Тие штo слaвaт Трифун некa се oргaнизираат и некa купaт aлкoхoл нa време. Другите мoже дa купaт цвеќе и кoндoми и пoсле 19 часот.
Понекогаш поскаував да сум бесчувствитела, безобразна, груба некултурна, да знаев како да им се упикувам на сите, да се дрогирам, да пушам, да бидам од сите безредија. Можеби помалку ќе страдав.... А можеби и не...
Женски, сега ме запроси дечко ми. Шокирана сум не знаев дека толку човек може да биде среќен! Пресреќна сум!!!
Сакам да кажам дека е жално колку луѓето кои навистина имаат капацитет и знаење немаат успех во земјава и не можат да дојдат до израз, додека простите хараат и грабаат од сите страни. Има премногу празноглавци со врски од партија за нешто да тргне напред во земјава.
Страшна работа е да имаш профили на Групер, Wish, Zaful, а да ти е досадно. Од досада потрошив 80 евра што не се ни мои. Една ефтина зделка овде, попуст на фустанче онде, панталони ваму, чизми таму... отидоа парите. И да си најавен со онлајн плаќање за Доминос, а да си у ПМС што трае повеќе од недела дена.
Сите околу мене ме молат да те побарам, да те слушнам, да престанам со лагите и изговорите... Не гледам причина зошто да те сожалувам, зошто да ти помагам. Цел живот го поминавме заедно, и секогаш само се молев да се одвојат нашите патишта за конечно да избегам од тебе. Не само мене, ги повреди и моите најблиски, и тоа многу повеќе од мене, а тие упорно те сакаат и се борат за тебе. Но, јас не можам веќе. Немам повеќе шанси да ти дадам, немам надеж дека ќе се смениш, немам вишка нерви за трошење. Засекогаш ќе делиме иста крв, ама не и душа. Јас и ти, ние завршуваме тука.