Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Уште тоа му фали на хипохондрик како мене:D Доста ми е што слушам за грипот кај нас деновиве:D
     
    На Angie1432, RosettaStone, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.414
    Допаѓања:
    9.459
    Пол:
    Женски
    Пријателството понекогаш може да се претвори во љубов, но љубов во пријателство – никогаш. :nod:
     
    На Srckata28, EMMA EMILY, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.087
    Пол:
    Женски
    Се прашувам кога ли ќе ме стигнат сите оние благословувања од стари бабички кои виделе добро од мене, чисто да знам дали благословот навистина има дејство:lol: туку арно што не ми даваат клетви, викаат дека клетвите од старите фаќале(fingers) :D
     
    На Сама Дома, gjoker4e, JollyGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.245
    Допаѓања:
    40.123
    Пол:
    Машки
    Бев денес до маркет и застанав пред редот со чоколада, мислејќи какво да и одберам на внука ми. Ги гледав сите. Барав некое да не е скршено, оштетено на било кој начин, рокот до кога му е, налепницата да не биде лошо залепена и на крај го најдов најубавото. Го искреширав и се спремив да и го дадам.

    Дојдов дома, се израдува кога ме виде целата, а уште повеќе кога го извади вујче чоколадцето од џебот на капутот и се стрча право на кај мене во прегратка и да го земе. :inlove:
    И го дадов, го отворивме и одма почна да го јаде шлакајќи се целата по лицето. Мачето кружеше околу нејзините нозе и зема му го скрши пола чоколадо и му го фрли на тепихот, а ова ни две ни три одма се стрча и почна да го јаде со таков сласт како да е најубавото нешто на светот.

    Пола за неа, пола за мачето.
    Chocoland.
     
    На WarriorAngel, Harper, Saraahh и 16 други им се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.930
    Пол:
    Женски
    Па пријатели како ќе ни биде интересен животот без случки така ли е?
    Ајде позз од мене и се читаме:hug:
     
    На Rama, Tajnaotrovna, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Dahliaa

    Dahliaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Ако немаш нешто убаво да кажеш, подобро молчи. Ако немаш нешто убаво да кажеш, подобро молчи. Ако немаш нешто убаво да кажеш, подобро молчи.

    Повторувајте си во себе, злобни луѓе, додека не ви прејде во навика. Затоа што не ве воспитале правилно навреме.
    И не се лажете дека вие сте посебна сорта, толку искрени и без влакна на јазик, што ние останатите треба да се прекрстиме кога ќе ве видиме и да ви ги бакнеме стапалата.
    Затоа што не сте, далеку сте од тоа и ќе оставам сами себе да се преиспитате што ви ги буди тие злобни навики. Навлезете длабоко во својата душа, истражете и дознајте што е тоа што ве мачи, сменето го и направете подобра верзија од себе.

    Не сте искрени ако некому без влакна на јазик му кажете дека е ваков или таков, низок, висок, дебел, слаб, дека треба ова или она да го смени, дека не е добар во нешто, дека нешто/некој не е добар за него итн. Само сте бесчувствителни и безобразни, затоа што сте се дрзнале да коментирате без да бидете прашани. Не знаете што се крие позади сите тие личности и која тежина ја сносат со себе, не го одите нивниот пат, не им го олеснувате, па не си давајте за право ни да им го отежнувате.

    И да повториме, ако немаш нешто убаво да кажеш, подобро молчи.
     
    На Сама Дома, M.B., referentka и 12 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ова ќе биде убав викенд.
    Време поминато со самата себе. Време што го поминувам онака како што јас сакам и замислувам.
    Книга на која долго време не можев да и' посветам внимание, смирувачка музика, безброј креативни идеи што чекаат да бидат пренесени на хартија, па зошто да не и чаша црвено вино.
    Малку одмор од постојаното брзање, паузирам во трката со времето.

    Времето е скапоцено, трошете го онака како што ви вели срцето:l:
     
    На Saraahh, Rama, Lella и 12 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Многу се израдував кога видов дека ме има на листата студенти со особен успех што ќе добијат стипендија оваа година. Конечно ми се исплати учењето по цели денови. Но, по кратко скролање низ резултатите сфатив дека има голем број студенти кои незаслужено ќе земат стипендија. Од друга страна пак, има и студенти кои навистина ги исполнуваат наведените услови од страна на министерството, имаат поднесено документи, а видов дека ги нема ниту на ниедна листа. Инстантно престанав да се радував и ми падна жал за сите обесправени деца во овој случај, но и за сите луѓе во оваа држава што немаат врски, што немаат кој да им среди работа, што системот ги прегазува, чиј глас никогаш не е слушнат...
     
    На Purplelilac, Rama, Lella и 12 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.979
    Допаѓања:
    16.049
    Кога ќе останете без работа, ќе видете кој е ваш вистински пријател.
    Не изненадувајте се ако, никој не ве побара.
     
