Девојче, труд е потребно на сите факултети. Ако не научиш, нема да поминеш, може да бидеш и вечити студент ако не се потрудиш. Никој не вика дека медицинскиот не е тежок факултет ама не сте Бог знае што ако студирате тоа. И Електро е тежок, а да не го спомнувам и ФИНКИ. Не мора да леташ во облаци, у реду е.
Не дај боже сите да работиме како неа и да ги земаме тие 45 денари по пациент месечно (мислам дека толку беше надоместокот од Фондот). Тоа е вистинското деградирање на трудот.
Така де, затоа си имаат неформален тарифник лекарите и без таа сума не те ни погледнуваат. За тие пари пишав претходно.
Едно е да дискриминираш без никаква основа, а друго е да не се правиш слеп и да гледаш дека има разлики од човек до човек, од струка до струка, од факултет до факултет, од држава до држава... Не може да се избришат разликите, напротив, убаво е да се прифатат.
Само тука сум го сретнала тој феномен што уствари е "на медицински сум, најтежок е". Извините вака, вие знаете ли колку е тежок машински, металургија, економски и уште мал милион други? И сеа што ако сте на медицински? Ништо, ама баш ништо. Секој ќе си тера својот пат. Претерувате со овоа деградирање на другите струки. Свесни сте дека ако сите сме со медицински ништо нема да биде. Денеска мора да има и економисти и правници и доктори и се. И јас сум на ФМН и не си давам право да викам дека е најтежок. Ако имате строги професори не значи дека е најтежок и ако имате 10 предмети. Ако ви е толку незамисливо тежок откажете се побогу. Секаде има и тешки и лесни предмети.
Колешке очигледно и ти, како и останатите овде многу површно ги имате сфатено работите. Јас, како студент кој од прва рака има шанса да прави компарација, направив споредба и само изнесов факти. Она што мене ми е тешко не значи дека и на друг ќе му биде и обратно. Не гледам никој од високо ниту пак ги дискриминирам луѓето. Сум помагала и ќе помагам на сите. Го почитувам секој што е добар кон другите луѓе. Факултетот не е мерило за успех, туку тоа што ќе го направиме во животот после него. Секако дека ќе има и поуспешни од мене, без разлика на факултет. Факт е дека има помалку и повеќе амбициозни луѓе, исто како и повеќе и помалку интелигентни.
Можеш да ги пријавиш. Секој што работи со Фондот е обврзан да се води по однапред утврден ценовник за партиципација. А и преглед кај матичен е бесплатен, затоа секој што непрописно ќе ви наплати, можете и треба да го пријавите.
Напротив колешке, вашите коментари се многу поповршни од моите сфаќања. Фрапирана сум од начинот на кој размислуваат моите колеги, идни доктори. Разликите се тука, тоа е факт, ама ти како лекар не треба да се величиш со тежината на твојот факултет, туку со големината на твоето знаење. Скромноста, емпатичноста и знаењето што го поседуваш се причините зошто пациентите ќе те сакаат и почитуваат, а не способноста да ги разликуваш едни од други.
И меѓу политичарите,правниците,економистите,математичарите,хемичарите,психолозите и останатите има интелигентни и вредни,па и амбициозни. Сите се трудат,па поради тоа не треба ни медицина,ни некоја од другиве науки да се става на пиедестал и да се класифицира како најтешка за изучување. Не изнесуваш факти,туку омаловажуваш. Да бев деканот на Медицински,ќе се подзамислев и запрашав како примив личности како вас да студираат медицина. Да се биде доктор значи да се даде сè од себе за да се спаси сечиј живот,а под тоа се подразбира и несебичност,значи да не се омаловажуваат и делат другите по категории раса,вера,пол,образование и останати.
А за матичен лекар ли збориме? Ја се извинувам, ги повлекувам зборовите, таму дефинитивно не бараат мито. Но ако веќе ги рангираш луѓето по амбициозност и интелигенција, матичните се најниско на таа скала, кога се работи за медицинари.
Пеперутке, оди учи на медицина си. Кај наоѓаш време по форуми при таков претежок факултет? Цк, цк, цк.
Јас сакам да кажам дека, сакам цели 2 месеца да земам осмор од работа и да одам на шетање низ Латинска Америка.
Големината на знаењето за одредена тема е правопропорционална со тежината на препреките кои се поставени, како и желбата и трудот. Не би да продолжам повеќе со дискусијава, ќе дојде ден кога сите ќе имаме шанса да ги покажеме своите знаења и доблести.
Шо сте запнале да се пишете у Скопје на Медицински кај што уште се користат газиеви ламби при експерименти, одете пишете се у Софија кај шо завршуваат смер општа медицина just like that Или, Штип? Се сложувам тежок е факултетот, збиени ви се предметите многу, не се учи растеретено, ама пробајте идете на Ветерина да ве видам после Медицина, да видите тешкотија што е.
Мене ми изгледа дека поголем дел од студентите на медицина се запишале да лечат комплекси дека многу тежок факултет завршиле а не оти сакаат тоа да го работат. За жал добар дел од докторите се такви како што се. Дека сите факултети не се исто тешки мислам дека е факт ама не дека медицина е нешто посебно. Фала богу дека има за учење, утре луѓе ќе треба да лечете! Само немој да се занесувате дека тоа ви е некој доказ за интелигенција, за таа професија не ни мора да си премногу интелигентен. Треба само да имаш капацитет да набубаш теоријата и да имаш желба да помагаш на луѓе и да го работиш тоа (за жал ова и не е присутно кај многу од докторите). Пример за електро да завршиш треба да имаш плус логичка интелигенција, па не сум видела толку многу од нив да се занесуваат како медицинарите. На крај краишта ништо не е црно бело, и факултетот не е релевантен фактор за нечија интелигенција. P.S. за членката што спомна дека мајка и е докторка плус книговодител. Како тоа докажува дека да си доктор е многу тешко? Ова што го кажа баш е спротивно на тоа, Изгледа професиите и се релаксација штом може двете во исто време да ги тера.
@Unicornus sweetheart, мало ниже плис. Полека со титулите, твоето iQ и амбициите. Како што рече, на форум си. И, автоматски веќе влегуваш во категоријата на луѓе за кои пиша во првиот пост. Неизживеаността е најголемиот проблем на повеќето луѓе ениуеј.
Лично шо сум ги имала тие неколку ситуации до сега, сметам дека овие шо се на медицина малце преувеличуваат што студираат и плус вреѓаат. Да, за живот се работи. Ама не се никако за потценување и другите факултети. Ај да не речам каков филм ги тепа со тој белиот мантил.
Дечки, намалете на егото, сите сме небитни и онака. Дека на факсот у МК - на кој било факс - многу се учи нели, затоа рангираме на дното на секоја листа со универзитети. Али ај за некоја година ќе праиме муабет.
Зошто цело време купувам, а мојот фрижидер постојано е празен, само тоа не ми е јасно. А, ова со дискусијата за факултет, не знам што да речам. Да тераме сите со својот факултет и без полемиките кој имал најтежок факултет. Штом сите завршуваат сигурно ништо не е тешко како порано.