Вау, извини царице. Не знам точно каква врска има тоа ти со што се се занимаваш со темава ама океј, нека ти е. Немаме право да ви кажеме да не се жалите оти и нашиот факултет е тежок, исто како и вие што немате право, кога некој од немедицинарите ќе се пожали да му кажете "Ех ништо не е, ти да видиш мене колку ми е тешко." И плус од каде знаеш дали јас сум или не сум стапнала на Медицински и каква е мојата врска и познавање со факултетот, така да, некогаш стварно е подобро да премолчите.
Не се секирајте, сите сме се труделе и учеле, сме минале куп непроспиени ноќи, здравјето ни се нарушило во некој момент, сме трпеле стресови итн. Успехот си има цена и уште некој ќе си земе за право да го потценува ова. А кога веќе сме кај медицината, ако немате емпатија кон луѓето, џабе ви е. Ене ги, гледаме каков персонал имаме, оставаат пациенти да чекаат за тие да си го испијат кафето на раат. Прва грешка од низата. Се жалиме сите какво ни е здравството, ама кој го прави тоа здравство?
Ама... Имав другарка која се чудеше како заглавив на факсот едно време, иритираше со тонот во кој наоѓав мала жичка на ' јас све положив'. Па сестро златна ти на ДИФ имаш 40 страници вкупно за колоквиум да научиш, ние на економски 400 страни за едно предавање листаме. Немој бе. Друга пак, Гоце Делчев Штип бил подеднаков ист ранг со Кирил и Методиј. Ноуп. Едноставно не. Трета приватен. Енергијата ќе ти ја исцица кога почне да збори за жртвата која ја барал нејзиниот факс. Океј, да . Не се осеќам за попаметна или поспремна што имам студирано таму кај шо имам, сите сме на исто дереџе после дипломата, ама некои ствари се знаат како стојат и нема тука што да се убедуваме и лутење и навреденост да фрчи.
Вие на медицина ако сакате и сите 10ки наредете ги, ако сакате и до детал знајте сѐ, џабе ви се ако немате скромност во однос на тоа кои сте, љубов кон својата работа и почит кон туѓата. А знам бројни примери што чиниш отишле на медицина само за да им се клањаат сите.
Леле примеров Абе и медицинскиот персонал се луѓе , знаете дека имаат право на пауза во работно време, така?
Знаеме. Дали паузата треба да е приоритет пред нечие здравје? Јас, што работам сосема друга работа, поневажна од ова за што пишуваме тука, не ја искористувам паузата ако е важно нешто да се сработи, а камоли медицинско лице.
Џабе имате висок IQ, кога немате човечност. Само ме интересира, како ќе зимате плата вие ко доктори, ако не работиме ние обичните смртници.
Ништо нема да се случи ако почекаш 15 мин повеќе на матичен или за обичен преглед.Не збориме за итни случаи туку за нормални прегледи. Си имаш термин и си одиш тогаш, не ми е јасно како очекувате секаде први да ве примат.Почитувајте го времето на луѓето што ви ја даваат услугата. Ако сте во странство сигурно нема да трчате и да се жалите зошто докторот/било кој друг од персоналот имал пауза.
Очигледно не го сакаат, учат за да се фалат дека учеле на најтешкиот факултет. Џабе и дипломи и 10.00 просек кога душата е ситна.
SDK sinoka onaa Delfina vo souto na Lila ne mozev da ja podnesam prclosuvanje do nemaj kade I poslem tato shtom taka veli ke igram I ete se naigra
Големината на еден човек е кога е скромен и човечен и покрај титулите кои ги има во животот и во професиите. Менталитетот во нашата држава не прави да се надмудруваме кој е побитен во општеството, затоа и никогаш нема да не биде. Натпреварувајќи се со колегите, непочитувањето испливува на површина и за жал многу кажува за нас, како народ. Здрави и живи да сме сите, да нема потреба да посетуваме лекари никогаш. Јас пак еве се фрапирам од паметот на математичарите, од електричарите, научниците, фармацевтите, од ветеринарите, итн. никогаш мојот мозок нема да биде на тоа ниво. Греота, на толку малку народ за какви работи се замараме
Јас се водам од мојата максима: Ништо не е тешко ако човек работи/учи со љубов. Барем за мене е така. Сум учела до исцрпеност, ако било потребно. И сега, кога работам подолго од вообичаено, не го гледам тоа товар туку како задоволство. Страст кон професијата на која сум одбрала да и' се посветам. Конфликтот околу тоа кому му е потешко или најтешко нема смисла. Зашто никој никогаш нема да може да влезе во туѓа кожа, секогаш нашето си е најтешко/најзначајно за нас. Перцепција. Од друга страна, ако нешто ми оди на нерви тоа е претераното фалење, издигнување на својата професија, титулите, звањето, што и да е. Не зборувам за претерана и изнасилена скромност, зборувам за човечност и способност човек да остане присебен, достапен, а не да полета во облаци од ароганција. Не верувам дека така ќе бидете повеќе почитувани и ценети, ако ви е тоа целта. Оставете делата да зборуваат за вас. Сакајте го тоа што го правите, во тој случај нема да имате потреба самите да се фалите или да се издигнувате. Peace and love
За да бидеш добар доктор,потребна ти е емпатија оти без неа лошо ќе ги проценуваш состојбите на луѓето.Ако ги двоиш по некоја основа,сто посто ќе им наштетиш,и после џабе ти се тие десетки на факултет. Читајќи ги мислењава на форумов,а и на други форуми,и гледајќи што се случува во болниците,можам да заклучам дека дефинитивно е потребно заострување на критериумите за упис на медицинските факултети и да се воведе и психолошки тест како главен услов за прием на тие факултети. Значи тој што има ниска или воопшто нема емпатија кон другите и кој ги дели другите по секакви основи,а при тоа себеси се смета за супериорен,да нема право на упис на тие факултети,па макар и да бил одличен ученик во основно и средно.И да се искоренат примањата преку врски. И не,ова не го мислам само поради денешната дебата или расправија,како сакате,туку и поради она што го гледам во здравствените установи.
