Пред некој ден дојдов кај братучедка ми и почна да се фали како е успешна бидејќи стигнала до титула д-р (после магистерска) исто кажуваше како и било тешко на работа, па како останувала по потреба и повеќе од договореното, па не ја плаќале...не бе, сестро не си ти успешна, туку ти си роб на таму некој си, што ќе му работиш и за празници и за викенди, па ако сакаш биди и не знам што, учиш факултет за кога ќе завршиш да немаш појма да работиш 98% од кога ќе завршат факултет немаат појма да работат, па уште м-р , д-р бла бла бла, успешен човек за мене е кога ќе отвориш свој бизнис и ќе си бидеш газда идеш кога сакаш, се враќаш кога сакаш, не си му роб на никој, а не со д-р да му изиграваш роб на некој со таму што си прави милиони на твој грб....
Многу малку треба за вистинска среќа и задоволство од себеси, ама за некои луѓе тоа малку е премногу тешко да се достигне.
Ми треба промена во животот, а не знам ни од каде да почнам ни како. Како да ми се врзани рацете. Знам само дека идната јас не ја замислувам во оваа состојба и тоа е доволна причина да барам нешто повеќе.
Јас би требало да бидам бисер на денот. Планирав да пуштам перална и наместо да ги ставам алиштата да се перат јас отварам фрижидер и ставам едни по други алишта. Точаче, доста интернет за денес.
Една од моите најлоши карактеристики е постојаното навраќање во минатото или постојаното фокусирање на иднината. Резултатот е или болна носталгија или напнато очекување на утрешниот ден, на следниот месец, на тоа што ќе биде утре. Морам да научам да уживам во она што го имам денес, тука и сега, без многу грижи за она што поминало или она што ќе дојде. Денеска е убав ден, денеска сум среќна. Тоа е тоа што е единствено важно
Не ми се верува дека психички пропаднав ради најглупиот предмет. Од студент кој е меѓу најдобрите во генерацијата, шо учи секој ден, шо не учи само сувопарно и механички, туку ги разбира работите, се интересира, го сака тоа шо го учи, паднав на ниво да се деградирам себеси поради професор со купена диплома, манипулатор шо ги држи речиси половина од предметите овој семестар и наредниот... Будала на годината.
Стварно чувството е ко да си добил седмица на лото кога ќе најдеш фризерка што не ти го гори скалпот со фенот пуштен на најјако и не се чувствуваш вака, не те корне со четка за фенирање и не ти дрдори со брзина од 250 зборови во минута.
Поентата е кој колку е снаодлив. Ако го знаеш предметот а професорот те бутнал можеш да го пријавиш во комисија.
Од глава не ми излегува постот. Особено делот во кој свесно ги држеме луѓето до нас, не сме искрени и сме половично предадени. Фали храброст. Да пресечеш, да одлучиш да бидете среќни. Проклето фали.
го знаев првиот дел и коа видов дека има втор ко книга го читав.. некако мислам не е крај меѓу тие двајца...
Јас си ја викам приказната за Убавата. Никако не е готово меѓу нив. Тие ќе се среќни само ако двајцата се заедно. Знаеш колку е тешко да легнуваш до некого кого не го сакаш?
знам. нема да е прв пат двајца да се сакаат и од инат да го пројдат животот со други, нецелосно, половично и со срцето на друга страна. дури и нормално стана
А тек денес од глава не ја вади. Бројките не можеа да се толку поклопени, чудесно. Животов е магија. Ако не таа, дојде таа што ќе ја сака уште повеќе. Леле бе... се растажувам. Храброст некогаш е препуштање. На другата страна е среќата...тоа знам.
за малце ќе помислев дека ги знам... Ама еден мал детал не ми се совпаѓа Таму некаде на другата страна денес исто се роди една мн сакана мала...Повеќе сакана од првата
Има многу вакви Џој. Многу можеме да препознаеме. Живот... А денес кај мене дури 3. Убав ден, плоден.
Луѓе ми треба ваша помош. Некој кој знае добро англиски. Јас знам ама сакам да биде унаво напишано. Се работи за многу мала порака која планирам да ја пишам на еден ветеринар кој не е од овде. Се работи за моето куче кое е болно и сакам да направам се што можам... Нормално ја пднесовме и овде на ветеринар но сакам да слушнам уште мислења. Би била среќна ако некој ми пише во инбох.
Ми се укажува 75868 шанса да бидам среќна со човек кој од петни жили се труди да ме освои одамна. Точаче, не биди забегана и искористи па што биде нека биде.