Ми се допаѓа ама два различни поими сме. Јас мирна и повлечена, тој crazy party animal и многу други различности.
Здраво луѓенца по кратка пауза јас се враќам на форумов,сепак ми требаше малце одмор искрено,и добро ми дојде.Пред се сакам да се заблагодарам на форумот,да не беше ФОРУМОВ,јас немаше да ја сретнам љубовта на мојот живот,овој викенд се случи најубавото нешто за нас,мојата сакана кажа ДА.Ви посакувам на сите,да си ја најдете љубовта од соништата (како што јас ја најдов),и да уживате во неограничената љубов. Ширете љубов а не рат,луѓенца сакајте се,давајте љубов,животот е прекрато,за злоба и омраза.Ве сака ЕденЧлен
Можеби коментаров за во МЈФ беше, оти од таму добив инспирација за да го пишам. Ама, ќе го ставам овде. Зошто жена на друга жена и' бара маани? Дури и да е згодна и сосема океј, ќе се најде некоја да каже Не е убава со таа боја на коса, Дебела е, Преслаба е како стап за чукање ореви, Има целулит, Лошо се шминка, ваква е, онаква е... Колку критики за жени кои изгледаат баш убаво. Дека има некои со лоша шминка, има, и тоа е толку очигледно, го гледаме сите, ама константни негативни критики дури и за жени кои баш убаво изгледаат за своите години, дали е од љубомора, од комплекси, од што ли... Наместо да го гледате и посочувате убавото кај другите, барате и најмала дамка, само нешто лошо да се истакне. Дали тоа прави вие да се чувствувате подобро со себе? Нема да наведам примери на кои жени мислам, но не е тоа случај само со познатите дами. Сигурно и за жените кои ве опкружуваат имате нешто да кажете, вие совршени созданија.
Баш ми е мило кога ќе видам дека форумов освен за јадење го*на може да има и друга намена, на пример да си најдеш жена/маж Честитки Членац
@ЕденЧлен честитки и до тебе и до љубовта на твојот живот. Јас сум малку неупатена и не знам која е за и неа да ја означам во мислењето, ама ете ти ќе ѝ пренесиш. Бидете среќни, заљубени.
Ми се приповраќа од некои луѓе овде. Бтв кога се вратив дома, ме пречека многу убава глетка. Извадив пилешко да одмрзнам и да го приготвам, кога го гледам мачорот се мези, се оближува, мераци. Сакав да му спискам и да му се скарам, ама како ме гледаше жално, се премислив. Среќа па остана уште.
Додека @Bitter-Sweet се обидува да изброи до милион во подфорумот форумски игри, во подфорумот Кафе муабети е напишан и милионитиот пост. Не дека ве интересираше оваа информација, ама бројката ми е убава затоа сакав да искоментирам. Освен тој подфорум после него со најмногу постови се форумски игри, бременост и бебе. СДК 2 @ЕденЧлен , честитки друже , кај и да е во иднина нема да ме изненади ако отворат и посебна тема форумски бракови СДК3 @Oxymoron , @VoodooGirl , @LittleChili да се јават , 100 години ги нема на форум СДК4 За некој е работен ден, за мене е викенд денес и утре слободни денови , јухууууу Го чекам маж ми да си дојде од работа да го ѓњавам малце , па мора некој и душата да му ја вади СДК5 Една смешка за крај Чус
@ЕденЧлен , Честитки и само убавини нека ве следат во заедничкиот живот. Форумот знае да пишува и убави приказни. Една таква е токму и вашата.