Не сакам да кажам, сакам да прашам. Колку профили побогу се отворија за фамозната робот правосмукалка? #прашањекоемемачи
Јануари и не беше толку лош. Не поставив цели за почетокот на годинава, можам да кажам дека живеев од ден за ден, интуитивно. Се обидев да не планирам премногу. И се покажа дека срцето знае подобро отколку секој планер и секоја листа на цели. Среќна сум што не се откажав и одам понатаму. Имам еден непресушен извор на енергија и љубов. Оттаму и многу мотивација. Доволно ми е тоа за да го зграпчам секој ден.
Денес имав можност да ги запознаам Корејците од расистичкото видео што се појави пред некој ден. Како што е веќе познато, тука се дојдени да одржуваат работилници за мир и толеранција. Беа најфините луѓе што сум ги видела, кога зборуваа се гледаше дека сè што прават доаѓа од многу pure место. Раскажуваа за нивните посети во Африка, за желбите на тамошните деца, и општо за начини на зачувување на мирот. Кога зборев со еден од нив, му кажав дека работата што ја прават е од огромна значајност. И навистина мислам така. Кога го видов видеото добив желба баш тоа да правам, да одам од човек до човек и со факинг пауер поинт презентација да им објаснувам на луѓето зошто расистичка некултура на улица не е океј. Кога во интервјуто за телевизија го прашаа што мисли за инцидентот, кажа дека тоа е само еден случај, дека е единствениот пат што им се случило ова во Македонија, дека имаат и други врски со нашава држава и дека имаат впечаток за Македонците како љубезни луѓе. Колку финост треба да има во една личност за по најодвратното можно искуство во една држава, да не дозволи тоа да му влијае на целосната слика за државата. Или барем да остане доволно прибран да не го каже тоа. Расистичките будали од видеото не можат на мал прст да им се фатат. Го прашав кој пристап да го имаме со вакви луѓе, рече најважна е комуникацијата. Се согласувам, ама каква комуникација може да се има со веќе пропаднати менталитети. На крај ни се заблагодарија на сите, разменивме инстаграм, се поздравивме, ама нешто во мене остана да ме јаде. Колку и да се учениците што ги запознаваат по училиштата фини со нив, пак она по што ќе ја паметат нашата држава ќе биде расизмот. Искористете го малку разумот луѓе, и бидете културни жити сè, не ја срамете цела нација.
Кога некој ќе ме праша дали има глупи луѓе ги посочувам оние што плаќаат дојави за "местени" утакмици од сајтови на фејсбук
Живееме во период каде што ги е срам луѓето да посетат психолог или психијатар од страв што ќе речат луѓето па затоа посетуваат бајачки и гатачки, понормално било, ќе им ги реши проблемите. Со боринче да ги отепаш.
Зошто? Јас 90% донирам за животни. Не знам дали треба да се правдам каде си ги давам парите? Не секогаш донирам за лекови. И за храна, пансион. Убаво е човек да има сочувство. Не е убаво да бараш од другите да имаат ист морален компас како твојот.
Зимава полека си заминува а веќе се осеќа мирисот на пролета, особено денеска. Како што доаѓа летото уште повеќе ми се зголемуваат предизвиците, ме фаќа трема, паника хаха.. Но тоа е, мора да се поминат матурските обврски па после и средувањето за на факултет.. Добре дојде Февруари
Добро утро Шубо грејт сонцено надвор, езероно мас Ваков ден не се пропуштат, се средувам одма и одиме со дечкото на прошетка и на појадок. Надвор е само 1 ви февруари, а јас имам претчувство дека е лето Ајде одам, поздрав, се читкаме
Колку бргу времето лета е и фактот што малиот комшија кој го немав видено 2-3 години, преку ноќ влегол во пубертет и се извишил глава повисок од мене. До неќни беше детенце со такво слатко гласче, а сега ми иде маж дупло поголем од мене. Со што ги ранат да ми је знати...
Остај... Сега ја купив и јадам... Вкус нула. Пази колку сум вегетаријанец се исцедив сок од лимон и, ѓумбир си изрендав. А, за ручек месо ќе иам. Бдв, некој да кажи состојба Градски парк, мислам да одам.
Навистина не ми е јасно зошто се навредувате кога некој ќе ви каже дека факултетот ви е полесен/лесен. Некои работи се факти. Не може факултет кај што испити се чистат со колоквиуми кај што повеќето прашања се на заокружување и најчесто вооошто и нема усен испит, да е иста тежина со факултет кај што имаш три задолжителни колоквиума, плус завршен тест, практично, усно. Башка незадолжителни предавања и факултетот е 4 години, а и самата тежина на материјалот е друга. Не дека ги потценувам другите факултети, напротив, секој си има негова улога во општеството, ама да бидеме реални. Професор по англиски никогаш нема да биде доктор на медицина.
Е амин за муабетов. Мене освен родители, не ме сфаќаат другиве туку ќе ми кажат нешто како "преувеличуваш" онака низ редови.Ама ајде решив да не се замарам веќе со небитни коментари и глупости.