Е ај сега почнавте и психолошки профили на рандом луѓе да правите, демек некој нема емпатија ако кажал дека не е секој факултет со иста тежина. Не е исто 8 предмети и 4 во семестар и ај сега на клада да се ставиме ако не. Готово, немаме емпатија за никого и нема да им помогнеме на тие што не биле на медицински.
Секој факултет и секоја професија си има своја тежина и значење. Еве да ја земеме за пример болницата. Таа нема да постои ако нема луѓе што ќе направат план за изградба, луѓе што ќе учествуваат во изградбата. Архитектите, градежниците. Апаратите во неа треба некој да ги дизајнира, треба да ги монтира, треба и да се одржуваат. Како ќе учите медицина ако нема некој што ќе ги преведе комплицираните медицински лексикони и атласи? Како ќе се разберат лекарите со пациентите што не го зборуваат истиот јазик, ако ги нема преведувачите? Како ќе се лекуваат пациентите ако не се тука фармацевтите? Да не зборувам за одржувањето на хигиената во болниците што е од клучно значење, исто така и водењето на документацијата, администрацијата итн. И уште куп други работи. Едно без друго пропаѓа. Значи не можеме да се натегаме што е најтешко и што е најзначајно. Се' e значајно. На нас е да си ја работиме нашата работа најдобро што можеме.
Убава има бебе. Срнче. Он чека бебе, енидеј сун. Се сретнале кога била трудна. И го погалил мешето, она му ги задржала рацете. Неколку дена потоа се породи. Он плачеше како да е негово, а да го одделиле. Грижа на совест не уби цела недела, ем што слушавме, ем што изговараш зборови кои не ги мислиш, а се исправни и очекувани - опамети се, не вреди, што си видел во неа, имаш веќе семејство, бедно е ова да го правиш. Да, прав пријател треба да ти го рече тоа кога веќе се е готово и не може поинаку. Станов колку "психотерапии" помина... ама оваа секогаш се крши како фин кристал и ме остава во солзи од животот и колку можеш да си погрешиш сам на себе. А на инстаграм се е совршено ... прекрасно... ама се чувствува колку е нељубовно, изглумено, исфорсирано, се по теркот на убавината без поента. Со визуелен, секому допадлив концепт, а никаква содржина и обогатеност. Со книги кои реално, никој, никогаш не ги прочитал. Убава си го роди Бамби во човечка верзија, поубаво бебе не сум видела, со убави, крупни и закосени очиња, како нејзините, права бебка. Денес ги сретнавме на сончевина, се поздравивме и направивме лесен разговор, дур машки дел правеше некој необавезен муабет ме праша само до каде се, со кнедла реков уште малку. А у себе ми дојде да и речам, тоа јебено ваше уште малку, еве сега вака, две невини душички, па и овие двајца до вас... ми дојде лутина, најлута на свет. Можда требаше да и речам, а што е веќе па важно?! Мм вика дека гледаме реален љубовен филм и дека баш е тажен, а инаку баш е по акцијата, но он мислам дека е попотресен од мене. Немојте никогаш, никогаш, никогаш да се откажете од она кое го чувствувате за вистинско, ваше, судено или како год. Ретко би жена вака на жена, но има жени светлина... жена, мајка, нежнотија, во движењето, во тактот, во племенитоста, во се, се поинакви, прекрасни и свои. И разбирам кога се сакани многу, има и зошто. Храброста нека не ви недостига кога животни одлуки се во прашање, особено залепени на срце и душа. Зошто нефер е и за другите околу вас, не сте искрени и сте половично предадени, секогаш со половина некаде таму каде што сте целосни.