Те молам биди добро, те молам издржи, мамичке моја најмила. Немој да губиш надеж, немој да се предаваш, ќе се среди, ќе помине и ова...
Многу ми пречат одмерени и "воздржани" луѓе. Демек многу елоквентни, внимателни на зборови а во суштина празни и зли. Кои сте кога ви паѓаат маските навечер пред главата да ја ставите на перница? Колку пати дневно ги ставате со парола "одмерен", а после одредено време агресијата ви кулминира во погрешни правци? Време на масовна хипноза. Пред сè на себството. Нереализирани на психолошко ниво, паднати борци во изгубено време.
Што треба да ти фали во глава па да пишуваш од 3 профили на фемина. По се изгледа и многу читање книги не е на арно
Мило ми е што се слуша и мојот збор. Посакуваш ирелевантна тема да оди под клуч и оп ја заклучуваат Од генерализации полни со навреди никој не ве спасува, жално.
Девојките, верниците, жените на најголемите олоши од мушки курви, по дифолт мораат да бришат социјални мрежи. За истиот, сите жени шо имаат фејс се курви, оти он знае како ја смувал секоја една, па ај некој да не и пише и нанеговата, а и плус слободно да си оперира без оваа да го замара. За истата, ако има фејс ќе мисли нејзиниот дека е курва и ќе и го труби истото секој ден и ќе ја прашуе за кој ставила нова слика, а и плус не сака да глеа нејзиниов како остава коментари кај други жени и још горе, па шо не видела, не знае и мирна глава.
Сакам да кажам дека си ставив апликација за контрола на моето интернет работење пошто ми тера накај зависност. Во последен месец сум седела преку 4.30 сати на телефон. И сега ме извества ако на апликација сум поќе од 30 минути. Ме извества ако седам поќе од 2 сати на телефон. И има "постови" од апликации и моментаѓнм прицнав "да" за две така да чао бел свет, здраво црна доба. Ама ај, прв чекор е да се признај дека се има проблем, за да можи да се реши.
Среќен Св. Трифун на тие што слават! Среќен Св. Валентајн на заљубените! А мене нека ми е среќна годишнината на форумов уште долго да се дружиме!
На нас што сме секојдневно пијани од љубов, најубаво ни е Секој ден да ни биде така ама денеска да ја прославиме љубовта и со малку вино. Едно без друго не оди
Да се надоврзам на коментарите од погоре @Lella , жими се најмило ама не славам ниту еден празник - верувала или не. Во црква бог знае од кога не сум била , не следам и не ме интересира дали се постело, дали било забрането да се прави нешто за некој конкретен ден, значи баш никаков празик од ниедна вера не славам. Знам, чудна личност сум, но животот ми е поубав без ограничувања и наметнувања глупости у смисла денес не смеело да се пере и такви срања. @Nigredo Odor , да се надополнам во твојот пост погоре - страшно одбивни ми се луѓе од балканот кои се прават културни . Не постои никаква виша сила што би ми го сменила мислењето за балканците - таков ни е менталитетот, безобразни зборови ни се во секојдневна употреба па сакале тоа да го признаете или не..... треба да си роден во Јапонија каде владее дисциплина за да ти поверувам дека си културна личност која во својот речник никогаш не користи безобразни зборови. Затоа и на форумот ко ќе прочитам некој упорно се вади на таа карта колку била културна , одма ми е одбивна за читање оти преку куров ми е од глумици. Денес се зачитав у темата за проблеми со свекрвите - епа конкретно тука немам што да се пожалам, свекрва ми е 1700 км далеко, не се меша жената и јасно и е дека сум комплицирана и тешка категорија, па со неа имаме дипломатски однос. И конечно за крај сакам да кажам, ми се појави на фејсбук на денешен ден сум била во Санта Моника, УСА , па можам да кажам едно од поубавите места кои ги имам посетено во Америка. Еххх спомени Имајте убав викенд , јас работно ќе го поминам.
Како си задоволна? Јас имав пред некој месец беше страшно кога видов 4ч.ми беше ограничена на 1ч ама после тоа ме прашуваше дали сакам уште 10мин.Постојано си стискав 10 мин на крај пак беше 4часа.Имаше премногу реклами што ми ја цицаа батеријата. Признавам дека поминувам многу време на телефон ама ништо не се корегира не знам ни како да ја тргнам оваа завист од мене.Почнав да читам и хороро приказни ама и тоа не помага. Ако функционира добро app кажи и јас да си ја симнамПа да си се бодриме во одвикнување на оваа зло
СДК дека пред малку додека се враќав накај дома си ја сретнав учителката од 1во до 4то одд. и автоматски како ја видов ме удри еден блам од пред 15тина години. Требаше дента на часот да пишуваме состав на тема "Зимa" и после да ги предадеме за да ни ги оцени. И така, јас си се распишував за зимските идили, другарчиња, снегови, санки и што ти уште не и си го предадов составот. Утредента ни ги врати оценети, 5ка имав. Окезена со осмех од 6 до 6, си го отварам листот скинат од средина да видам дали имам грешки во пишувањето. Си гледам по некоја буква поправена тук-таму и ОП стигам до делот "... и децата носеа дунди." Па гледам Д-то преправено во Б со црвено пенкало. Не знам ни зошто децата носеле бунди, не ме прашувајте.
Среќен св. Трифун на сите што го славиме и слават! Среќен св. Валентин на сите заљубени гулабчиња. p.s: За мене сега важи онаа порака шо се појави по нетов: "Сами за Валентин - појасот нека ве гушне"
Па прв ден е ама си има како натпревари па во моменти кога би влегла пр на инста, не влегвам пошто имам running challenge. :') Edit. Од 4.5-5 сати, на три сум. Преѓе знам во банка бев и имав еден сат не користење телефон и бев онака tempted да исклучам. Вака личи: