Дали сум јас единствена што сака кога спие, да спие на кревет полн со перници?! Се чувствувам како прваче. Спиам со 3 перници. Едната на која лежам, другата ми е зграпчена со нозете, третата со рацете. И плус, имам до мене една огромна мечка, која ми ја подари дечко ми за Валентајн. Мајка ми вели -Абе Евгенче, што си се наоружила со тие перници, па и мечката е со тебе. А јас -Нее! Мечката мора да е со мене. Значи, мора. Треба да се вратам во прво, барем да не се осеќам вака.
Не можам никако да разберам љубомора предизвикана од нечија позитивна енергија, особено меѓу „блиски“ пријатели... Едноставно не сфаќам, како може искрената насмевка на лицето на некој којшто со задоволство ја споделил со тебе среќата поради некој успех, да ти предизвика фрустрации? Се` е подобро кога ги прифаќаш позитивните вибрации околу себе, кога знаеш да се радуваш и на туѓата среќа, наместо да се труеш со бес и завист поради истата. Почнете да црпите инспирација од туѓите успеси, потрудете се и направете нешто за себе.
Зошто понекогаш го губиме времето размислувајки за некој што не ни помислува на нас? Додека јас си мислам - Каде е? Со кој е? Како е? Помислува ли на мене? Нели му недостасувам? Помислува ли да ми се јави? Очекува ли јас да му се јавам? Што прави? Сите негови другари се шетаат него го нема. Сигурно некаде си го тера животот без мене и ич не му чуе за мене. Ах суровата реалност Арно ми кажа Psychic лекот е главата 24/7 окупирана со нешто друго и барем нема да му ја мислиш
На моменти ми недостига ланското лето. 10 месеци го немам видено, а сеуште осеќам нешто за него. Уфф само немој пак у него да се заљубам.
Етее ја видоов, конечно ја видов личноста која нааајмалку сакав да ја видам. Зошто мораше да ми се појави пред очи бе зоооошто? Личноста која го имала или сеуште го има она што јас не успеав да го задржам. Личноста која ја сметам за сто пати поубава, позгодна и подобра од мене. Не ме интересира што е поголема од мене, што јас сеуште не сум толку развиена. Знам дека ќе дојде времето кога ние 14-15 годишните ќе пораснеме, ќе се разубавиме, ќе се развиеме, ќе се подобриме и т.н., ама секогаш ќе ја сметам за нешто подобро од мене. Зошто таа да го има она што јас не упеав да го задржам? Зошто да не ми се пружи уште една шанса и да му докажам колку многу ми значи и колку само јас наjвеќе го сакам? Ми недостасува се, секој момент поминат со него. Сакам да се врати тоа време.. Всушност не, не сакам да се врати тоа време. Ова време е подобро, поблиска сум со другарките, поголеми сме, ама сепак нешто ми фали и ме копка. Нека си биде ова време ама со него да сме заедно, пак да се смееме на девојката која му ѕвонеше со скриен број, да се нервираме за другарката чиј татко не понижи сите во друштвото, да разговараме на секакви теми. Ама ааајде не можам веќе вака, тешко е многу. Зошто на овие години со вакви грижи? Вакви грижи на овие години, уф а колку ли е потешко понатаму. Беше се колку-толку идилично, ама се се смени тој ден кога мојата гордост го бутна срцето. А да можам да се вратам би го бодрела и охрабрувала срцето, би му кажала да не се предава толку лесно зашто го сакам, повеќе од се го сакам. А на гордоста би и удрила шамар толку силен да ја осети мојата сегашна болка и бодеж кој го чувствувам.
http://www.peta.org/features/60-seconds ... 1401220138 Се правиме најсовршени на планетава, а всушност сме убијци и сеуште не го сфаќаме тоа.
јас секогаш си спијам со 4, а некогаш се случува и со 5 перници така ми е најубаво,арно само не сум била и јас сама Дома сите ми се чудат,а кога спијам знам и да ги тргнам понастрана и да паднат,и наутро изгледа како некоја битка да се водела во собата :geek:
Ко трудна жена сум деновиве, еј. Не се тргам од кујна. Не е нормално. Татко ми ме зеза: - Сеа шо ден ти е денес од диетата, шо смееш да јадеш? Добро бре мајката... Не глеаш дека цел фрижидер го изедов со све манџите од преквчера, (уште малку ќе почнам и решетките да ги јадам и сијалицата што свети) ти ме прашуваш за ДИЕТА? Ај ти се молам... остај ме на раат да си јадам. Во состојба сум да го „здуплам“ списоков. Под здуплам, се подразбира да го напраам дупли, али да не бидат дупли продуктите, него уште толку нови да пишам (според некој мој речник, не ми замерувајте). И сеа ми се јавува сестра ми: - Спиеш? - Не. - Е па ај почекај, ќе ти донесам нешто убаво. Ја чекам. Што мислите? Што ќе ми донесе?
