Во каква држава живеам јас? Цел свет ни се смее, а луѓето запнале Европа да одиме. Да бев близу со голи раце ќе го задавев. Овде институциите се жалат за плата, а тоа што не работат ништо тема на разговор не е. Европо, продолжи, немој да не чекаш.
Повторно осамна вест за измамничка група но, сега на битолските портали и FB групи! Во телефонски разговор луѓе, обично пензионери биле известувани за сообраќајни несреќи, пренесување на мртви тела, лажни погреби, а со тоа биле изнудувани илјадници евра! Се прашувам како ли само толку лесно луѓево подлегнуваат на вакви измами и замки и толку лесно даваат пари, важно полицијата даде известување, но ништо превзема
Се фасцинирам од арогантноста, од немањето чувство за тежината на своите зборови на некои луѓе. Се фасцинирам како е возможно при секој можен контакт, при секој можен разговор со одредени луѓе секогаш да се " соли памет" за секое проклето нешто. All the f. time. Зошто таа потреба, ,I mean why? Толку ли им е перфектен животот, та дури кога ќе дојдат за прв пат на гости, да се прашува зошто она вака си направила, зошто друго онака. Дали јас нешто не сум во ред што не ја разбирам и не можам да ја прифатам патологијата на овој свет or what? Пробувам секогаш да ја разберам позадината, гледам секогаш да си ја пазам устата, бидејќи можам да ја замислам осаменоста или "совршениот живот" со кој/а се борат овие личности, чим најголемата радост е планирањето на животот на другите. Ама во моменти, на deep PMS, после милион исслушани вакви бессмислени монолози, сфаќам дека премногу молчам, и чувајќи ја сета болка во мене, се убивам полека, додека да дојде моментот кога повторно ќе се разделам од ваквата особа. За пожално да биде, ваквите луѓе најчесто се фамилија, која за жал не се одбира. Сфаќам исто, која бессмисленост е животот без дете. Си идам дома, секој Божји ден, и мислам на работата, на случките и разговорите со луѓето на работа, и сфаќам колку е се безначајно и смешно, а сепак си допуштувам да ми влијаат. Си замислувам колку само светот е joke, кога имаш за нешто за кое да се бориш. Сѐ друго е just fades away. Ниту кариера, нити што сме направиле за овој свет. Сѐ ќе отиде некој ден во минатото и заборавеноста, како што и нашите предци пред ххх години, кои колку и да биле за сеќавање, сега се напротив дел од заборавот. Damn, I need a cigarette now. #pmstalks
Некогаш си велам како не се изморува животов да ме тепа олку и да ми поставува препреки? Го прашав истово прашање еден другар додека разговараме за себе си и ми вика: Ништо другар... ќе те затепа животот, ќе станиш, ќе се истресиш и чекај наредна рунда. Мајка ми има рак и ќе се оперира во наредниов период, али шансите се 50-50.
Пак драма а? Ако, терајте . Мене пмс ми заврши, мирни да сте.... Само сдк, ЖЕНИ вие сте извонредни во секоја смисла на зборот .
Сдк животот е краток за да го одржувам со негативна енергија. Цели има безброј, подобро да се насочам кон нив и да ширам позитивна енергија, а не да мислам на лошите работи што ми се случуваат и да се нервирам.
Сдк дека се осеќам како станувам пренегативна - како на сите да им се дешава нешто, само јас стојам во место. А нема врска - дома сум и си го гледам најслаткото дете на светот. Ама изгледа тоа што сум навикната дневно барем 8 саати со луѓе да бидам си го прави своето. Страв од депресија веќе ме фаќа. Од една многу позитивна личност која секогаш го гледала доброто во се станав страшен негативец.
Сабајлето пролет сега права зима Се раслеков, сонце печеше, бев многу расположена со времево мислев пролет доаѓа, вечерва камен, дува ко ненормално, врне истура, а се очекува и снег И времево сосем забега... Не е ни чудно во мај снег да заврне
Пак штрајк на железниците! Кај укинаа еден куп возови, дури и експресните(тоа не можам да го преболам), пак сега ниту еден воз не сообраќа. Ги запустија новите возови, целите расклантани, крцкаат и чкрипат ги преоптоваруваат, никаков лимит за патници нема, се дури не се деси некоја хаварија па потоа ќе се чешаат. Абе како за едно нешто да ги биваше.
SDK zosho mora po tri pati da povtoruvam edno isto? Dali se gluvi ili nerazbiraat? Abre sekakov narod
ПМС Двократно на работа Убав воздух но студи. Доаѓам дома и за саат време медитира и ручам и ајт пак на работа. Животе, скоте! Cheers to you, bro!
Ти си твојот ум, а не твоите мисли. Тоа што можеш сам да си го направиш, не може никој. Смири се, исплачи се, се е во ред. - Ова беа речениците што успееја да го смират мојот внатрешен немир произведен од нереален страв. Фала и на личноста што ми го напиша ова и ме препороди. Фала ти иако не читаш овде. Но затоа на следно наше видување ќе ја прегрнам и лично ќе и се заблагодарам. СДК Некогаш е потребно само една прегратка и еден утешителен збор за да го пребродиш она што го поминуваш.
Не сум копала ниту орала во нива ама се чувствувам уморно. Ме изморија луѓево а посебно една особа ми ја исцица енергијата. Во ноќ идам на работа во ноќ си идам. Намќор невиден, иш, подалеку од мене.
Денес блескам без разлика што ми е роденден. Убаво ми е, се насмеав искрено, од душа, и тоа сама. Во план сум да изгледам нешто од Хари Потер пред да дојдат гостите. Имајте убав осѕаток од денов.
Исто и јас Го спремам овој испит веќе еден месец и имам чувство како ништо да не сум научила П.С. премногу мисли ме тепаат и немам концентрација, се мислам како една случка во животот може да ти ја збуни психата со денови, со месеци Како да сум заробена во сопствените мисли и умот. Како телото и душата да ми се на две различни места. Како да си го гледам телото од плафон, психички нестабилна на раб на препознатливост. Земав стипендија, земав уште една стипендија ама џабе кога немам искрен пријател со кој да ја поделам радоста и парите. Парите не купуваат среќа и така... Не купуваат ниту љубов.