Да, ама и доктор по медицина никогаш нема да биде архитект. Ни правник никогаш нема да биде информатичар, ни инженер никогаш нема да биде економист, итн. Не ти го потценувам факултетот, ама.. Престанете да мислите дека вашиот факултет е најтежок. Има и други факултети кои полагаат практично, писмено и усно. Дури и да е само писмено, стига им го потценувавте трудот на другите од тие факултети со вашето лесно е така. Опкружена сум со медицинари и секогаш ама баш секогаш нив им е најтешко. Толку се имаат издигнато само оти студираат медицина, што сите други сме ставени едно ниво подолу. Има и исклучоци секако, секоја чест за нив.
За тоа колку пати се полага во семестар и колку задолжителни предмети има во семестар верувај дека на медицина има најмногу, убедливо. Е сеа не би рекла дека факултетов е најтежок во споредба со сите други ама спаѓа во група на најтешки факултети - кои да бидеме искрени се потешки и бараат повеќе труд од други факултети или смерови . Не сакам да правам споредби со конкретни имиња зашто сигурно некој ќе се најде навреден ама тоа си е реалноста.
Реалноста е релативна. Она што за тебе е реално согледување на нештата, за друг е тотално исфорсирано и преувеличено. Ако немаш истражено за другите факултети, подобро не пишувај дека на вашиот има највеќе предмети.
Сосема погрешен член најде да цитираш. Како некој што студира на два државни факултети, од прва рака ги гледам работиве и глава ставам на тоа што го кажав погоре. На едниот факултет скоро и да не се појавувам, а имам 9ки и 10ки со ни една десеттина учење колку што учам за Медицински. Баш вие што никогаш не сте биле на Медицински не треба да си давате за право кога некој ќе ви се довери, ете макар и на форум да проба да си ја каже маката, да му се ставите со фразата ,,Ама и мојот факултет е тежок, па не се жалам". Покрај тоа, предавач и фасилитатор сум на Еразмус+ проекти, а се занимавам и со научно-истражувачка работа. Мајка ми иако е доктор, истовремено е и книговодител. Така да некогаш навистина е подобро да преќутите кога немате никакво искуство и не сте стапнале на Медицински.
Одлично што кажа дека на едниот не се ни појавуваш, а ќе завршиш со просек 10,00. Баш сега ни откри зошто треба да имаме високо мислење за тебе. Спуштете се на земја, плис.
Сите блиски и познаници со кои што сум во контакт се на различни факултети и согледувам како идат работите.Не е потценување ако кажам дека има голема разлика во тоа што го гледам, туку факт.
Мислење на ликови од форум воопшто не ми е битно. Луѓето што ме знаат во живо, знаат за што зборам. Кој колку ќе се потруди, толку и ќе добие во животот. Само што на некои факултети со многу помалку вложен труд можеш да бидеш поуспешен. Пак ќе кажам, не знам зошто толку ве погодува ова. Учи и ти, труди се и верувам ќе ги постигнеш истите резултати ко мене. Ама многу е лесно само да се пишува на форум, нели?
Факт е ако зборуваш од сопствено искуство и за другите факултети, се' друго е само твоја претпоставка. Ако не ти е битно, тогаш немаше да раскажуваш што се' си студирала, што активности имаш дополнителни и дека твоето е најтешко. Токму затоа и ваквите нема никогаш да ве ценам, затоа што се гледа од авион кој е на земја а кој лета во облаци. Џабе и уште пет факултети да завршиш штом прво немаш емпатија, а особено ако си на медицина.
Не, обичен човек сум што еден ден ќе спасува луѓе. Медицината е најхуманата професија и како некој што учи тоа, би било крајно контроверзно да имам такви ставови. Само сум реална и како некој што има лично искуство, не би да дозволам деградирање на Медицински.
Почитувани колешки, без разлика на кој факултет студирате, без разлика дали утре ќе бидеш доктор по медицина, професор по англиски, генерал во АРМ, судија, прво и најважно е да бидеш ЧОВЕК. Секој факултет и секоја професија си има своја тежина. Не мешајте баби и жаби.
Еве го потценувањето. Секаде треба многу труд ако сакаш да бидиш успешен. Крај краева не е се' до оценката, знаењето треба да ви е побитно. Шестката е најтешка оценка за добивање, тоа е факт. Ова доаѓа од студент на економски, еден од најпотценуваните факултети. Прелесен е дури не се запишиш и не почниш да учиш.
Како е претпоставка ако некој ми кажува се што полага и имам баш директен увид во тоа па можам да направам споредба за полагања и материјал врз основа на тие факти? Не планирам веќе да се докажувам, океј е, мислете како сакате и што сакате
Еве ти успеа да ми направиш и детална проценка на карактер. Браво за смелоста. Од вакви мислења секој ден се повеќе и повеќе се мотивирам и јас како и многу колеги да ја напуштам државава. Ама ако... Ќе дојде ден кога секој ќе се сврти назад и ќе погледне што направил во својот живот за другите луѓе.
Не си реална, воопшто. Секој факултет си има свои тешкотии. Без разлика дали е Филолошки, Филозофски, Медицински или не знам кој ти таму. Брат ми беше Економски факултет, толку многу учеше што си го влоши здравјето, проблеми со притисок и спиење, ама ниту еднаш не се фалеше дека го заврши за рекорден факултет ниту па се жалеше. Не сте го фатиле Господ на мадиња па да се курчете како да сте добиле Нобелова награда. Да не почнам какви се случаи има по болниците од страна на персоналот кои го имале истото мислење како тебе. Има луѓе кои завршиле средно медицинско а не знаат каде се наоѓа срцето или други органи, па што?
Треба труд, ама не ист труд. Сепак, тука влегуваат повеќе фактори вклучувајќи ја моменталната психичка состојба на тој што учи како и интелигенцијата. Секако и колку го интересира тоа што го учи.
И тоа е индивидуално. На некој му треба повеќе труд и време за некој предмет, на некој помалку. Сите сме различни. Различни преференции, различни интереси, различни амбиции. Ама, не мислиш дека е глупо да ги гледаш другите луѓе од високо дека не се на медицина запишани? Па ти колешке си ја читала ли Хипократовата заклетва? За каква медицина ти зборуваш? Медицината јас што ја учам, ме научила да не ги делам луѓето по раса, нација, вера, сексуална определба, школо, лични избори итн. Напротив, сите сме исти, од крв и месо. Учиш медицина, за да бидеш доктор и да му помагаш на луѓето, да бидеш човечен, а не да ги класифицираш на помалку или повеќе интелигентни и амбициозни.
Не си реална. И на другите факултети има преобемни предмети со над 500 и над 1000 страни материјал,и усно и писмено полагање,и лоша администрација и лоши или строги професорки. Секој факултет има своја тежина. Секаде се паѓа испит,па следен пат со подобро учење се положува и секаде се случува да му фали на некој бод за повисока оцена,па не се жали секој ден во теми на форум или барем пишува без да ги омаловажува другите. А,вие неколку ги потценувате и омаловажувате другите без да ја знаете суштината. Тешко на вашите идни пациенти!