави отфрлате па после оти немажени. Е оти де.
На хуманитарна акција се скандира со слоган ,,Слобода или смрт". Зошто? Каква е оваа порака стационирана пред пакетите, може да објасниш?
Pretpostavuvam deka e humanitarna akcija sprovedena od navivackata grupa Komiti Zapad.Parola na Komitite bilo Sloboda ili Smrt.Pretpostavuvam po taa linija.
Не, во ред. Сите знаеме дека се комитци, ама зошто мора да остават ваков белег на хуманитарка? Тотален апсурд.
Да си ја кажам нервозата некаде. Комшијата под мене се качува да ме опомени дека многу тропам. Ги собирам сите играчки што тропаат на малово. Се качува втор пат, ние три жени пиеме кафе со едно полуболно дете во раце во 5 попладне. Ме напна. Затоа сега три дена по ред славам прв роденден на детето со гости цел ден, ама не до касно навечер, со кулминација денес. На гости доаѓаат две хиперактивни дечиња на 2 и 4 години што уште фудбал не заиграа дома. Поштено си кажувам дека многу галамеа, но си заминаа накај 9ипол, значи не беше до касно. После тоа си раскревам дома, најполека што можам ја подместувам трпезариската маса со мисла дека сепак е доцна и треба да сум внимателна, тој од доле си лупаше на таванот демек галамам. Кејф ми се направи што тропаа децана прееска, може сега ќе сфати дека сепак не сум толку гласна. Мислиш пајдушко се игра низ дома во 3 сабајле. Уф, што сакам да дојде да се рчне сега со мене, па да ме види во вакво светло
СДК убав денот денес,духовно и традиционално исполнет опкружен со најблиските,роднините,пријателите. Од сабајле во црква а потоа на фрлање на крстот,тој што го фати беше даруван со позлатена икона и позлатен крст од страна на цркватa што е за почит,бидејќи други дарови како тв и сл. мислам дека не им е место тука. Среќен празник на сите кој што го слават и почитуваат!
СДК ако сакаш да водиш здрав живот, треба (нели) здрава храна, да не се пуши, да не се пие , да се живее спортски живот, ама и да се гледа својата работа. Џабе се да исполниш ако за последниот услов паѓаш во искушенија.
Знаеш дека на некого му е тешко во животот и сакаш да му помогнеш, а на крај испаѓаш крив Не помагајте на никој, се додека не побара помош
Денеска бил најдепресивниот ден во годината. Откако прочитав ми текна, третиот понеделник од јануари, ми беше позната информацијава од претходно. За мене е само убав почеток на нова работна недела, понеделник што си го исполнувам со омилените активности и пријатни емоции. Многу нешта се само производ на перцепцијата. Мислите често се само мисли и не се факт. Се надевам дека сите ја почнавте работната недела со убави нешта
Борко од село Подмочани нашол работа во администација. За да дојде до тоа пресвето шалтерско место, сосетката Весна морала да лета од работа. Со изговор дека ја вработиле од вемеро, далечната 2006. Како резултат на тоа тетка Весна има триесет и шест години и мора да седи дома. Нема врска што истата вредно и заслужно работела изминатите четеринаесет години. Нема врска што се квалификувала и усовршувала за бедна плата од дваесет илјади денари. Битно е дека чичко му од стрина на овој Борко дал шест илјади евра за внучето, што три чисти нема во глава, (и притоа воопшто не знае англиски јазик), да се вработи во пресветата пошта. Битно, меѓувреме запишал некое сомнително курсче по енглески кутриот, за покритие, иако две реченици не знае да сврзе. Али ќе научи он големашот наш - нема гајле љуби га чичо у чело. После државата нема одговорност, и ич не се вработувањата и отпуштањата по партиска основа, јок. И уценувањата согласно корупцијата собрана од чичкото на Борко, во текот на минатата деценија исто така немаат допирна точка со сегашното место на внукот. Сè си е надлежно, по прописи. Абе мрш. Ниту главата ниту опашката не можете прописно да си ги скриете, идиоти едни. Уништувачи на судбини, корумпирани стоки. Наместо да скриете глава под перница вие како пауни се китите со туѓи перја. Нели нешто немало да има отпуштања од актуелната ни кхм, техничка влада? Ама како гледаме, сите лека полека летаат надвор, а на нивно место доаѓаат нови партиски пиончиња. Безобразлук.
Коментарите за Медена земја од типот - како ја претставуваме Македонија, зошто не зборуваат македонски јазик, можеле да изберат "поубави глумци", мислат дека сме неандерталци и бедотија, мислат дека сме племе, ќе мислат дека тоа ни е мајчин јазик и така натака. Сублимат на одговорот зошто не чиниме?! Тепани по глава изгледа сме. Или мнозинството ни е одгледано од нарцисоидни токсични родители за кои никогаш не сме доволно добри, но ги фалеле пред другите, па креирале слика за нереална супериорност без темел, ваљда чистат по дома за у случај гости да дојдат и не смееле да припарат, па развиле синдром дека за остатокот на светот колку и да се распаѓаат и имаат нарушени односи, мора се да изгледа како да е совршено добро. Генерализациите исто така не ни недостигаат, па почесто ако знаеш да кажеш нешто за некоја нетипична и поинаква работа, која задира теми каде сонце не сјае - нетокму си. Или како мојот роднина што го проучува Буда и философира за животот ама гори иверка, штоимавезе. Лесно можеш да заглавиш во некоја немила класификација каде што не си ни свесен дека си зошто таму некои површни луѓе се интересираат само за сјајот, а после зборуваат за лошотијата, свеста, љубовта, животот, за дека нема више луѓе. И тука некаде идат вегетите. Што комлетно го доживуваат филмот, мислам Атиџе е све, љубов е, херој. А ден немаат поминато од удобноста на својата софа, комодитетот на градот, подредениот живот, уметничкиот обид сериозно да ја доживеат тешкотијата со истовремената леснотија на едноставноста, а вистината ја заобиколуваат ненамерно во широк лак. И подобро. Зошто никогаш не би дознале како навистина боли. А посакувам само еднаш да го допрат увото на домот на тие илјадници вредници кои зујат се со универзумот и вистина да загризаат од нивниот мозаик од злато. Но... луѓето го сакаат тоа. Едните, колку и да ти тежи душата ќе гледаат дали капутчето ти е од Зара и како пријатно изгледаш, е тек тогаш ќе слушант какво ехо ќе искочи од тебе. Ако си попаметен - луд си, а можда и чудак, веројатно и тресеш глупости за да се осеќаат подобрп и ќе се спојат неколкумина истомисленици. Ако си пак паметен и не толку марен да припаѓаш во универзалната, тенка лепота, туку битно е да си длабок и авангарден, ќе ге почитуваат овие Атиџе е љубов, кои ипак длабоко у себе ја имаат кочницата која нејќам да ја опишам зошто тоа се фрагилни уникатни снегулки. И така... заслужено, колективно заслужуваме да бидеме таму каде што сме. И изгледајте добро... само толку е доволно, се друго е непотребна мука.