Добро, луѓево дали се по погледнуваат на огледало пред да излезат некаде или кога ставаат свои слики на фб? Дали внимаваат што ке стават и што се гледа? Огледало и очи, бесплатно е Мерка да се немало Чудна работа де, единствено не забоораваат газето да го напрчат и усните. Другото и така не е битно
Во хороскоп ми пишуваше „Младата месечина носи нови почетоци, па можно е токму сега за првпат да си размените зборови со идната голема љубов“ Ии се фатив јас за работа да уловам некој убав и да си разменеме неколку зборови Ама пусти ветер, сите убави дома седат никој не шета. И си седеме со две другарки и доаѓа овој мојот со другар. Јас долго време го немам видено ми се идеше да го изедам Ама овој идиот 10 пати му реков „Кажи нешто“, овој се решил да ќуте будала, ни здраво не ми кажа. Ама затоа чао кажа. Затоа со другар му муабет си направиме Ништо, видов тука нема разговор и свртевме едно кругче со другарките и ги гледаме другите другари, а меѓу нив - убавиот другар и првата љубов. Трчи по нив Се поздравувам со првата љубов и таква со осмех „Кај си бее“ и чекам одговор. И го добив „Тука“. Абе среќи ете ми ја идната голема љубов ама и другар ми ми презбори. После го гледаме друг другар што ми се свиѓа, па да се поздравиме и со него (другарките сакаа да ми го местат). Ете тој прво мене ме гушна и на мене прво ми рече „Кај шетате“ или така некако. Е сега ми остана да мислам кој од овие ли ми е идната љубов Циркуси
Жено, како и после толку години тепање, малтретирање, после толку модринки, рани камуфлирани со неколку слоја пудра можеш сеуште ГОВЕДОТО да го нарекуваш сопруг? Зарем немаш трошка самопочит? Жал ми е за тебе (и таквите како тебе), ама сама (самите) сте си крива/криви! Освестете се! Пред се' заради вашите деца кои имаат потреба од физички и психички здрава мајка!
Не се сеќавам колку години имав кога не напушти. Мене. Можеби тоа е така затоа што ми кажуваа дека ќе си дојде за Божиќ. За Велигден. Во лето, и заедно ќе јадеме неизмиени краставици на тремот. Во есен, кога ќе ми купи нов ранец, розов, со барбика, водени бои, шарени тетратки, розовите сандалчиња кои тато не можеше да ми ги купи. Тогаш ќе насечкаше леб на ситни парчиња, ќе ги ставеше во омиленото јадење, ќе ме седнеше на масата и ќе ме хранеше, како тогаш кога бев толку малечка. Сега тој не е таков каков што јас го гледам во магливите сеќавања. Неговата коса почнала да обелува. Неговата кожа има повеќе брчки од порано. Но, неговите очи, се уште би го имале истиот палав сјај. Истиот како и во моите очи. Оваа зима, сосед ни кажа дека се сретнале и брат ми (сепак не можам да го наречам поинаку) му кажал да не ни кажува дека се сретнале. Боже, тој не сака да не види, тој не ни прашал за нас, тој не ме сака МЕНЕ. Клинката што те замараше е уште присутна. Таа порасна и сега те сака уште повеќе. Но, таа сега не би те замарала и ти не би морал пак да заминеш од дома. И знам, не би требало да останувам олку доцна, тровејќи се од цигари, прашувајќи се што ти направи 7 годишно дете за да го казниш толку лошо за цел живот. Среќа што цимерката си отиде дома па никој не ме гледа во најужасното можно издание. И знам, дека треба да се откажам, ама нешто длабоко во мене не сака да го прифати фактот дека тој, само тој одлучи да биде вака многу одамна. Не сака да биде најден.
http://www.youtube.com/watch?v=c0KYU2j0TM4 Прв пат некако се гордеам со својата интровертност. Лека. Утре е нов убав ден...
Само што се најавив тука, ми се појави: This webpage is not available. Срце ме стрефи. Дал је могуЌе? Нова платформа? х20 Али ми текна - сменив пребарувач и се' нормално си тече. Аххх, добро е! Не им текнало на нас. Иначе, знаете што? Денес играв монопол, па брза географија, па карти! Д'нска ми је среќан д'н. Ма да, у све тоа изгубив. Ме скантаа, канта ме напраија. Али што е битно? Битно е да се дружиме. Тако е?