    На Rama, Tajnaotrovna, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ти честитам за стипендијата.

    Не сакам да ме сфатиш погрешно, но дозволи си да се израдуваш на твојот успех, за кој знаеш дека е заслужен.
    Точно е дека кај нас без врски тешко се успева, точно е и дека многу луѓе, баш поради врските имаат незаслужени привилегии, но ако избереш да се фокусираш на тоа, никогаш нема да бидеш среќна.

    Ти си се изборила за твојот успех. Успехот е сладок кога е заслужен, радувај се:sun:
     
    На Сама Дома, Purplelilac, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  11. inception

    inception Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам излегов после 100 години и се осеќам екстра :party::party:
     
    На Rama, GirlLove, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене ветеринар ми кажа дека не смеам да давам благо на мачка, знам дека обожаваат благо, ама штетно било.
     
    На cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.167
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, чоколадото дури и во мали количини е токсично за мачки и кучиња, и да изела мачката пола чоколадо веќе ќе била мртва.

    Второ, мачките воопшто не се привлечени од мирисот на чоколадо па за да се стрчаат и да го јадат со сласт.

    Веќе коа измислуваш дешавки за лајкови гледај да бидат веродостојни.
     
    На Lella, lovestoneddd, Feminka192 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.418
    Допаѓања:
    126.675
    Пол:
    Женски
    Прво,не измислува.
    Второ,знае дека не чини и сигурно ќе гледа да не се повтори тоа повеќе.
     
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Отишол во некој град во Германија и вика: -Мене овде не ми се свиѓа баш дека не е чист градов.
    Се чудиш во која смисла вика дека не е чист, а тој враќа дека имало црнци, Кинези, геј луѓе кои јавно се држеле за рака, стари луѓе кои шетале гушнати и КУЧИШТА (домашни миленици) по продавници.

    И така...не знаеш ни што да вратиш. Црнци и геј дека имало не бил чист градот (facepalm) (facepalm) (facepalm)
    Во Германија се чекаат од Балканот да дојдат за да се исчисти земјата.
    Се чекаат хомофоби, дискриминатори, заостанати, расисти....Тие се тие што се чисти и треба да се населат насекаде.

    Некогаш поубаво седни и со ѕид зборувај... Да ти е срам со кого делиш воздух.
    :puke:
     
    На Stephen Amell, M.B., tirkenbal и 28 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.835
    Допаѓања:
    170.433
    Пол:
    Женски
    IMG_20200125_002652.jpg
    Мислам башка ова, имам видено мачка шо сака благо. И онлајн и ирл и како мачкарка на мои никогаш не им давам ама јбг на @Billy Idol приказната скроз друга позадина има. Зато и не обрнав внимание на делот со благо.

    Вервај, на сите животните ни имаат изедено нешто шо не треба и океј е. Некогаш не можиш да го дочуваш.

    Сакам да кажам дека неодамна другарка ми читаше листа на работи шо можиме да смениме во рутина и онака таа чита јас ѝ велам: "ова за тебе". За друго та ми вели исто. Шо сериозно, шо на мајтап за тизинг на мааните шо ги имаме. Ама едно ми остана така в памет шо знам дека сабајле штом станам ќе го заборам се дур вака пред спиење не ми текни пак. Чита: "намалвање интернет користење. Ова за тебе, не негирај" и одма продолжва да чита следно.

    Шо е право право е.

    Дури и Гугл ми пушта "тајни" пораки:
    Screenshot_2020-01-25-00-15-17-869_com.android.chrome.jpg
     
    На Harper, Purplelilac, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Ама му се запнавте на @Billy Idol
    Мојот мачор еднаш се обиде да јаде еклер, прелиен со многу чоколадо го фатив на дело на маса како се оближува а еклерот беше преполовен.
    Поминаа 2 години, уште жив и здрав е.

    Добро утро, сабота е, ќе се препелкам уште малку во кревет, па ќе се фатам за работа.

    Хев а најс деј.
     
    На eliesaab, Harper, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    За Мајушвиц му се фатија на човекот :doh:. Сакало чоколадо ете, душичка, ајде сеа да го распнеме човеков.

    @Billy Idol , не смее никој да те чепне, ако има нешто барај ме :^)
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    20.700
    Пол:
    Женски
    Добро утро, имајте убав ден:)
     
    На eliesaab, Rama и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Да беше жив денес ќе наполнеше 39г
    Беше еден од најголемите амбасадори на Македонија
    Имаше љубов и насмевка за сите нас
    Целиот Балкан ти се поклони
    Вечен си генерацио
    Вечна ти Слава Тоше Проески!
     
    На piglet1, cresa-jagoda, Rama и 12 други им се допаѓа ова.