Не знам колку пати прашав некој. Дали сте ги користеле online курсевите што се на групер? Или кој било друг, па сте добил сертификати и колку ви биле во корист? Благодарља
СДК: Само што кажаа на Телма дека измамници ѕвонат по телефон и се претставуваат лажно како полицајци со цел да изнудат пари од луѓето. Внимавајте
Јас ги сакам кучињата и животните општо.. Ама кога ќе видам како се бараат 900 евра донација за некое куче а деца умираат додека се соберат пари за операции.. епа ми иде да ограбам банка Или да ги еутанизирам сите болни кучиња. Барем маките ќе им се скратат..
Не знам со кого праев муабет... Демек назадна сум била, демек американизацијава во Мк била добра. Не знам шо. Гледајте вести малку. Боже, шо нема. Апел до родителите да ги контролираат своите деца. Луѓе, толку гнасна ми беше веста за групата што ја направиле и ставале фотки од разголени средношколки. Peace.
Кој за што сака нека си донира. Некој сака животни повеќе од луѓе. А некој пак и да има пари не би донирал ни за тоа ни за тоа.
Зошто да сум го обајвувала Коби Брајант, не сум била машко. Не знам или јас не сим во ред нешо или некој има предрасуди.
Недела вечер, уште една прочитана книга, следува чај со рум и Грејс анатоми со Дерек Шепард, никогаш не го преболев. Имајте пријатна вечер.
Ако имаат одвишок пари нека даваат. Кога би било тоа вистина што им го кажуваат по телефон, наместо да даваат пари за да ги спасат од затвор и да се заташка случајот, треба да остават да си одговараат за своите грешки.
Еден ден само барам. Еден ден да седнам на кревет, да разгледам наоколу и да си речам чисто е се, нема што да чепнам. Колку и да чистам, да се распаднам од чистење и средување, другиот ден или часови после тоа е како бомба да паднало. Да исчистам и да излеземе, кога ќе се вратам нечисто е. Секој ден после работа имам еден куп обврски по дома, а станот е 36 квадрати. И уште што имам работи во план да ги средам ама не можам време да најдам. Сега да одам дома, 3 цели дена ќе треба да средувам, а вчера генералка правев. Станот иначе ми е претрупан, а јас само купувам и купувам и купувам, се што ќе видам сакам, среќа има место бар да се помине. Исто и со алиштата. Истите пантолони си ги носам и две кошули си ги мењавам, а шкафот пука од алишта, столот карши исто и даската за пеглање, па и под кревети. И јас купувам и купувам, се што ќе видам ќе купам. Еден период ветив дека повеќе нема ништо да купувам пошто реално има се што е потребно за живот, да не речам има и многу луксузи плус, башка и кавги паѓаа за тоа мое трошење. Амааааа, ми се паднаа 40 000 денари на игри на среќа и ајде што да правам...
Мизерни македонски порталчиња уште помизерни новинарчиња желни за кликови. Наслов буум коби загинал со сите ќерки биле со него. Уште пак платена реклама за насловов да стаса кај повеќе луѓе на почетна. Ова под итно треба да се казнува со закон не може секој да пишува секакви глупости! Секогаш ама секогаш кога има сомнителен или глуп наслов прво ги читам коментарите и гледам дека е фејк и не им праавам кеиф за отварање.
А шо викаш за моиве 200 квадрати куќа? По оваа логика ние шо живееме во поголем простор треба роб да сме на домот и да го посветиме животот само на чистење?!
Каква бизарна логика. Ми е гајле мене женска за твоите 200 квадрати, за себе си зборувам, ти што сакаш прави си дома, ако сакаш творови чувај си. Да ти одговорам: Не, не беше поентата дека вие со 200 квадрати куќи треба да чистите ко робови и друго ништо да не правите во животот, тоа не го ни помислив ни сум помислила некогаш, сама се критикував на некој начин дека толку мал стан не успевам да го одржам чист.
Сакам да кажам, пошто мора да ми олесни, неодамна ја забележав темата „вонтелесно оплодување“ и главата моја никако не можеше да сфати за шо се работи. И отворив, видов, да, прај смисла само шо во моментот бев јас малку занесена. И сега или темата е многу активна или од кога си се обрукав пред себе поќе за забележвам, и секој ден ја забележвам, секое пуштање на фемина и онака срам ме јади пред себе дека не сфатив на право за шо е.