Далечната 1997 на денешен ден ова време се враќав од фризер,со ново фризурче,и со бели цветови во него.Дома се нашминкав најдобро што знаев,ама нели кога си млад се ти е убаво,и ја навлеков белата венчаница.Со маж ми на денешен ден го кажавме судбоноснотото Да.Ден кога изедов само 3 бисквити и чаша минерална вода зашто многу ми беше лошо.Искрено ми доаѓаше да се завлечам под јорган и да го преспијам денот.Ама не ,ги поминавме сите салтанати и го почнавме брачниот живот. Живот кој имаше и има многу повеќе трња отколку рози,имаше убави денови и денови кога сакав да го убијам,тажни и среќни и исполнети.Ама се е тоа живот.Децава се веќе големи,јас сум длабоко навлезена во перименопауза,тој е истиот како и првиот ден со малку помалку коса и мало стомаче.Кога се погледнам ист остана само мојот дух, се друго е променето.И брчкиве на лицево кои ми се како странци и кожава на рацете ми е променета.Добро тука е и неминовниот килограм плус и моето променливо расположение.Кога размислам не успеав никого да променам,да го направам по некој терк,успеав јас да се променам.Ставовите кои без цврсти како камен сега се еластични и помалку битни.Битно ми е само сите да сме си живи и здрави сето друго поминува.Вака или онака. Денес не готвам ништо се надевам мојов мажјак ке се освести да не изведе на вечера. И така...уште една година во мојава бројаница.
Само што завршив со пакување. Одам кај баба ми, на село, да одморам, да го пуштам мозоков на пасење, да се "наполнам" со енергија, позитивна пред се. Ми треба, дефинитивно и многу убаво ќе ми дојди, одмор пред одмор. Книгите спакувани, лаптопот дома и спремни сме. Нема ништо поубаво од село во лето, се е зелено, прекрасно мириса, а ти седната во дворот на нишалката со лимонадат и прекрасна книга. Едвај чекам. Поздрав девојки
Добро бе, што ми е проблемот на мене? Имам фобија од кучиња и нокти. Хипохондрик сум. И метеопат сум. Можеби дури и благо параноична. За на психијатар сум. Со секакви глупости си го мачам мозокот. https://www.youtube.com/watch?v=CCdOVThsWEg
Никогаш не ме нервирале најмногу оние кои отворено биле безобразни и први напаѓале. Не дека сум им се радувала или со душа сум ги чекала, ама според мене не се најголемото зло. Туку оние кои од страв ја преќутуваат неправдата и ги осеќаш дека се приклонуваат кон тој табор затоа што се плашат да бидат фер. А освен мала караница, не ги очекуваат поголеми последици од таа постапка. Станува збор за ситница, за вербална дискусија, но ситница која многу покажува. Секогаш кога некој бил обесправен, сум застанувала на негова страна (во клас, во друштво) иако тоа често значело дека сум сама против сите. За да си го добијам токму спротивното во животов. Но, после се` и јас ја научив лекцијата. Во таква ситуација и јас ќе се „приклучувам на хорот“ кој се праи на три и пол и ќе викам „Абе шо се замараш па и ти со глупости?" „Супер си“ ќе кажувам само во 4 очи. А така. Kога и на личноста на која „трпение“ и` е средно име и` пукна филм очигледно не вреди поинаку. „Фала“ е збор во фаза на изумирање ради преслаба употребеност.
Не знам како може некои личности да мислат дека цел свет се врти околу нив. Дека се единствени и сите трчаат по нив. Ако некој вистински ги сака, ќе си поиграат со нивните чувства. Божем види ме, види како си играм со тебе, толку си глупав/а што одиш по мене и мислиш дека ти ја возвраќам твојата љубов. А другите ко да имаат плитки мозоци и размислувања па нема да те забележат. Си прават самите себе да се оттргаат сите од нив. Па многу нормално, кој би сакал таков покрај него? Што? Или iPhone-от, Аудито и палатата се најбитни и сите ќе бидат покрај него, а овој/оваа ќе им се обраќа (ин)директно демек знам бе, знам овие простиве по што трчаат, имаат за што да ми љубоморат, тато и онака е директор, Mwah. Абе ајде? За што да бидат покрај него кога ги нема оние вистински вредности кај еден човек? Ама сепак има наивни па што ќе направат се за да се дружат со вакви како горенаведените. Од ваквите си патиме..
