1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Од каде доаѓа таа болна потреба кај луѓето за прикривање и оправдување на нивните наводно погрешни постапки, очајни обиди да се прикажат во што е можно подобро и поневино светло пред светот наместо да уживаат во себе и своите недостатоци, или ако не можат да уживаат барем да се соочат со истите и да си признаат, макар и пред огледало. Површна сум, материјалист, себична и егоист, дебела или преслаба, злобна и лоша или предобра, ваква или онаква сум, па што? Ако јас уживам во тоа, не гледам зошто моите постапки би претставувале нечиј проблем, а најмалку мој.

    Сметам дека луѓето кои имаат секс за една вечер не прават ништо погрешно бидејќи тоа е нивна одлука, нивен живот, нивно тело и најважното, нивни, а не ваши можни последици од чинот.

    Можеби во вашите очи овој секс е празен и животински бидејќи го нема важниот момент на поврзаност со партнерот кој го прави сексот нешто повеќе од спојување на половите органи, едноставно факт е дека на таквиот секс му фали љубов, па аналогно и смисла, а тоа е она што го прави да изгледа празно, површно и безначајно.
    Практиката на секојдневно будење во кревет до личност што не ја познаваш те прави неспособен за љубов, квалитетна и значајна врска која нема да заврши со првиот утрински зрак на сонцето или после неколку вечери секс.

    Дали можеби ми фали љубовта која ја нудат емотивните врски, а ја нема во сексот за една вечер? Дали сексот го користам како замена за љубов затоа што се плашам да се поврзам емотивно или едноставно уживам во полнење на егото дека сум способна да бидам “посакувана“ од различен човек секоја вечер? Или можеби уживам во најискрениот физички контакт со личност пред која можам да бидам се што ќе посакам и да си заминам без никакви очекувања затоа што најверојатно нема да го видам никогаш повеќе во мојот живот?

    Секое задоволство си има своја цена која секогаш се наплаќа на овој или оној начин, лично јас сум таа која одговара за своите постапки, јас сум таа која ќе се соочи со последиците и во ниту еден случај не повредувам никој друг освен самата себеси.
    Каменување од мажи на кои ку*от им е како општински печат - секаде го ставаат, и жени на кои косата им паѓа од нервози за туѓите сметки се оние кои гледаат на сексот за една вечер единствено како “силување за една вечер“ или другата варијанта им е секс за пари/позиција која по дефиниција го носи епитетот курва.

    Зошто ви претставува толку голем проблем една девојка да го искуси она што очајно го посакува?
    Кој е вашиот проблем ако имам секс за една вечер, секоја вечер?

    Сабота е, ај отидов јас да се издепилирам, некако ноќва ми мириса на грешка...
    И се извинувам што ќе ве разочарам, ама на крајот од денот светиците кои продаваат морал не добиваат награди.
     
    На kate21, Salome, Serafima и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК дека конечно заврши сесијата и летото може да започне!!!
    За успешно завршена година од либето добив белезика(Со примеси од сваровски) а од мајка му добив руменило кое одамна го посакував. :)

    Куферите спремни,вечерва заминуваме на одмор,сметам дека го заслужуваме!

    Поздрав феминки,се читкаме за недела дена.
    Имајте убава вечер! :*
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.467
    Допаѓања:
    16.948
    Знаете денеска,подитно решив некои работи..
    Си зедов едно празно ливче и почнав да пишувам за што му се лутам на другите и со огромни букви пишав ПРОСТЕНО,НЕКА ТЕ СЛЕДИ СРЕЌА НАСЕКАДЕ....
    Значи за колку работи се нервирам безвезни...само се жалам наместо да превземам мерки...No job, no boyfriend и така се вртам во круг...Такво тип сум што ако не заработувам пари паѓам...не дека не ми даваат од дома,ама воопшто не сакам така....Дур и желудникот ме боли и ми се лоши.....
    Почнав поинаку да реагирам на луѓето,по испишатното...Can't believe it
    Плус си зедов да пишувам некои зборови од Моќта На Потсвеста од Марфи...( колку и да звучи сето ова лудо)
    Не излегувам вечер...сите кои излегувате убав помин :* http://www.youtube.com/watch?v=2EaE0_gQLw0
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    А зошто тогаш тебе ти сметаат хомосексуалците и кубеш коси да не случајно им дозволат бракови?
    Абе ајде, лажен морал насекаде.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Тоа не е лажен морал. Тоа е став.
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    A кога на други не им се допаѓа тоа што таа го прави, тогаш тоа е морализирање и берење туѓо гајле. Ама нејзино мешање во туѓите избори е став.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Лажен морал би било ако таа сака да стапи во хомосексуален брак, а води пропаганда против геј-браковите.

