Од афирмирани богохулија на светов, најмногу сакам ананас на пица. Ај барем кисели краставици не ставам (позз @Anabelle.Amorette )
Кога немав пари, се ми се свиѓаше, се сакав да си купам. Океј, не зборам за скупи ствари од аздис, него ете алишта, шминки, и такви глупости. Сега, кога живеам културен живот, ништо не ми се свиѓа. Да, у глобала имам се што сум посакала и шо ми треба, не купувам нешто што не ми треба, користам увек исти ствари и носам ист стил на алишта, минимал сум. И не, не е дека сега стегам за пари или дека сум станала стипса, или имам се што сум посакала. Туку фала курцу, конечно живеам мирен живот, спијам без да се будам насред ноќ со црни мисли од кај пари за мочана сметка и за бус, и немам веќе потреба подсвесно со материјални ствари да го занемарувам незадоволството од сопствениот живот.
Признавам, уморна сум. Ми се спие, немам концентрација на работа, правам грешки и се јадам. Еве и сега се јадам оти на телефон не можев да се сконцентрирам што ми збори колешката.
Сдк дека еднаш пробав пица со банана и прегадно ми беше. Оттогаш сфатив дека овошје едноставно не припаѓа на пица. You can't change my mind.
Околу мајонез, јас не можам да сфатам како луѓето јадат мајонез воопшто. Ама нека си јаде кој што сака, сигурно нема мене да ме праша. Мајонез не можам да смислам.
Помфрит без мајонез не можам да си замислам. Пица исто. Сендвич исто. Скара исто. Мислам дека мајонезот е едно од оние нешта што оди со се' што е солено. Со благо не сум пробала, ништо чудно и со тоа да ми оди Спојлер Го чекам ручекот да се олади малку, се гледа дека сум гладна
Слушам на вести убиле две момчиња на работно место Добро до кога грабежи и убиства На човек да му е страв да оди на работа. Сите се за лесни пари, никој не сака да работи, па ајде ќе убиваме и крадеме. Посакувам да им се врати на полош начин и сите крадци парите да ги удрат по глава!
Сакам да кажам дека најмногу ги СаКаМ членовите кои во Среда велат дека бегаат, а веќе во Петок се вратени на форумов. Таман си викам „о Не ЗаМинАа“ и тие веќе се тука и се осеќам како се да се враќа на старо. Хореј.
Ќе се научат ли некогаш сопствениците на кучиња, дека зелените површини во парковите не се направени за измет на нивните миленици ? Децата во измет играат. Сакаш куче, собери си ги какушките зад него !
Фри деј финал. Конечно кафе да испијам на раат и во домашни услови, не сум седнала ич. Е вие не знаете вчера ми понудија да ја продолжам и ноќната смена на работа. Се разбира не прифатив, ниту функционирав после повеќе денови денска, ниту пак имав концентрација за нешто. Ма, не ме занима бре, точка. 24 часа Дојдов дома, ниту јадев ниту седев, се соблеков и легнав, ниту знам кога сум заспала ниту ништо. Сега станав, има максимално да ги користам слободните денови.
Прекрасен ден на повидок, фамилијарно одење во црква, прошетка во двојка на снежните падини, кафе-чај може даи додека трепнеш денот поминал. Со саканите се е полесно и побрзо минува со толку љубов синкир вечно да трае ако може
Јас би пробала тоа Ептен бев скептик за мешање на месо и благо нешо одозгора ама откако пробав пилешко во сос од цреша си го менив мислењето. Превкусно е И ананас ставаат во Кинеска кујна со бамбус и некоја слатка печурка. Да сум таму нема поинаква храна да јадам мислам
Кога сте почнале за мешање на вкусови тоа е карактеристично за кинеска-индонезиска кујна. Од кинеската месни топчиња мешаат со ананас а индонезиска им е специјалитет риба филети лесно издинстани и прелиени со гел/сос од јаболка м м м да можам само уште еднаш да го пробам второво мени, емотиконче што мечтае
Имам нова стратегија за справување со стравот и напнатоста. Не е ништо ново и револуционерно, во принцип. Но кај мене дејствува одлично. Кога и да го имам ,,она'' грозно чувство на напнатост пред некој настан, инстантно се убедувам дека она што го чувствувам е, всушност, возбуда. Адреналинот врие во крвта, а потребно ми е да си кажам само едно: Едвај чекам да го да го направам ова наместо Се плашам да го направам ова.
Granny's logic: ако јадеш без леб, не се смета тоа како јадење, туку како мезе. Срцка бе. Упорно мисли дека може да ме убеди да јадам ако ми рече ,,без леб касни малку". За после 10 минути да ми рече дека не јадам воопшто леб и затоа сум слаба. Бабиве се закон!