Чувството кога на самиот почеток на работната недела, понеделник претпладне, добиваш вест што буквално ти го разубавува и денот, а и целата недела. Планирање, мечтаење, соништа што полека стануваат реалност. Претстојниот период ќе биде возбудлив. Среќна сум. Повеќе не се плашам да го кажам тоа.
Штурци разбудете се! Го сакаме штурецот назад на чатот на фемина!!! @LittleChili пиши транспаренти ојме на протест!!!
Секогаш ќе ми биде омилен актер и репер за многу работи. Ај кажете сега дека и ова е мамин син и слично https://tocka.com.mk/vesti/332593/k...jka-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-ja-dovel-nea
Денес: Атиџе со едноставната душа Атиџе не прослави Атиџе на црвениот тепих Атиџе и гледаше на кафе на С.џ.Паркер Атиџе се слика со Бред Пит Атиџе со својата реплика "пола за мене.." Атиџе ќе добие работа во О.Лозово Атиџе ќе добие пристојна куќа Атиџе ова Атиџе она За една недела: Која??? А?? Атиџе?! Која беше таа? СДК секое чудо за три дена. Да е паметна па да зграби што и ветиле, зашто кога ќе помине еуфоријата нема ни да се сеќаваат на неа.
Да сум милионер, па освен што ќе нахранам и ситуирам многу дечиња и сиромашни, исто и ќе овозможам образование за нив. Да сум ултра богат човек би плаќал професори БЕСПЛАТНО да им пружат високо образование и универзитетско знаење на многу студенти затоа што, давачките се премногу високи. Премногу неправди на факултетите, премногу глупости во материјалите, премногу стресови кои се непотребни.
Можеби затоа што би ги плаќал професорите како вонредни предавачи на материјалот, нешто кое нема да го направат студентите и наместо на сметка на студентите, мојата финансиска помош да заврши на сметка на професорите...? Благодарам што ти објаснив три збора и што ми одзеде пет минути.
Кој ќе успее да ви ги собере сите лајкови и да ви извади коефициент на интелигенција која ќе може да ја имплементирате во иднина, ќе стане милионер!
Сакам да кажам (1) дека во животот никогаш не сум била повеќе опкружена со луѓе, ама никогаш не сум била толку осамена. Сакам да кажам (2) вујко ми кога бегаше мачките решија да му направат заседа и да го нападнат од две страни скокајќи од џам, од стол, од дрво. Неќи мачки. Сакам да кажам (3) Адолф се олесна и станав баба. Нормално, децата се скриени, ама ја сеќавам по мешето, на мајка најубата. На Пес му објаснував дека е вујко. Ѝ извајв риба да одмрзнам да ја наградам за вечера риба, преѓе ѝ давав од омилената награда. Секогаш ја галам кога станува мајка. Уба таа. Мила на мајка. Сакам да кажам (4) никогаш толку далеку го немав шетано Пес и на ни еден пес не лаеше, напротив, дури и бегаше. Конечно се осеќам безбедно дур го шетам, па го наградив со нови, многу убај награди и му ја дадов најголемата ко си дојдовме дома.
Ќе беше убаво да го земевме оскарот, заслужен ќе беше во секоја смисла на зборот. Но, без разлика на исходот, ние како Македонци треба да се радуваме и да бидеме горди што бевме дел од една таква церемонија. Номинациите, сами по себе кажуваат многу. А сега, мислам дека е навистина иронично за ваков еден документарец каков што е Медена земја, да се коментира дали Атиџе умее правилно и мудро да ги искористи петте минути слава или не, дали за една недела некој ќе се сеќава на Атиџе или не. СДК, Атиџе е реален лик, а филмот е без шминка. Мене доволни ми беа пет минути од нејзиното интервју, за да сфатам за каква племенита и скромна жена станува збор. Без разлика како изгледа, без разлика од која етничка припадност е, за мене е жена со прекрасна душа и медено срце. А пораката? Никогаш нема да биде заборавена, барем не од оние до кои допрела. СДК2 @theowndemon , дали тоа сега значи дека ти стана баба? А камо мекици за екипата?
Сакам да кажам дека ми е смачено да живеам во држава каде што не постојат ниту закони ниту правила, кој и да дојде на власт има притисоци и ништо не се цени и ништо не се менува.
@Peperutce1115 е треба мекици, еве ми даде идеја за појадок. Некни не дојде цел ден. Така ја знам ко ќе се омачи цел прв ден не иди ич. И вчера баба пушти крофни, и ете дојде мачката гладна, ја земав дома да ја наранам па награди и извајв риба да се одмрзни за вечера ама не ми дојде за вечера. Ама ја сфаќам секогаш првите дена ептен е со малите и само со малите, после се опушта. Јас, доктор Таше за мачки, уште кога затрудна ја опипкав и знаев дека е трудна и вчера ја опипкав пак и олесната е, млекце има се то. Само се качи татко ми на таван вика ова пак многу ги има скриено ко претходниот пат. Претходен пат дур сами не рашетаа, татко ми се преврти горе и не ги најде, и пак од горе излегоја. Ај на мајка убата си викам да ја наранам со храна, и рибата да ѝ дам кога оди горе да ја има за ко ќе ѝ се пријади после.
Ich hab niemals dran gezweifelt, dass ich das überstehe ...... Песнава ми е хит на неделата Не знам што му е на времево, ветришта, бури, промаја од сите страни, дожд , затемнето, хорор филм По нетов цело време читам вести за откажани летови поради бурата Туку сакав само да искоментирам. Гледам топ тема ви биле оскарите , неам ништо против вашите мислења ама она што ми боцка во очи е коментари на неколку членки кои ги величат познатите фаци у смисла имаат пишано, лелеее каква чест , нашиве биле во иста сала со Brad Pitt , аууу па седеле до таа и таа фаца ..... Е голем кур ако биле во иста сала. Тоа се обични луѓе како сите нас. Да немаат надприродни сили па ќе ги величиме ауууу брате па знаеш ли ти до кој седев јас Ај да се спремам, втора смена на работа