Добро ми велеа да не се плеткам со 39 годишник.... Искомплексиран ( не се сите неженети 39 годишници такви) Чувстувам дека се плаши да се врзе, се плаши од обврска. Не сака во очи да гледа. Стојам до него, како да не постојам, не ме перцепира. Избега каков кукавица. Претходно... Кога немаше со кого да разговарам, го побарав, добив seen. Знаете што ми рече вчера? Не можам јас тебе да ти помогнам, не ме погледна во очи, го кажа тоа и ме остави сама. Најверојатно, и добра лекцијата ми одржа, да. А, ЈАС НАЈГОЛЕМАТА БУДАЛА, ГЛУПАЧА. Од една страна го разбирам. Од друга не. Од денес ставам точка. Рече дека те напнав. Оставам времето да покаже.
Драги дами, не се ноди крзнена капа вака: се носи вака: Над веѓите. Ако веќе носиме, да носиме како треба со функција и како госпожи, а не како инста фурфуљи. Ај така.
Мене си ме погодила ...кај и да одам,на поаѓање прашувам кај ми е колата ... Тукуууу,ти си зрела за у 40 ....
Не знам како им е на девојките или скопските самопрозвани инфлуенсерки, што на ова време одат со голи глуждови, тенка блуза и кожна кратка пролетна јакна. Ама јас знам дека ми студи И ако не се наоблечам неќу да излезам од дома. Се прашувам дали инфлусетерките ајде да ги наречам со др име, како ли седат дома? Најверојатно голи. А, јас си носам хулахопки, пижамчиња, ќебенце, свежо избањата, исклучено светло, си слушам музиче и светат лед диодите во позадина на твто. Peace, ppl.
Имаме право да коментираме што сакаме. Ако на тебе ти се некои убави, на мене не ми се. И да. Се гледам во огледало. Немам ниту крива уста, ниту крив нос, ниту криви очи, ниту сум пластична како Елеонора. Тешко на младинава ако зема пример од неа.
Не сум човек што нон стоп сака да се жали или да е песимист ама некој пат кога ќе седнам ќе си помислам, смачено ми е до коска од луѓево, дојдено буквално преку глава... Колку несериозни личности, доаѓаат од нигде никаде, те подлажуваат, глумат тешки поштењачини па ќе избегаат без трага и глас па ти чуди се зошто, си мислат се е туку така едноставно и недај боже нешто да ги обвиниш и да се стварно криви има да ти ги истераат очите како се они за се во право, некогаш низ сите овие срања што ни ги дава животов стварно ми е потребна личност што секогаш ќе биде тука, да ме сослуша, да биде до мене ама кога ќе помислам колку ретардирано време дојде и дека поголемиот дел од луѓево се толку многу расипани и секогаш се гледа материјалното на прво место... Ми се оди да зеам авионска карта па да отидам негде кај што ќе бидам подалеку од сите. Многу од нас сме силни и навикнати на вакви работи, но некогаш кога ќе те удри некој тежок период сите подпаѓаме на моменти... До кај ќе не носи ваквово време не ми е јасно...
Неубава вест слушнав, се потресов..... Раце и нозе ми се пресекоа. Не знам како му е на мој подалечен другар.. Ах бе. Зар и ова уште му требаше.? ЖИВОТЕ! СКОТЕ! ОПРАВИ СЕ ЕДНАШ! ВРТИ НА ДРУГАТА СТРАНА КАЈ ШО СИ ПОСВЕТОЛ И ПОУБАВ.
Can someone explain me pls? Како можи да канеш на роденден некој со кого си се карал, те понижувал, те наговарал за нешто неубаво, влијаел на тебе како човек? Пред мене за неа кажува вака-така нефер другарка била, вака и направила, сама ја оставила една, два пати и пак си ја кани на роденден бе, еј ало. Другата и беше на спиење, и најде маани на станот 10001 и и го нарекла колиба. И пак си ја кани на роденден бе алоо А, мене заборави да ми го честита, нит ми се јави, нит ме побара ( беше зафатена со дотичните погоре) и ко и реков, еј стварно ти беше бе, ми вели. И јас не и честитав, искрено. Не знам, ама никако не можам да дозволам некој да ме гази а јас да го канам на мојот најубав ден. Не бе, точка. Доста ми е една, две другарки. Или како годинава само семејство и ајт. Не сум себична, ама ко гледам што се се случува, не ми е дојдено мене до една слика за на фб и глумење Другарство.
@GirlLove Годинава прв пат немам никој кој да го поканам на роденден освен дм. Поарно така отколку да ги канам овие што ме понижуваа и заборавија на мене, исти како тие што ги опиша погоре. Знам дека нема ни да ми честитаат, камоли за друго. Не сакам никој да ми глуми другарство. Поарно сама да бидам како сега отколку со такви.
@GirlLove, не си губи време и нерви со вакви работи. Сериозно. Повеќето пријателства во денешно време се сведуваат на потребата за тепање време. Пиење, излегување, забава. Како да се плашат да поминуваат време сами со себе. Зависни се од тоа да имаат некој до нив, било кој. Кога е лесно сите се тука. Кога ќе згусти - бегаат. Не сакаат да се полнат со негативна енергија Луѓето што вредат се тука со тебе секогаш, а не само за прослави, честитање и смешки.
Излегов во 1 ноќеска со тотален странец. Никогаш не сум ни помислила дека ќе го направам ова некогаш, но очајно ми требаше муабет. Не филозофски муабет, не гушкање, не романтики, само обичен муабет на глупи теми. Добро е што имаше разбирање и не проба да ме залапа, или можда само му се спиеше, ама не ми е гајле. Барем успеав да се изморам и да си ги оттргнам мислите од сѐ шо ме мачи.
Море би излегла, ама не толку јасно, освен ако не ме испраќа од журка. Би излегла и се би му кажала, од тежината и, проблемо се до убави моменти. Може само да ме гушне, тоа би, му дозволила.
Не зедовме Оскар ама освоивме милион . Тоа е повредно од обична статуетка која ќе фаќа прашина по дома.