14 години исполнети со љубов,радост ,смеа и многу искушенија кои несомнено се дел од секој човек и заедно поминати и пребродени се сигурно полесни... Да не се множат љубави
Некогаш не ги разбирам Малтежаните. Кога треба да менуваш чекови тогаш или плаќаат сметки или прашуваат нешто. Само колку дома да не се.
Сакам да кажам, утрово добив една идеја. Го учам кучето команди како седи, лежи, чекај, здраво и сега најново ќе го учам да враќа топчето кога си играме. И уште неколку вакви команди и ќе му сошијам капа како за дипломирање, ќе купам нова долга играчка и ќе ставам панделка и ќе му правам церемонија за дипломирање на кучето. Ми поможи другар со идејава кога утрово ставив стори дека кучето е „на час“ и дека научи колку толку да легни, па ми врати дека сака да присуствува на дипломската, кога ќе заврши дого со формално образование. Шо ме интересира е, шо се други вака основни команди да го доучам, шоимало за шиење капа и купвање нова играчка. Битно да учи детето.
Човек сам најдобро ќе си ја најде мотивацијата. А често, и решението за проблемот. Друга работа е што за многу работи и не треба мотивација, треба само навика. Сфатив дека колку помалку се жалам и барам поддршка, подобро. Некои не сакаат да слушаат, а оние што сакаат да слушаат, не можат да решат ништо.
Конечно излезе сонце после две недели само магла и ништо друго. Депресија ме фаќа што не можам да излезам и да го искористам, поточно немам со кого да излезам. Ќе си гледам бледо од прозор. Си сакам сонце, ама си сакам и дожд. Дождот барем не ме прави тажна кога немам со кого да излезам и седам дома.
Сакам да прашам и замолам за услуга. Пред некој ден бев кај другарка, ми ја пеглаше косата и се заљубив во себеси од толку што беше убава пресата и преубаво ме испегла. Одма бев во Сетек, од таму ја купила и ја нема. На нет стои дека е достапна во Ресен. Да знам дека вистина ја има во Ресен одма ќе тргнам, ама не сум сигурна џабе да не шпартам до таму. Ако има членка од Ресен што случајно живее блиску до Сетек може да праша дали ја имаат пресава? http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10147&product_id=71327&mfp=manufacturers[204] Цел ден ѕвонам кај нив не ми креваат, пишав на сите можни места за контакт и мејлови и на фб и на инстаграм никој не реагира, во овој тука Сетек не знаат да кажат, а не се сигурни дека се ажурира редовно ова на страната...
Можат без проблем да ти ја донесат од било кој град во твојот. Мене така ми донесоа плотна од Охрид во Скопје.
Го имаш истиот модел и овде: https://www.tehnomarket.com.mk/product/738488/rowenta-sf4522d0-presa-za-kosa https://www.krusel.mk/rowenta-sf4522d0-presa-za-kosa
Многу си ја мразам особината во мојот карактер кога е во прашање социјалата, сакам да сум што е можно повеќе невидлив за опкружувањето и избегавам контакт со луѓето што ги познавам. Пред некој ден бев излезен и видов еден познат човек, иако не ми текнуваше од каде... Човеков дојде до мене и ме поздрави. Направивме муабет и го препознав кој и што беше кога ми кажа дека бевме на времето заедно во болница на инфузија. Ме праша како сум? Сум се направил ли операција? Он се направил, добар бил, одличен, немал мака веќе никаква, знаете, стандард муабет... Ме поздрави и ми посака убав ден. Толку беше. Неколку реченици разговор ама ми го разубави денот. А да беше до мене, никогаш немаше да му пријдам и поздравам... Не се сакам оваков, ама ИЧ, а не знам како да се променам.
Во Сетек можеш да си нарачаш од нивната страница,било каде да ја има ке ти ја достават на врата,нормално ти ке си платиш каргото.А исто и во самата продавница можат да го повлечат производот од градот во кој го има ,па за два три дена да одиш да си го подигниш.Јас имам купувано на двата начина..позз
Значи едно зло никогаш не оди само,недај боже човек да го затепа малер,мава од сите страни...секој чекор погрешен ,биди паметен па реши се следен чекор да направиш....
Секој ден си велам:Добро бе главо дрвена, кога ќе се научиш за сенешто да кажуваш НЕ? И до кога главата ќе ја носиш само за стрижење
Ти ја разбирам нервозата ама наместо да се нервираш што донирале за нешто убаво, нервирај се што ги трошат парите за глупости додека децата се разболуваат и умираат. Нервирај се што изградиле милионски споменици додека болниците се муфлосани, нервирај се што потрошиле милиони на палми, и тако даље. Не се нервирај затоа што на некого тие 100 000 евра му помогнале. Огромните пожари што ја зафатија Австралија експерти проценуваат дека на цела планета имаат влијание. Така се градат добри односи со државите, и за Албанија се донираше кога беше земјотресот во Драч пред скоро. И за Србија кога беа поплавите пред некое време. И кај нас би донирале државите кога нешто би не снашло, не дај Боже...
Сакам да кажам дека некогаш ми е многу жал кога сум нетрпелива со мајка ми и татко ми, а тие сѐ прават за мене и сестра ми. Ме фати некој бран меланхолија сега откако заспа детето. Ги испратив прееска и некако не ми беше убаво што си заминаа ко набрзина... А мајка ми срце, вика ај ќе те оставиме на раат да си се одмориш. Кој црн одмор мајко со џагуре.
Многу мразам во оваа држава што неписмени критикуваат неписменост, неспособни урлаат по други неспособни. Ај гонете се барем во странство таму ширете негативна енергија. Кој треба да ви објасни дека вие сте државата никаква.