Добро само јас имам проблем со комарциве? Не, не и не можам да спијам. Буквално се' ме чеша, почнувајќи од нозете до лицето. Се', во исто време, браво. Ми доаѓа да земам да . Озбилно, онаа горе реченица ја пишував 10 минути, во меѓувреме со чешање. Па една фаца што правам додека се чешам, кучево не ми е рамно. Спојлер Сега нема да спијам, само да го гледам изгревањето на сонцето. Утре треба да станам рано, кога ќе размислам подобро можеби и не треба ни да си легнам да спијам. (sleep is for weak) Гуд најт, или подобро да ви кажам Гуд морнинг.
Си ја трескам главата од досада. Значи невозможното станува возможно. Дури и филмовите и книгите ми се досадни. Епа кај бе? Уште глупиот телефон ми фалеше да се расипе. Бравос, и тос успеа бе. И од досада, цел ден си правам некои салати, а една јадам три саати. Тоа е, досадата ми го достигна врвот.
Јас разбирам прогресивни, модерни луѓе и сите тие ситни ствари. Ама, нели модерно е и да не судиш за туѓиот живот? Или тоа кога се прима реакција важи само, не кога се дава? Добро, јас не знам колку луѓе само ми имаат фаца направено или грдо изреагирано кога сум им рекла дека сум неколку години во брак. Па, аман! Ај игнорирам, си викам „сфати си го Теси ко комплимент, дека си младолика ова“ , ама па не знам шо е со луѓево. Што ми е најинтересно, реакцииве се исти и за луѓе кои стапиле во брак на 15 и оние кои стапиле на 23. А колку промени и ситуации се случуваат во овој период од 8 години тоа е друг муабет. Морало ли да сум трудна, да сум глупа, да не сум имала кај да одам за да се омажам на 23 години? Толку немаат поим од туѓиот живот, али се` ставаат во топ пет најчести можни ситуации и чувствуваш друг третман, поглед, начин на зборење. Aко не се правдаш некому за сопствените избори со кои тој нема никаква врска, автоматски истиот мора да ти ги категоризира во топ 5 најчести причини за брак? Eпа ако гледаат реално на работите, дури треба и да ми се восхитуваат. Сум спремала испити, сум спремала трудови, сум работела, сум се грижела за домот и за маж ми. И тоа во уредни рокови, без да заостанувам зад другите затоа што имам семејство. Точно, некои и со деца го постигнале ова, не велам дека нема и подобри. И што? Пак не се вклопувам во стандардите? „А бе таа, млада мажена, многу знае од животот.“ Знам онолку колку што ми е потребно. Другото, уште поубаво ќе го проживеам со вистинскиот сопатник покрај мене. И после се расправаме по темиве што ќе каже комшијата за ова или за она (посложени ситуации или феномени). Од устата на комшијата ни најдуховниот и најдобриот не успеал да избега. Никому не му чиниме, драги мои се` додека одиме напред и не се предаваме, освен на најблиските. Важно е, да не влијаат тие коментари на нас. Ај добро утро. И ... од кафеџиката, кафенце нормално.
Утре ова време на плажа покрај море.Конечно заслужен одмор. Свършвам работа и ДИМ ДА МЕ НЯМА, стягам багажа и ДИМ ДА МЕ НЯМА. изключвам телефона си и ДИМ ДА МЕ НЯМА, не ме търсете известно времееее. Дим, дим, дим, дим, дим да ме няма.
СДК заспав на терасата пишувајќи девник бидејќи сум глупа. И сега ме боли грбот бидејќи сум глупа. Важно, моментот кога се разбудив беше...прајслес. Првото што го помислив беше ова: „ Уау, колку е убаво небото. Можеби сум во рајот. Уф, колку е топло. Леле, грбот... Не, сепак сум во пеколот“. Знам, не сум нормална. Да не заборавиме дека сега целата сум напрашена и вкочанета, како да се враќам од војна. Одам сега да се убјам. Испод оне крушке.
Го знаете она чувство кога, кога се чувствувате немоќно, засрамено, ниско? Гледате дека работите одат во надолна линија, а ете сепак не реагирате. Не дека не можете, туку не сакате. Зошто? Можеби затоа што немате цели, приоритети, амбиции во животот. Можеби затоа што моменталната ситуација, не е баш онаа која сте ја посакувале за себе. Засрамено, затоа што патите од комплекс на ниска вредност. Можеби затоа што воопшто не се допаѓате себе си. И притоа, низ главата постојано ви поминува мислата дека ги поседувате сите физички недостатоци на светов. Само вие. Чувството, кога мислите дека некој е неправеден. Кога сте лути на себе, на светот, затоа што не сте идеални. Затоа што некој обвинувате за се што се случува, а знаете дека единствениот виновник сте вие за се. И седите во едно ќоше, плачете и ја трескате главата од ѕид, и пак не презимате ништо..