    Двете теми се различни за да би се споиле, ама очигледно сте се `рчнале вие во некоја друга тема и коментариве сега ви се интерен муабет.
    Не може либералноста на еден за една тема, а конзервативноста за друга да се формулира како лажен морал. Секоја тема на муабет добива различни гледишта и тие си важат за таа тема и моралноста која се пропагира си важи за таа тема.
     
    На Pirana, sweet-star, XstrongerX и 2 други им се допаѓа ова.
  8. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Не сме се рчнале на ниту една тема, логиката како и обично не ти функционира. Па и за тоа што го напиша околу моралот и гледиштата. Ај, чао, ќе гледам фудбал сега.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Не те држам јас, слободно гледај си :D
    А во однос на ова болдираново, нема да ти замерам колку и да немаш основа да збориш.
    Гледам 15 годинки имаш. Детенце си. Има време, ќе го научиш точното значење и дефиниција на некои зборови ;)
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    9.488
    Пол:
    Женски
    Се е некако чудно и досадно.Ми недостигаат некои луѓе,места,ми недостига најмногу тој.Солзите ми ја кинат болката во душата,и се прашувам:казна или искушение е ова?Се трудам да бидам силна,а немоќна сум.Се повеќе зло,помалку добрина,повеќе омраза и лицемерие ,наместо љубов и почит.До кога и каде вака :^) ?
     
    На makedonkamak и Katerinceee им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Ретки се жените кои постигнале голем успех во животот на професионален и материјален план без вагината како тикет. Барем во Македонија. Ги има, ама многу повеќе се оние другите. Дали еднаш, двапати или стопати, дали ќе се тешат дека го направиле со чувства или затоа што така сакаат и им се може, изговори се, конците не биле никогаш во нивни раце. Иако има и такви кои се почастени и горди што некои од "погорните" го одбралe нејзиното меѓуножје, но тие се и за тоа родени.
    Како помлада не сум сакала да слушам вакви работи, ама очекувајте многу непристојни предлози на пат за горе. Неретко ќе се чувствувате како во луксузен бордел, ќе бидете во искушение дали да си задржите гордост, интегритет, да си го фатите љубениот за раче и да си барате средина во која ќе може да виреете, или ќе бидете толку желни за успех па низ се ќе поминете. Секој со својот избор.
     
    На kate21, kala21, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Ти не си детенце и пак немаш основи за тоа што го зборуваш :D , ама јас не се закачив за возраста затоа што знам да напишам и поаргументирани нешта.
    Таа напишала дека и сметаат луѓе кои не се согласуваат со нејзиниот избор и дека немаат никакво право да осудуваат, а во друга тема фрлаше со дрвја и со камења по хомосексуалците. Тоа е контрадикторно и лажен морал или двоен морал, кој како сака.
    Тоа со фудбалот беше покултурен начин да ти укажам дека нема што да комуницираме повеќе, ти освен што ми ги изброи годините ништо издржано не успеа да напишеш. Еднаш започнавме дискусија, и таму губеше контакт со логичното размислување, затоа те оставив самата со себе да разговараш. Пак ќе го направам истото.
     
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Јас со годините се трудев да те оправдам тоа што не знаеш што значи лажен морал, воопшто не беше аргумент. А пошо наводно си имала поаргуметирани нешта да пишеш, повели, зошто до сега јас не гледам јас никаков цврст аргумент дека девојката шири лажен морал.
    Во друга тема Пирана си ја дискутираала темата. Оваа тема е сакам да кажам и си кажала што си сакала. И има разлика кога се дискутира и дебатира и кога се кажува мислење кое е споделено онака. На секој му сметаат луѓе што не се согласуваат со него. Логично е да е така, но секој си има контра-мислење. Токму како што си имала и таа во другата тема.
    А ти кога викаш дека не сте се `рчнале во таа тема, што и пишуваш овде префрлајќи и за тоа? Ако си толку способна цитирај ја таму и контрирај ја, а не да се ставаш во улога на обичен посматрач. Овде замерките што ти ги имаш за темата во која пишала дека е против хомосексуалните бракови а и не се содржина на кометарот погоре, не ти се на место.
    Не сум те запаметила од претходна дискусија и не знам за што збориш, ама чисто информативно: дискусијата ја губи оној кој се повлекува - во случајов тоа би била ти.

