Јас мислам дека еден член не го ни мислеше вистински тоа што го кажа. Добро си реков јас за вчера дека ќе биде глуп ден. Денес ќе биде средно досаден.
СДК најубаво е кога се чувствуваш секси и во 8 месец од бременоста со стомак како да си голтнала лубеница good vibes only
Сосема друга ми беше искрено мислата,ама ја кажав на ептен лош начин,ама веќе бидна.Ти благодарам,и ти посакувам сите соништа да ти бидат реалност. Лошо се изразив,сакав да ги одбранам сите девојки,жени,од психопати,лудаци,оние кој секоја жена,девојка е ку*ва за нив.И мислењето отиде во друга насока...јбг
Алал да им е на оние што го ставаат телефонот на сајлент (DND) пред легнување. Секогаш го оставам на вибрации и секогаш ме буди некој кога ми ѕвони. Ако ми е кога нејќам да сменам навика.
@Billy Idol мирот ти е загарантиран ако ја промениш навиката. Јас имам обичај да го изгасам телефонот и го оставам во друга соба пред да заспијам. Пробај, ништо не губиш. Не си должен да се замараш со некој кој нема осет за време.
Само таа прегратка ми е потребна за среќа Целиот мој свет се крие во тие раце. А ведрото пролетно небо е во тие очи Пресреќна сум. Конечно дојде време за да споделам со сите. Би сакала да можев, дел од она што го чувствувам да го пренесам секому
Мене 24/7 ми е на сајлент Може да ме добијат само ако ја имаат таа среќа да ме побараат, додека мобилниот ми е во рака, дремејќи на нет Во спротивно, нека ме бараат колку сакаат, ќе видам моб само кога јас ќе бидам расположена Мирна глава, поарно здравје На звук го ставам само кога очекувам важен повик
Јас не го ставам телефонот на сајлент,освен за време на испити или важен состанок. Не го исклучувам. Се случило поради итни и важни нешта да ми ѕвонат доцно ноќе и поради тоа сум достапна 24/7.
@Billy Idol, е мене секогаш ми е или на вибрации или на silent. Само никогаш, никогаш не ми е на ѕвонење Ама цело време е со мене, така што ако не кревам некому, значи дека игнорирам
Мене најчесто ми е на вибрации, кога си легнувам исклучувам само нет. Немам проблем бидејќи и онака сите ме бараат на социјалните мрежи.
@bicycle , напротив, таман си се они. Јас немам осет за време со тоа што пола ден го преспивам. Иначе и ја би сакал да сум како тебе @cresa-jagoda , и бев, ама не можам повторно највеќе поради работата и фамилијата. Не го чувам на сајлент преку ден за да не пропуштам нешто, но ми стои секогаш на вибрации. Ама дефинитивно треба да си ја сменам навиката и пред легнување да го ставам на DND. Мирна глава. Мирен сон.
Шо е битно на шо ми е стаен телефонот, и онака бирам на кого да му кренам. Јбг, дури и врата отварам само кога чекам некој.
Мобилниот ми е исклучен само кога нема батерија. Во спротивно, секогаш е вклучен на вибрации, ретко на ѕвонење. Aко учествувам на некој таен семинар или состанок знам и дома да го оставам, па после два - три часа најдоцна кога ќе се вратам, да видам кој пишал или ѕвонел. Инаку на сите им кревам слушалка, социјално суштество сум и не сум мизантроп. Само за дружење не сум периодов, до лето. После јуни може да ме барате за излез.
Со години веќе ми е на DND и раат сум. Не дека ме бара некој, ама знам оти ако то заборавам мора да ми заѕвони некој дури спијам. Направено ми е само дм и алармот да можи да ми ѕвони покрај таа опција.
Кога сме кај телефони јас да си кажам дека ми нема подобро кога телефонот ми е на авионски режим. Не дека некој ќе ме замара, туку знам дека тогаш не можам да влегувам на интернет. Тоа претежно на лето кога сум на одмор, па сум со сите блиски и сакани, па фино лепо приклучувам авионски режим а тел го користам само за сликање. Или за некои празници кога сум дома па сите се околу мене... Е тогаш сум спокојна па телефонот ми е забатален. Раат шетање, спиење, јадење, а не насекое да гледам известувања, пораки, повици и да си правам непотребни нервози. Инаку на вибрации ми е постојано, а за легнување нечујно ако не кревам значи игнорирам.
Јас исклучувам интернет и раат. А тука и онака никој не ме бара сем шефовите од работа и една другарка.