Ама пресмешното во статијата е тоа што напишале "наместо девојка ја довел мајка му" ко да не можеле да напишат само дека со неа дошол, без споредби за девојката, па може сега македонскиве мамини мази да си ја оправдаат нескинатата папочна врвка со мама со, ко може Киану можам и јас
Лекции кои ги учиме на оваков или онаков начин во животот: 1. Не се самосожалувај Со себе сожалувањето не постигнуваш ништо, напротив, се повеќе тонеш. Не се поставувај како жртва во секоја ситуација и не очекувај дека другите ќе те сожалуваат и ќе ти помогнат за проблемите низ кои минеш. Никој нема вечито тебе да те турка низ животот. Не ти оди нешто во животот? Промени нешто, направи нешто. Никој не му е гајле дали тебе не ти оди на факултет, немаш пријатели, ти раскинал партнерот, родителите не те сакаат, имаш проблеми со кг, итн. итн. Ако само кукаш, нема да решиш ништо. 2. Не очекувај од никој ништо Само затоа што ти некому си помогнал/а во дадена ситуација, не очекувај дека истата особа реципрочно ќе ти врати во иднина. Не очекувај затоа што на некоја друга особа и оди животот како мед и млеко и има помош од родители, партнер, пријатели, роднини низ текот на животот дека ќе имаш и ти. Никој не ти должи ништо во овој свет. Се раѓаш, се грижат за тебе до 18 години (ако и до толку) и после си сам на себе оставен/а да се снаоѓаш. 3. Биди си доволен сам на себе Ако не си доволен сам на себе и не знаеш како сам со себе да живееш и си зависен од други личности во животот, дали на финансиски, емоционален или било каков план, тогаш си нечиј "роб" и зависиш од таа личност. Не дозволувај никој да ти го контролира животот. Бори се за сопствена независност на сите полиња. 4. Да бидеш сам не е лошо Самотијата не е лоша работа, да бидеш осамен меѓу луѓе е лошо. Научи се да си самиот на себе доволен и никогаш да не ти преставува проблем времето поминато со себе си. Доколку ти е досадно кога си сам/а, ќе ти биде досадно и со луѓе. А никој не сака досадни личности во своето опкружување. Внатрешната среќа, се отсликува и надворешно. Како зрачиш, така привлачиш. 5. Нема среќен живот. Има среќни мигови. Животот е еден ролекостер кој те возвишува во небото и те турка на дното. Ултимативна среќа нема никаде. Луѓе сме, составени од емоции, од кои дел е тагата. Да се биде несреќен не претставува ултимативно зло. Само оној кој живее чувствува емоции. Успехот во животот е наоѓање на среќата во малите работи и балансирање помеѓу доброто и злото. Колку посреќни мигови, толку подобро. Секој е кројач на сопствената судбина.
СДК моментот кога самите менаџери на фирми одат спротивно од нивните ''вредности''. Фирмата има констипација поради тоа што менаџерчињата нивни го затнуваат потенцијалот на човечките ресурси за кој имаат заборавено дека треба да го пронајдат. Да не заборавиме колку од нив на сомнителен начин се стигнати на нивната позиција.
Да ги поддржувам ваквите луѓе или да ги критикувам? https://makfax.com.mk/zanimlivosti/близначки-добиваат-смртни-закани-пор/
Почит кон родител е едно, а почит кој девојка/дечко е друго. Разликата не верувам дека ќе ја воочиш. И да, кога може Кијану да ја поведе мајка си на некоја церемонија можам и јас мајка ми или татко ми некаде, наместо девојка ми. Тука нема ништо страшно нели?
Почит кон родител е едно, мамина маза е друго. Нема ништо страшно што ја повел мајка му. Страшно е што споредуваат со "наместо девојка му". Ама не ми е чудно пишаното, со оглед на тоа што знаеме какви лиглиња се македонските мажи
СДК го ислушав интервјуто на Ханилендците по оскарите https://tocka.com.mk/vesti/332681/o...odmori-od-kamerite-i-da-se-posveti-na-pcelite И грев и срам ме фати од новинарските прашања. Елементарна културолошка неписменост. Менталната матрица е друга приказна... Фала богу, затоа онакви луѓе како екипата на филмот ќе имаат успех, матрицата им е поинаква. На кој му треба статуета за да го препознае успехот, може во Аверс да оди да си порача
Не знам какви се македонските мажи ама знам какви се македонските мамини ќеркици. Со мал прст не мрднале, половина живот го трошат на форуми, инстаграми, фб, реклаказала, не знаат да запеглаат или да вклучат машина за перење, недајбоже да им спомнеш готвење, веднаш ќе се "бранат сиротите угнетени моми" со муабет од типот не сум ти слугинка, и слично. Кога од Кијану дојдовме до македонските мажи, ете збор два и за македонските "девојки на триесет четириесет и педесет" годишна возраст.
Знам да готвам, перам, пеглам, чистам, цепам дрва, не се фалам. Само си кажувам, не ги ставај сите во исти кош. А сигурна сум дека на форумов ги има тие вредните. А ти знаеш да пржиш јајце или чекаш од мама?
Да, лошо е ако се вели дека Кијану ја зел мајка си на црвен тепих место девојката. Пошто се дава помало значење на девојката. Да беше веста дека Кијану бил со мајка си на црвен тепих, и толку, никому ништо. Ни прв, ни последен ќе биди. Има многу славни шо на црвен тепих носат некој од родителите или браќа/ сестри. Еве друг пример: Никој не пиша дека Шарлиз ја доведе мајка ѝ место маж ѝ. Никој. Еве и други примери, низ слики: Поентата ми е, не се нешто особено специјални оти носат родител, нити пак е нешто лошо. Напротив. Убо е да се носи и родител, и партнер, зависно од пригода. Ама да нема споредби: „бравос, донесе овој место овој“ зошто тука веќе се влегва во многу, многу поинаква територија. И жити вас, шо ви е денојве како vultures сте напраени. Штом некој кажи шо мисли одма сменвајте тема за нешто од порано за подобро да се осеќате и зато нема нахнадно да коментирам за мажи „жртви“ кои по секоја цена прават споредби меѓу мажи и жени мислејќи дека докажват поента без да се сетат дека се патетични. Ију.
Следниот пат Киану мене нека ме земе На крај не може да излезе кутриот, оти ја земал мајка му, оти девојка му не се фарбала, оти ова, оти она... Луѓе без работа