    И еве ти уште еден пример за лажен морал: ти. Се правиш културна (со тоа нели што си сакала да ми кажеш да не комуницираме повеќе, за кое патем мене не ми е ни гајле), а уствари се однесуваш дрско и безобразно што на скоро дупло постара од тебе се правиш паметна и паламудиш како таа немала логика, а не ни имаш појма какво образование завршила, и можеби е професионален кадар токму од област на логиката.

    Ако некој не ги разбира работите, не значи дека се нелогички, туку едноставно тој треба да се преиспита дали има капацитет за да ги сфати.
     
    На SV1911, Pirana и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  14. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    ^ Не се преправај дека не се сеќаваш на мене, да не се сеќаваше немаше ни да ми реплицираш за нешто за кое не беше ни повикана. Те знаат и други тука колку знаеш да бидеш напорна.
    Степенот на образование денес во нашата држава не е мерило за ништо. Не се ни годините мерило за интелигенција. Се гледа колку ти е низок капацитетот по начинот на кој се разжештуваш за обична дискусија. Повели, разговарај самата со себе, спамирај колку сакаш, надевај се дека модератоторот ќе ти ги брише бламовите :D . Јас со тебе завршив тука, друг пат не ми се беси со паламудење, да се изразам во твој стил, го немаш интелектот потребен за дебата.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    баш ти ги проверив мислењата, видов за што си мислела, ама немаше врска тоа што ти пишав со таа дискусија. Не ти е впечатлив никот, ни ти пак сум се замарала со тебе па да те памтам. Ти очигледно да.
    Инаку, ти го видов постот и сакав да ти укажам. Форумот е тука за да учиме и помагаме, ама некои се тука за да се расправаат. Ете и ти не беше повикана на коментарот на Пирана па и пиша, па што има врска тоа? Секој си има право да си се вмеша.
    Се додека ти враќаш, јас не разговарам сама со себе. Тоа дека не сум го имала интелектот за дебата можеш ти слободно да си се тешиш, зошто кога би имала што да кажеш, би ти било предизвик да дебатираш.
    И да, годините се мерило за интелегенција. Самото тоа што коефициентот за интелегенција се пресметува како однос помеѓу ментална возраст и календарска, укажува на тоа дека и те како возраста влијае на тоа. Имајќи предвид дека има повеќе дефиниции за интелигенција и појаснато е дека не е дефинирана туку е само потенцијал кој може да се проширува со учење - е доказ дека и искуството во разни ситуации влијае врз интелигенцијата. А искуството се стекнува со годините. А ти пошто се правиш опасен логичар би требало да сконташ дека 2годишно дете кај кое не е ни развиено чувството за внимание, не може да биде способно да разбира нешто што учат 10годишни деца во школо, впрочем и затоа наставата во училиштата е адекватна на возраста и има одреден период на почеток на школство.
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Некој да ми каже каде одат оние „цврсти“ одлуки и ветувања пред самите себеси, што ги донесуваме пред да заспиеме во ноќи кога мозокот за инает работи наместо да не` остави да спиеме, а веднаш наредното утро ги баталуваме?
    Баш вака... :lol:

    [​IMG]
     
    На Mariangela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    http://fashionel.mk/139549/kralicata-el ... -cevli/#14 Кога на една кралица ѝ е најбитна удобноста зошто ние би ја жртвувале, во корист на маркетингот? Удобноста и здравјето пред се! :)
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ами нема кралицата, па затоа во едни исти оди :wasntme:
     
    На kala21, mimiiiii и tessie им се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    На секој Гластенбри фестивал во последно време во публика се вее македонското знаме. Грујо да им даде на дечкиве орден бре! :^) :D
     
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.734
    Пол:
    Женски
    :dance: :dance: Не знаете колку сум спокојна денес, неочекувано добив порака од личност која не очекував и ми рече: ,,јас те засакав многу и секогаш сум овде, за што и да е, само напред имаш поддршка од мене и не дозволувај да те гази животот.‘‘

    Нема ништо поубаво од ова :nod:

    Значи не можев да поверувам, и тоа од женска личност која ја почитувам многу и ме изненади ептен позитивно.Јас пак се прашував деновиве што ми фали.хмм :tmi: еве што била работава :)


    Како и да е, само позитивно расположение, дефинитивно преубаво ми годи :f: :sun:

    Поздрав до феминките кои ќе бидат трета смена на форумов :*
     
    На Serafima, Lella, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.