Напрај домашен сируп од само малце шеќер и вишни, на тивок оган да се редуцира, и фрли го оладен врз овчо сирење... Перверзии.
Јас сум најсреќната идна тетка на светот. Сите три најдобри другарки ми се трудни во исто време. Кое волшепство! Другарки мои, тука сум за вас. Ве сакам.
@Anabelle.Amorette Мојата логика е друга, без месо не е оброк за мене Спојлер Сега кога ќе ме нападнат веганиве, кај ќе се кријам
Таа тенка линија меѓу доброто и злото и мизерната сатисфакција од истата, да ми се објасни. Ама озбилно.
Не е убаво да се колне ,посебно млад човек да колне дури тажно е. Со што би била ќерка му виновна ако он е идиот?
Се надевам дека ќе сфатиш дека не е во ред тоа што го зборуваш , ти не си нешто подобар од него што ја вмешуваш и колнеш ќерка му која не е ни крива ни должна .. И да колнење е тоа што го рече.
имаш тема сдк без цитирање каде можеш да посакуваш лоши работи без никој да те цитира... у склоп на муабетов.. шо му мислиш ти може некој и на ќерка ти да и мисли... научи нешто од следново...
Ако не сакаш да те цитираат пишувај си во сдк без цитирање. Не е сваќам туку сфаќам. Фала на разбирањето
@ЕденЧлен и извини, шо прајш (посакуваш, ете) ти поразлично од ропакот кој повредил девојка? Истото на друга го посакуваш. Причините небитни, резултатот тој е.
Доцна во ноќта наместо да спијам зошто за неколку часа сум на работа јас овертинкам. Браво точаче, ќе бидеш утре пијана кокошка.
Стварно не е убаво и не е добро да се колне. Разбирам дека веројатно си имаш причина за ваквиот пост,но сепак не е за оправдување. Верувам дека ако имаш ќерка(во иднина) не би сакал да ја колнат поради твоја грешка или пропуст. Кој или што и да те изнервирал/о не вреди ни да ти троши време,ни создавајќи ти црни мисли да ти труе душа. Некои личности стај ги на игнор,верувај дека многу подобро ќе ти биде. Еве,сега со девојка ти поубав период ве чека,па мисли си најмногу на таа позитива.Патем,уште еднаш,нека ви е со среќа!