Зашо бе може заработува и ќе си порачува цело време јадење од ресторан, тоа што мажињата сакаат домашна манџа некој да им зготви, а тие не знаат да сварат јајце кој им е крив Седете си со мама до 40 години и после КАКО МОЖЕ ДА НЕ ЗНАЕ ДА ГОТВИ ШО ЖЕНА Е ТОА
Може си спремиле пред да дојдат гостите на пример за да кога ќе дојдат ги испочитуваат со свое присуство а? А може и си нарачале кетеринг нема ништо лошо во тоа ако на некоја жена не и е приоритет готвењето да си плати добра услуга за задоволување на осетливите непца на гости од твој калибар, цепидлаки народски речено
Уште подобро ако заработува. Види, не е глад во прашање. Може тој (или таа) сака зготвено од саканата. Инаку од почит можам тетка да те викам, и треба. Признај дека не знаеш што пиша, пола ќе ти простам. Апсолутно.
Грешка,друже. Синовите се мамини мази,а ќерките татини. Сериозно,иначе,зошто мора жената да готви? И мажот може и мора да научи да готви.Тоа не е ракетна наука,нити некоја тешка филозофија. Исто и за пеглање алишта и пуштање машини. Плус,ако некој стварно нема поим од овие работи,може да научи од совети и инструкции на интернет.
Пак за истото ќе се драпаме? Не мора да знае. Ништо не е задолжително, само сѐ што се знае е од голема полза.
A може она не знае да готви и не сака да научи пошо е нејзина работа. Љубовта не значи да го менуваш другиот ко тебе што ти одговара. Го прифаќаш таков каков што е. Таа ако не знае и не сака да готви, љубовта ќе си ја покажува на друг начин. Да очекуваш некој да ти задоволи некоја потреба а другиот не сака да го прави тоа, е себичност, а не љубов. Теткино
Едни добри четири години се немав уклучено на форумов. Отворив поради темата како до чисто лице и заглавив на моите мислења. Мислења од пред 5, 10 години. Кога ја читам таа личност, скоро и да не ја препознавам. Велам скоро затоа што знам точно зошто пишувала како што пишувала. Знам точно низ што минуваше во животот. Знам точно каков нечовек беше. Поинакво е чувството да се вратиш тука после неколку години и да видиш дека сега си многу поразличен човек. Во позитивна смисла. Ама тогаш... Што се не би дала да ги имам тие години, а овој памет. Се што поминав низ последните години како и многу други животни приказни, ретко го собира на форум. Ама добро е човек да се наврати понекогаш на тоа каков човек бил порано, за да види колку далеку стигнал, во умот.
Ај бе луѓе уште со муабети за готвење и пеглање? Секој треба да си знае да си готви и да си пегла! Попуштете веќе со старински муабети, редно е Двајцата работиме надвор - двајцата работиме дома. Кога имам дете јас повеќе се грижам за него пошо не очекувам од маж ми да станува за ноќно хранење, а утре очите да му паѓаат на работа. Јас сум дома и се грижам за бебето со мерак. Не правам генералки дури сум со бебето пошо се грижам за него и одкако се рехабилитирам и ми дојде сила, тогаш генералки. А дотогаш доаѓа или мајка, или свекрва, или жена си плаќаш без да се објаснуваш на затуцани пошо било срамота за нив да викнеш жена да ти чисти, каква домаќинка е тоа. Дур сум со бебе си правам само полесни работи низ дома, другите ги завршува маж ми, јас дури се занимавам со бебе. И знаете што? Овој начин на никого не го остава преуморен. Ниту жената ќе е преуморна ниту мажот. Двајцата на работа и двајцата обврските дома поделени. И ќе имате сила и за кафе да се напиете, и погодете што нема да ја "боли" толку многу главата кога ќе сакате секс. Инаку сте и ја потрошиле енергијата со манџи и со смукалки.
Сакам да кажам незадоволните мажи од својот живот што се сексуално огрозени и на полето успех да не истураат овде бес кон жени да се учеле да перат да готват. Ако мислете дека тоа е женска работа тогаш и да одеш у војска е машка така да оладите малце. Некој незнае да готве, некој е алергичен на прашина неможе да чисте, некој е во дересија нема ни желба за тоа. Немојте да се правете егоцентрични, питајте се прво дали јас ако сум сам ке опстанам или ми е неопходна жена секако за такви работи.
Ама жените не те сакаат тебе. Со вакво размислување никаде нема да стигнеш. Жената требало да знае да пегла, пере, готви, думка дете, иде на работа итн. Не само жените друже, и мажите. Имаш време, може еден ден ќе научиш. За твое добро....
Ти се молам, не сакам сите да ме сакаат. Почит е доволно. За второто, каде реков дека треба, треба, треба? Каде? Ова ги преминува сите граници! Ќе се исплашат членовите кои не се во тек што се случува! Упорно се повторува истото та истото. Да, прекрасно е да се знае готвење, чистење, летање со спејсшатл, нуркање, метење, смукање, пливање готвење и тука се согласуваме но зошто некоја рандом фантом дотична да ми го пика тоа во ставовите како јас да сум стрикно со тие мисли? Не, не е задолжително и не, нема критериуми, барем не од моја страна, кој или која како треба и како не треба! Сакам да кажам, ПРЕКУ ГЛАВА ВЕЌЕ ОД "ти го мислиш/кажуваш/правиш тоа" А НЕ МИСЛЕЛ ТАКА, НЕ КАЖАЛ ТАКА, НЕ ПРАВИ ТАКА!
Кога ќе решам, машина сум, нема запирање Кога сакам нешто, кога имам нешто зацртано да си исполнам. Ама кога не сакам - тогаш е страшно. Ми треба натчовечка сила за да се натерам да дејствувам
@referentka Атиџе ќе ја баталат сега. После година-две дали на некому ќе му е гајле што уствари прави и како е она? Нема.