СДК некогаш ми е доста од се. Ми иде да си најдам место и никој да не ме најде. После неколку часови.... Па што ќе правам сама таму. Некогаш и сама не се разбирам.
Слободен ден. Таман реков ќе се наспијам, станата сум уште од 7 сабајле. Требаше да одам на гости денес кај сестра ми, ама откажав - не бе, се осеќам поспано, не можам да функционирам. А стварно се немаме видено одамна. Резервирале карти за Македонија, да го прошетаат синчето да се види со баба му и дедо му од страната на зетот оти го немаат видено, па жал им било. Нека одат бе, никој не им брани. Ми вели на телефон сестра ми : не идеш на гости, а ќе сакаш да ти донесеме ајвар од Мк - епа нема Да заврши пералната па ќе излезам до маркет да пазарувам. А како ми се спие, цело време се прозевам Додека го пишувам постот почна да врне надвор......ај ќе си ја пуштам мојата најомилена македонска песна оти ме асицира на времето Катето ми е многу убава жена, којзнае дали сеуште пее, не сум во тек со неа ама ич . Пред некој ден му велам на маж ми, ај бе да идеме до тој клубот кај што излегуваат скоро па голи. Тоа е посебен клуб, не е стриптиз, ама бааги се голи таму па дури и секс си имаат луѓето во темно. Јас сум позната по тоа што си сакам авантури и си правам да ми биде интересно, ама мојов е многу срамежлив, па ќе треба да смислам како да го наговорам да ми го направи меракот и да појдиме таму. Па шо има врска бе, еднаш се живее, секако никој не не познава Преска се напив пак витамин Д, од што немам видено сонце подолг период, ми се троши позитивната енергија па се осеќам на периоди депресивно. Ама не се давај така лесно ма Хереро !!! Станувај, доста седиш на форум. Додека се другите на работа, да појдам да испазарувам па може и да си се подновам нешто. Ви реков ли дека ми се спие ? Убав ден да имате сите
@Herrera па и да те познава што ти е гајле? Повели кафе Кате алтан биљбиљ уште пее, еве ја мојта омилена, може едно оро да завртиме? Ова дека си ме пропуштила во свадбарите, па ај вака на башка
СДК, навистина прави разлика тоа со какви мисли ќе го започнете денот. Не се само празни зборови кажани од некој мотивационен говорник. И уште една ,,мантра'' мора да си повторувате секое утро: Нема да дозволам да ме извадат од такт денеска. Зашто, верувајте, некои луѓе едвај чекаат и се ,,хранат'' од вашата нервоза. Такво задоволство за нив веќе нема да има
Дефинитивно полудев. Сама сум дома и ми мириса на она за Водици што се зема со црвено бела врвка, босилек изгледа. Истиот тој мирис. До сега повеќепати го имам осетено мирисот на баба ми, сега ова за прв пат. А толку смирувачки мириса...
Никогаш не сум можел да ја разберам Македонштината,се мешаат каде што не им е работа,а бегаат од сопствената работа,е тоа е класична Македонштина.Доста гледате за туѓите животи, другите биле очајни,не вие што се мешате каде што не ви е работа сте очајни,имате веројатно вишок живот,па затоа вашиот гние.
Сакам да сакам некого, да му верувам, да верувам дека навистина е до мене, сакам потпора и поддршка покрај мене кога мене ќе ми биде лошо и за возврат да вратам двојно од тоа што ми е дадено на таа личност, сакам да верувам дека има некој што е посебен и не е како сите други во овој суров свет... Премногу уморен сум од лажни личности што бегаат како кукавици...!!!! Сакам душа дадена за душа !!!
@Peperutce1115 а замисли кога ќе ти кажат : Он не ме пушта да идам на работа, барем детево ќе го изгледам. Зошто да работам за 12 000?
Поарно да не замислувам. Жално е тоа што постојат и такви фамилии. Затоа реков, се зависи од тоа како ќе се поставите. Ако дозволите некој така да ве третира, така ќе биде.
му простив на колега кој го нокаутирав пред месец дена...( Кој знае знае, кој не, ќе измисли прича како сум бил херкулес ама нема врска) му пружав рака прв, пошто сум човек од почит и најмалку сакам да има насилсто и провокација, се чувствувам одлично !!!
Сдк деновиве зрачам од позитива, насмевка од уво до уво, сите сакам да ги гушкам. Проблемите летаат во некој невидлив балон (што би рекла јас). Утре ќе си се јавам да прашам за на карате. Пак да си посветам време за мојата љубов, не ми е хоби, љубов ми е. Уживајте во ситниците, не е се во големите работи.
Додека чекав ред у банка денес на дедето пред мене му ѕвонеше телефонот а рингтон smack my bitch up од Prodigy. Дедото е мојот нов идол
Не заборавајте дека најнеблагодарна работа е да си домаќинка, работиш по дома а ништо не ти е признаено, еве гледам и ти условуваш со паразит. Најтешко нешто е да чистиш, готвиш и чуваш дете по цел ден. Работиш две смени. Изморува и психички и физички. Лично јас сум поодморена на работа отколку дома.
После вчерашниот ден во теретана и спа едвај се довлечкав на работа. Сакам уште да си спијам. Ама кога ќе ми текне дека во недела сум слободна Си велам ти можеш да издржиш денес.
Извини вака, ама дали ти правиш разлика измеѓу паразит и домаќинка? Не си ја сфатила поентата некако.
Сакам да кажам дека ич не сакам да зборам на телефон. А денес треба уште два пати да се јавам и плус уште еден повик што го одложувам од 19ти јануари... Ми треба психолог за повиков...