Секогаш кога сакам да дремнам бебе урла, сега заспа и имам шанса за тоа, јас се ококорив. Ќе плачам вечер, гледам
Зборите за оној Медицински факултет каде што се плаќаат оценките, каде што има исфрустрирани професори кои не гледаат кој колку знаење има, туку колку му е длабок џебот на студентот и кој има врски? Па да ти е страв во чии раце ќе паднеш, наместо да те оздрават ќе те доумрат уште толку. За обичните смртници е еден од тешките факултети, но не можам да кажам најтежок. Има и други тешки факултети: Електро, Финки, Машински и да не набројувам уште... Ама оние татините и мамини галеничиња кои имаат врски и полн џеб богами тие во рок ќе завршат и ќе се праат дека се Ајнштајн, ќе се вработат и ќе умираат луѓето.
Така е за жал, 3 месеци сум на факултетов и вистина постојат такви случаеви. Но, за среќа постојат и мнооогу деца што со свој труд постигнуваат и учат, за нив секоја чест. А, за тие другите...
Е од ваквите коментари највеќе ми се превртува во желудник. Како демек на другите факултети тоа го нема? Поентата беше друга. Не врските, непотизмот и корумпираноста, ама ок. Јас еве од моја перспектива ќе си кажам. Зборувам за факултетот, за кој точно е дека има свои недостатоци (впрочем како секој друг факултет), но факултетот е одличен и воопшто не е за занемарување фактот дека постојат и студенти кои без врските на мама и тато, се трудат да постигнат нешто. Како што постојат и одлични професори. Сума сумарум, на факултетот излегува и одличен кадар. Доказ за тоа е фактот што нашите доктори ги бараат за работа низ цел свет.
Не се 4 на другите,туку 5-6. Колку и да се предметите на број не е битно,битно е дека секаде има обемни предмети и не треба да се минимизираат и омаловажуваат напорите на студентите на другите факултети. И да,немаш емпатија,да имаш,ќе си свесна дека на сите студенти им е тешко и нема да ги напаѓаш.
Го има, како го нема. Ама животот на луѓето зависи од квалитетот на студентите кои стануваат доктори. А од другине факултети ничиј живот не виси на конец. Кога ќе се зима диплома на Медицински како што треба тогаш кажувајте дека е најтежок факултет. А до тогаш никој нека не ја споредува тежината на Медицински факултет со другине факултети. Знаете зошто Медицински ви гледа најтежок зашто вие обичните смртници учите, учите и дури и кога имате доволно знаење за да положите професорине ве буткаат за да можат кога ќе ви дојде преку глава од учење и од паѓање да им го напуните џебот. И не ти се обраќам само на тебе, туку на сите.
Пак погрешно се изразуваш. Јас не го ставам на пиедестал факултетот во однос на другите факултети. Зборувам за твојот коментар. Сега полесно ти е откако исплука се живо и диво поврзано со медицина? Па немаше потреба, не беше тоа поентата на дискусијата Црешке. Поентата беше токму фактот дека некои колеги летнале во облаците само заради тоа што се запишале на медицина. Поентата не е да го завршиш факултетот и да ја добиеш титулата, само за да бидеш супериорен во општеството. Поентата е да бидеш ЧОВЕК, сталожен, свесен за сите свои мани и недостатоци, реален. Тука сме некаде, ама пак ќе кажам поентата беше друга. И не можам да седам мирна кога некој плука и генерализира се живо и диво.
Ти не го ставаш на пиедестал Медицински факултет, ама тие што го ставаат, го ставаат поради малтретирањето и необјективноста на некои професори кон нивното знаење. Па поради тоа студентите добиваат чувство како кој знае колку да е претежок факултетот.
И пак не ти ја капирам поентата на муабетов. Зошто имаше потреба да извреѓаш се живо и диво заради тие неколку необјективни професори? Тежината воопшто не ја дискутирам, не знам зошто сте упорни со тоа. Муабетов ќе ни оди до недоглед. Имајте пријатна вечер.
Нормално дека ќе измислат. Треба да постои се. Луѓето што се вегетаријанци си ја јадат. Нешто против? И јас мислам немаш.
Цреша Јагода-не генерализирај, јас никој не навредив, и иако ги гледам сите факултети со иста тежина, не дозволувам некој да ме навредува на ваков начин. Зошто да, завршив во рекордно време, не се мама и тато доктори, и не кажав дека медицински е најтежок факултет. Контрадикторна е твојата изјава, и навредува.
Таа паштета повеќе од година ја има по продавнициве. Таа што ја постираше ти е со печурки. Има и вегетаријанска. Јас еднаш ја пробав. Ми се згади од животот.
Сакам да кажам дека медицината е еден од најтешките факултети и тоа не е само мое мислење тоа е ФАКТ.Никогаш нема да кажам дека секој факултет има иста тежина, затоа што тоа не е така.Не може медицина да има иста тежина како детективи и безбедност факултетот тоа е ФАКТ. Дека секаде има студенти кои плаќаат испити или имаат партиски врски не е од сега и не е само на медицина ФАКТ. Дека администрацијата не функционира на повеќето места ФАКТ. Дека добри доктори ќе излезат од Скопје , Штип или Софија ФАКТ.Ниту сите студенти во Скопје се генијалци ниту сите доктори во Штип и Софија се лоши.Дури и не значи и тие што се ученици на генерацијата дека ќе бидат подобри доктори од просечните студенти.Можат теорија да бидат најдобри а во пракса да бидат слаби. Дека се запишуваат студенти на медицина за да си лечат комплекси е многу голема навреда за сите доктори. А на тоа дека докторот од кога ќе заврши медицина треба да се стави на пиедестал апсолутно не се согласувам и никој не го сака тоа.Без оглед на тоа дали си чистач или доктор почитта треба да биде иста.Секој го работи тоа што најдобро го умее.
Не е само медицина тежок, туку и архитектонски е тежок. А да не збориме за правен. Не генерализирајте, ве молам.
Апсолутно се согласувам, никаде во моето мислење не стои дека само медицината е тешка.Реков еден од најтешките.Архитектура, правен, финки, фармакологија , машински ,градежен и ред други ги ставам на листата на најтешки факултети. Не е само обемот на материјалот туку и тежината на самиот материјал.Трудот кој треба да се вложи е несоменено поголем за разлика од детективи и безбедност на пример, тој прв ми дојде на ум како пример.Затоа реков не можам на вага да ги ставам овие факултети со тој едноставно не може.А секој граѓанин треба да биде третиран со еднаква почит без оглед на тоа кој факултет го завршил и дали воопшто завршил факултет.Сите работници се подеднакво важни, и подеднаква почит треба да се покаже.Никој не треба да се става на пиедестал и никој не треба да се омаловажува.
Пе ем еф каде е у листата за тешки факултети?????? Сериозно вакви споредби? Забегале луѓево најсериозно..