Значи вредеше чекањето од 3 саати,вредеше идењето пешки,вредеше уморот,вреди засипнатиов глас и грчевите во нозе и се останато! Стив Стивенс и Били Ајдол на 50 метри од мене...па за вас се оставив на Кале!! Ова ќе го памтам додека сум жива и уште сум под импресии!! Cheers!
Почнува да ме загрижува како у секој аспект од мојот живот среќавам мачиња и ги прибирам дома. Aма како да го оставам кога е такво мало и убавко?
Убаво е чувството кога ќе ја земиш таа бришката,парталот итн и ќе почниш фр фр фр таму ќе чистиш прашина со тоа средството за чистење прашина.Да многу е убаво,се ќе заблеска исто како на ТВ кога ќе гледаш,а уште поинтересно е ако си алергичен на прашина,како во случајот шо сум јас,и те тераат ајде сега ти ќе чистиш.И така рекордно испотрошив едно 5-6 салфетки за таа прашинана,па ајде Симона радна акција да направиш низ дома да цути да блеска,ма повеќе од сунце ти калајсано! И така земам јас таа бришката,тоа средството за чистење и оп: Clean woman walking down in home Cleаn woman making funny moves Cleаn woman singing like a freak YEAH,yolo day! и така бришев шо си бришев и сега тоа средството обратно да сум ти го свртела и прскам наместо таму кај шо треба,јас во фацата! Па и јас да се зачистам нели? Како шо светна куќата,така и Симона светна во тој суратот и така фати малку и на муцката(ова мислам дека е предупредување да не пеам многу,можи и во Битола да фати тоа поплавата,па ни Стрежево нема да не’ спаси)и то е то... Луѓенца,пазете кога ќе чистете! Од искуство
Долг временски период ми тежат многу работи, оние кои се кажуваат кога си во нечија прегратка, оние кои се кажуваат, а не бараш совет, само молк и да те сослуша некој. Но за да се кажат треба да знаеш дека повторно ќе се соголиш пред некого, а дали си спремен не си сигурен за тоа. Отварам тука прозорец, куцам и исклучувам. Го почнувам со сестра ми и прекинувам, насочувајќи го разговорот кон сосема небитна тема. Го почнувам и со него, а потоа прекинувам зошто не сум спремна да се соголам така пред него, иако не знам дали може повеќе од тоа што сум се соголила. И немоќноста во мене ја прекривам со караници, со непотребни теми. Плукам по него, го јадам, го уништувам и него, му ја убивам секоја желба за се што посакува. И после ми е криво, после се чувствувам лошо, но што ако? Размислувам дали е полошо да се соголам пред него или е полошо тоа што го уништувам? Нормално второто. Јас од него ја имам целата подршка, љубов и разбирање. Малку е да кажам дека имам се, но зошто го правам ова? Полека но сигурно се претварам во личност каква што не сакам да бидам. Особено не како личноста која е пример за вакво однесување. Сепак добро е кога човек е свесен што прави, што е лошо, а што е добро и што сака или не сака. Само така може да се промени, ако сака.
Run Ginger, RUUUUUUUUUUN. Cant you see it`s the devil himself??? RUUUUUN!!! Run for your life, I`ll hold`em off, i`ll fight `till my last breath. You go save yourself.
За неполни 5 минути се измешаа сите чувства. Едно од квази суштествата, друго од среќа, возбуда. Макар другиве успеаа да потиснат се` што не беше важно некаде таму, позади. Еден ѕид, многу луѓе. Се` врвно. Уште по fucking беше моментот коа ме закочи пцовката. Моментот кога му објаснував на Џо и една неповратна информација замина до ЦНС. Се повторува и сега. Со наредни две влегуваме. И влеговме. Јеа јеа јеа .. јеа јеа јеа! До наредна Били, до наредна. Таа дефинитивно во први борбени редови ќе бидам.