Направи му на човекот лошо, ќе те памти и ќе те цени. Не е џабе речено. Ај да не се фаќам одма за лошо. Убав ден, сонце. Ми се оди негде на планина, на воздух. Надвор од цивилизација, без проблеми и обврски.
Од несвесни активности во сон - во 3.30 после полноќ ми ѕвонеле на мобилен. Сабајле се чудев на кој и зошто би му требала тоа време, ама петок е, поврзав дека можеби пиел алкохол и свртел кај мене. Се случува ајде, оправдувања мал милион му најдов, се‘ додека не видов дека 5 минути претходно ја сум му ѕвонела Е ај оправдај се дека во спиење се случувало сето тоа.
Цел за иднава недела: Да ги пробам Milky палачинките. Ги јадам со очи сликиве Се надевам дека се толку вкусни како што се фотогенични
Никогаш нема да ги разберам луѓето кои од блиски луѓе кријат убави вести, па дознаваш од други или кога све ќе се заврши, пропејуваат. Страв им било да не им расипеш, не се кажувало. Па ебате ако сметаш дека ти мислам лошо или ти пуштам негативна енергија, што *** има уопште да се дружиме.
Прееска со внука ми бев кај другарка ми, таму беше и друга другарка и почна на мајтап да и вели на внука ми дека во среда ќе сум се мажела, упорна беше во муабетот и вели за четири дена ќе биде тоа, па малата почна да се лути и' и велеше на другаркава дека нема да се омажам дека нема да ме пуштат со брат и, и оваа и вели заклучете ја во соба и не ја оставајте да излезе Леле кога се налути дете, не сака да ме "даде" бидејќи сме поврзани како сијамски близначки, едвај ја смирив, и другарка ми и вика "сега е тетка ти млада и не ти смета, ама кога ќе остаре ќе бегаш од неа" Тргнавме дома, и по пат ми вели-кога ќе се мажеше тета, за четири години? и само што влеговме дома, истрча да им каже на моите
А блиски луѓе за чии убави настани дознаваш тек од јавна објава на социјална мрежа? Со една така крајно се дистанцирав и нормално не и честитав зошто ме изедначи со ,,толпата,, познаници, колеги и случајни френдови.
Сдк дека јас не сум личност што некој би можел да ја побара при итна ситуација доцна во ноќта. Телефонот секогаш го ставам на Do not disturb кога легнувам за никој да не можи да ме разбудува дури спијам (ако заспијам ). Исклучок е алармот (кога ми треба) и бројот од дм. Од една страна ми е олеснување бидејќи нема никој да ме штрекни во ниедно време (лекција научена од порано), од друга се надевам дека никогаш нема да му затребам итно на некој среде ноќ. Бидејќи лошо им се пишува.
Овој месец го поминав без телефон а бев зависничка. Сфатив колку брзо можеш да прекинеш зависност кога се работи за телефон. И колку е поубаво без нив.
Воопшто не користеше телефон? Како одржуваше комуникација со луѓето во твојот живот? Можам да разберам без интеренет, социјални мрежи, форумов.. ама без телефон??
Сдк дека светот е е..но неправеден. Ме мава носталгија по добрите работи,луѓе...Страшна е реалноста во која живееме и ги раснеме нашите деца. Какви примери им даваме ако меѓу себе немаме никаква почит? Каде отидоа сите оние за кои скокнав во оган,за кои секогаш,ама баш секогаш се наоѓав? Осаменоста не ми пречи,но ми пречи што и моето дете е осамено. Како на мало девојче да му објаснам во каква сурова околина живее? Таа дури и не прашува,сфаќа многу работи,иако има само 4 години. Тоа уште повеќе ни го крши срцето. Преку глава ми е да вртам пишувам на еден на друг а демек сите немаат време. Не ,вие имате време но немате обзир. И ако денеска не сте тука за мене и моето дете, зошто очекувате утре тука да сум за вас? Нејсе човек кога нема фамилија на кого да се потпре, од "пријатели" не очекувај па ич
Денеска слушам само музика од моите тинејџерски денови. Или како што би рекле некои, имам throwback Sunday Случајно почнав со една песна на YouTube, па продолжив со друга што ми се појави во предлозите од страна итн итн. Ова сум го кажала многу пати, како што песна може да ти врати спомени, не може ништо друго. Буквално, како одново да ги доживувам истите случки, како да го чувствувам пак тоа што сум го чувствувала тогаш. Не беа идеални, но можам да кажам дека имав прекрасно детство и средношколски денови. Со задоволство им се враќам на тие спомени преку песни, слики, разговори И уште нешто, сега многу полесно имаме пристап до музиката што сакаме да ја слушаме. Еден клик и готово. Тоа има предности, но како пребрзо да се заситуваме од се'. Тогаш беше доживување да си ја начекаш песната на телевизија или на радио
Јануари 2020 Овие два дена ги исплакав. Преку ноќ добив отказ,пред 2 недели добив. Се прилагодувам на ново работно место. Од неактивност 2 недела наеднаш обврски. Излегувам надвор, ми се спушта притисок, глава ме боли. Имам некој што ми се свиѓа, тој е чуден. Сите другарите кој наваму, кој натаму. Ми треба некој салам. Депресијата ме убива, анксиозноста исто, 10 години еј. Стрес, стрес. Господе, нека последнава недела биде нешто позитивно! Луѓе, како сте вие? Како поминувате викенд?
Јас да ти кажам летото сакав од корен да се променам, и ко ја скрати никој не ме позна хахах. Сеа сакам да се маанам црвена. Како ќе ја кратиш ти?
Многу малку над раменици планирам. Имам се скратено така убаво ми стои ама ќе биде чудно оти две години скоро немам ја скратено а ми расте многу бавно. Можеби затоа што ми е виткана...
Сакам да кажам дека вчера го открив моето омилено видео на сите времиња. Прекрасно обработено, удира директно на поентата!