Чувствувам тага што нема снег. Од една страна и дека ми недостига тој снежен амбиент но, од друга страна и дека ќе има сушно и пеколно лето. Сакам снег. Сакам да се гаѓаме со топки, д правиме снешковци, да се лизгаме. Едноставно, сакам снег...
Во ред е човек да не е постојано насмеан, позитивен и оптимистички настроен. Во ред е да ја запре малку постојаната трка по пари, по моќ, по луксуз. Во ред е да сака човек да го помине денот сам со своите мисли, во ред е да седне сам во ресторан, во ред е да пие кафе сам. Во ред е да ја покаже целата своја искреност. Во ред е да се плаче. Во ред е да се пожали човек, во ред е да побара помош и совет. Сакам да го гледам вистинското лице на луѓето и особено сакам кога можам да придонесам да се почувствуваат подобро, разбрано, сакано. Тоа не е слабост, сила е. Сила е зашто сите околу не' убедуваат дека сме слаби личности ако ја симнеме маската.
Цело сабајле се смеам на анти таленти кои сакаат да бидат познати јавни фаци Како што знаете , фаворит на Youtube ми е Лосмипанда. Сите негови клипови ме расположуваат, откачен е, позитива ми е , па гледам ставил нов клип Е сега, проблемот е што не слушам српско , па решив да видам кој го пее оригиналот. Ахам, еве ги, двајца непознати X и Y Да видиме децата како пејат во живо па кучево на комшијата помелодично завива отколку овие двајцава Значи сакав да кажам не може некој на сила да биде нешто ако е анти талент за истото. Со сила убавина не бива .........Буди тууУууу ............ Сама ќе се испратам Убав , најубав ден на сите
Да, што е најтрагично нашиве се палат на вакви српски хитови Буди тууУуууу и завивај и развлекувај тууууУУууу Ај да се озбилеме сега оти пак ќе ми бараат лична карта ко идам да играм лото. Ќе мора да се маскирам за да изгледам повозрасно Буди туууууу
Трагикомедија чоече дал да плачеш или да се смееш син ми така пред 2-3 години почна да слуша некој амерички и српски фалц рап, па тато му пушти малку ТуПак, Ајс Кјуб, да чуе дете основа и вистина
@Herrera, дефинитивно не во овој контекст и за оваа сутиација, ама викаат дека напорната работа е побитна од талентот 90% работа, 10% талент. Интересна тема, делумно се согласувам. За некои нешта повеќе упорност се бара, после дури се гледа дали си брилијантен во тоа што го правиш А од овие што си ги постирала, ушите ми крварат мислам За малку смеење се добри.
Сдк во контекст на муабетот на @Herrera еве уште еден антиталент за пеење, а колку ги има низ Србија што така се провлекуваат и појма си немаат од пеење. Им го крадат лебот на оние што навистина знаат да пеат и се преталентирани. Ама квалитетот за жал воопшто не се цени на денешницава.
Додека сум онлајн, само уште ова да додадам @Роберт 7 , @Tajnaotrovna , @prominent , испуштивте еден детал .....ATTENTION !!! Канџите Никако не можам да ги сфатам што прават со толку долги нокти, дали си бркаат во ушите, дали им служат ко штафцигер да поправат некој штраф у кујна Ако може само некој да ме просветли која корист ја имаат од толку долги вештачки канџи. Прво на памет што ми паѓа е бркање во носот со тие долги нокти Се гасам сега, време е за работа . Буди тууууу , само буди туууу
од позитив на денот- стоиш на семафор,, на радио оди shallow, си пееш, погледнуваш во ретровизор и таа зад тебе истата ја пее..
Мразам да зависам од некого ... во која било смисла. А и финансиски. Никогаш не сум била без пари на страна, најмногу заради тоа што кога имам потреба од нив не сакам да зависам од никого. Во претходниот период земав мал кредит за да купам голема работа и сум опседната да го вратам што побрзо. Сакам да се раздолжам и да имам пари на страна како што имав и претходно, за да имам слобода да си ги остварам желбите што ке ми се појават во меѓувреме, и ако работите се сменат на работа да можам без многу размислување да го отерам работодавецот у пм и да си бидам без грижа додека не најдам нешто ново. Самата помисла на немање избор ме депримира. Сакам слобода.
Бресквица... БРЕСКВИЦА... БРЕСКВИЦА... Од каде ги вадат имињава бе? Бресквица, Газда Паја, Јала, Буба.. Најголемиот кичерај е во Србија и Бугарија.