А каде е тоа правило дека девојките треба да готват по цел ден а не да седат на форум? Ајде просветлине ти богу што не седиш по цел ден овде и постијано работиш нешто.
Секогаш ќе има мрзливи луѓе ама тоа не значи дека личностите како @Keanu_R.Wick можат да лепат етикети како : ти си за чистење или ти треба да готвиш.
Јас уште од почеток кажав за него дека не ми се допаѓа неговиот карактер.Ама не можеме да ги бираме за жал
Реални да бидеме...срамота е женско да не знае јајца да спржи. Ама срамота е и маж да очекува жената да му донесе чаша вода, затоа што него го мрзи газот да го мрдне од кревет.
Ма јок, познавам таков пар што купуваат ако нешто им се јаде и е сосема легитимно. Ако нивниот семеен буџет може да го издржи тоа темпо нема што ние да се замараме дали било срамота или не да не знаеш јајца да испржиш.
А да имаш дете и да не знаеш една супа да му направиш, не е срамота? Ке го носиш во продавница секој ден што му се јаде да си купи?
Срамота е да лажеш, крадеш, имаш вошки и спиеш на таван Кој како сака нека си го живее животот Софи и тоа е тоа, секој нека си гледа у својот двор и чиста сметка дуга љубаФ.
Темата САКАМ ДА КАЖАМ почна да се претвара во чет, препукувања и надмудрувања. Ве молам избегнувајте да реплицирате. И да се реплицира, нека не биде до бескрај. Во текот на денов темата ќе биде средувана бидејќи се изгуби поенатата на СДК.
Дали може да се отвори ЧЕТ тема како што е четот? Сепак четот е поинаков, една таква тема за "штогодер чет" би била идеална.
Џокерче, самиот ЧЕТ е доволен за преписки Зарем има потреба да се отвараат теми кои ќе бидат оптоварени со чет. Притоа верувај дека за надмудрувања и докажувања повторно ќе бидат обременети постоечките теми, никој нема да се префрли во чет-темата. Затоа, да се придржуваме кон насловов Сакам Да Кажам и темата нека си функционира коректно. Понатака, секоја појава на чет муабети и преписки кои се надоврзуваат на нечиј пост ќе бидат избришани
Кога во 21ви век ќе прочитам муабети од типот жената е за дома, мажот за на работа, ми иде да станам и да се треснам со главата у ѕидот. Ако жената е за дома, да готви, чисти и да се грижи за децата, а мажот за на работа, дали тоа значи дека таткото има помалку важна улога во одгледувањето на децата? Ете, од тој аспект ќе почнам. Прво и основно, двајцата родители се едднакво важни во одгледувањето и воспитувањето на децата. Не ја занемарувајте улогата на таткото. Друго, не живееме веќе во камено доба. Чукнете си ја малку главата пред да тропните нешто, макар и една реченица да е. Не е срамота да умееш да чистиш, пеглаш, готвиш за своето семејство, ако си маж. Исто како што мажите можат да ги извршуваат домашните обврски, така и жените во денешно време имаат право да се образуваат, да одат на работа, да заработуваат и да придонесуваат во семејниот буџет. Се е ствар на догвор, како вие ќе си ги поставите работите во семејството. Само немојте да мислите дека е нормално да имате маж/жена паразит дома. Секој треба барем минимално да се труди да придонесе за подобар живот и иднина на семејството. И ве замолувам, ако не сакате и вашите потомства во 22ри век уште да бидат сведоци на ваквите неандерталски размислувања, да не седите со скрстени раце на ваквите муабети. Децата се огледало на родителите.