Дувна ветерче, си роси дождец, се растера загаденоста на момент, а од утре пак ист проблем, без решение на повидок, со желби за понатаму пак да продува и заврне. Читам пред малку „НЕ САКАМЕ ЗЕЛЕНИЛО, САКАМЕ СТАНОВИ ЗА ДЕЦАТА, РЕАГИРАА ГРАЃАНИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ДУП-ОТ ЗА ДЕБАР МААЛО 2 И ГРАДСКИ ПАРК“ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...ta-na-dup-ot-za-debar-maalo-2-i-gradski-park/
Сношти сакав да ти дојдам ...да те видам ...да те гушнам и да ти кажам дека... Сакам да ја земам твојата мала рака да ја стопам со мојата, малку поголема да заедно излеземе од времето кое е само дел од вечноста која касни,тмурно време, пурпурно Вечно Сакам да се стопам со тебе љубов... Како може насекаде да постои? Овде е толку бело и лесно како мирис, чисто, мирно и една лесна музика ја држи светлината а ти, како си? Ало, тука ли си уште? не, ништо, сакав само да ти кажам дека многу, многу те сакам...
Сакам да кажам дека многу ја сакам баба ми. Ама ако до сега имав двајца прегласни луѓе дома, сега имам тројца. Башка иди комшивката - четири. Ми се плачи. Ми пулсира главата.
Од денес ќе ме очекува долга борба, да успеам во нешто што долго време го одложувам. Знам дека ќе бидам сама во ова, знам дека сама ќе успеам, знам дека ќе излезам како победник. Стравот помина, време е за нешто ново и подобро.
Добро, се е ненормални во државава. Која е потребата да лажат за вакво нешто?Живеам на 3минути од Сити Мол и не знаете кој страв го имав прееска, уште па на еден наш познаник му рекле демек имало бомбаш-самоубиец. Кај живеам ооф
https://www.facebook.com/ivan.nikus...pfSTI4MDYzMTUxNzQ4MDoxMDE1NzIyMzE1NDUxMjQ4MQ/ Срамота, незгодно ми дојде од понашањево негово
https://www.slobodenpecat.mk/ova-video-gi-zapali-soczijalnite-mrezhi-mrsh-od-tuka-koronishta-edni/ кое дно од народ сме...
Во ходникот во школо има клавир, ептен распаднат, ама работи некако. Кога чекав пред кабинет решив да ја свирам Ода на радоста, иако ја знам само нота по нота и не сум воопшто музички талентирана личност. Како и да е, денес видов дека клавирот е заклучен. Океј.
Бев на гости кај пријателка и разговаравме за кучињата на нејзините соседи. Таа вели дека едно од кучињата не го видела пуштено никогаш. Отишла и на жената која живее и рекла дека е греота. На што таа одговорила: ,,Таму му е местото". Инаку мојата пријателка таму живее 7 години. Тоа е измачување. Подобро да умре отколку така да живее.
Сакаш да закажеш за ебен пасош, нема кој да ти крене ебена слушалка со денови. И да сакаш да праиш у Амбасада, треба после три месеци да чекаш да го спремат, оти рачно калиограф го пишуе и сликар портрет ти праи. Онлајн не може по итна постапка, сите тремини се заузети. И да успееш да закажеш, и да платиш итна постапка, 90 посто веројатноста е дека ќе треба врски да фаќаш да ти го завршат и за 5 дена, оти никој еден таму не е писмен, ако уопште е на работа. Да ти ебам државата.
Баш читав пред некој ден. Кој се' има право на глас и мислење во државава, тоа чудо едно. Абе кај било за нас демократија? Спроведи тоа планот таму, посеј некое дрвце да никне и батали што има да каже некој што поим нема од урбанистичко уредување. Викале кај се видело во градовите во светот оддалеченост меѓу зградите. Не бе не мора оддалеченост, ќе си се ѕвериме едни во други преку прозор. Не мора ни посебни згради да има и онака сељачана цела држава, ете може пештерите да ги окупираме.
Тоа со сељакот кај што се дере по туристите, баш прееска и брат ми кажуваше во ЈСП еден токмак го отворил прозорот и исто им викал на луѓе од жолта раса Корона, Корона, мрш да ве нема. онака од чиста мира. Од прозор ко најголем сељак викал додека тие си чекале улица да преминат. се надевам не биле истите луѓе од видеото пошто стварно ми е жал. Замисли одиш во непозната земја и не го знаеш јазикот, па ти доаѓа некој сељак и ти се дере над тебе. Која култура владее во библиската земја. Не треба ниеден турист да стапне во дупката. Со кој памет доаѓаат луѓето кај нас?
И овие луѓе имаат право на глас да ти одлучуваат за иднината на земјава. I just can't. Да ви го имав мозокот на еден ден да одморев малку.
И така...ќе пушта мејлови ноќе у 2ч.ќе не малтретира на виб 30души -повторно ноќе , ќе глуми лудило демек се утепува од работа за ,,сите нас кои мирно спиеме" ....ама заборава да го смени името на она ,,изготвил:" ....е.ати идиотот,е.ати...