Заборавив прееска да надополнам дека се разочарав од нешто, и сакам да читате внимателно сега. Пред некој ден се расипа грејачот од кујнскиот бојлер, па решив цел да го симнам и размонтирам. Но, искрено се покајав за сите пари што го сторив тоа. Најпрвин, пред отворањето тежеше како бекатон да има внатре. Кога го купив не се сеќавам да тежел така и дури ми дојде малку чудно. Во главата ми се вртеа луди идеи. Дека можеби се заглавила некоја животинка внатре или дека се размножиле бубачки. Не знаев што да мислам, со оглед на тоа дека немав поим дека може да ме задеси нешто вакво. Да не должам со сценарија, во моментот кога го отворив капакот имаше што да видам... Мал милион средно големи камења со дупчиња како од карпа. Валкани, чудни. Сето тоа минувало низ топлата вода, а јас..сум го пиела. Немам гадлива природа, имам јак желудник, ама ова малку ме замисли. Од здраствен аспект дали е во ред да се пие од вода од чешма. Тоа е сѐ последица од лошиот квалитет, старата инсталација, хлорот и којзнае уште што ли не внатре. Еве ме сега, со два купечки галони вода, да има да се најде. Бар ако ништо друго поретко да пијам од чешма. Кај да е, ќе купам и прочистувач за вода. Така да ако имате предлози за филтери/прочистувачи евтини до 100 евра ве молам пишете, секој предлог е добредојден. Еве ви предлог за нова тема тука во сдк by the way. Квалитетот на водата во Северна.
Камењата, односно бигорот се од тоа што бојлерот грее вода. Секој, ама баш секој бојлер со тек на време фаќа и треба да се чисти. Не само кујнскиот, туку и тој во бањата. Само не знам зошто се гадиш? Па не пиеме бојлерска топла вода
Затоа што се дупна и од греачот почна да капе над чешмата од таа одвратна црвена бигорска вода. Сега е поправен со нови цевки.
колку најубаво се осеќаш кога ги избацуваш негативците од твојот живот Ммм...навистина било олеснување
Денес на сите што читав по форумов и што гледав по инста на сите им бил убав ден и нов почеток. И за мене требаше да биде прво предавање во нов семестар, ама и тоа ми го сјебаа. УПОРНОСТ-секогаш бидете упорни и борете се за тоа што го сакате и заслужувате, барајте правда, инаку вие ќе бидете тие што ќе изгубите и ќе се разочарате. Една професорка не сакаше да ми се потпише кога сите делеа потписи и денес на студентски не можев да си го заверам семестарот. И пратив куп пораки и ја барав по цел мој факс и нејзиниот и ми помина пола ден барајќи и чекајќи и на крај ја најдов и ја убедив и ми се потпиша. Малку пред да затвори студентски ги поднесов документите и средив.Ако некои не ми помогнеа да ја најдам ќе платев казна, што не ја заслужувам.Да се разбереме уште пред нг и праќав меилови за потпис, ме одбиваше со мисла: (не ти треба, не давам сега потписи, знаат во студентски и не прават проблеми) и после се откажав од молби. Поентата ми е на крајот после пола ден вртење околу кабинети и разговор со многумина ја најдов, и објаснив, сфати и се потпиша и си средив, ако се откажев и си отидев што ќе успеев ништо.Да можеби имав главоболка, но подобро да ме боли глава отколку да плаќам казна, можеби и казната не е многу.Но со тие 1000 што ќе ги подарам на факултетот ќе си купам фармерки, блуза или можеби маска за коса, нешто што ми е потребно и корисно, не да фрлам пари за тие што едвај чекаат да земат од казни. Не отидов на првото предавање, но успешно го запишав семестарот и се надевам во иднина нема да имам проблеми со потписи и секогаш ќе си завршам со добро
Да се надоврзам на темата за тел. Секогаш вклучен мерак ми е да ја слушам постојано thank u, next Затоа и ретко се јавувам Спојлер
Телефонот ми е 99% од времето на Vibration, навика ми е од работа, освен ако не очекувам повик па да го префрлам на Sound. Многу често ме прекоруваат ради тоа, дека никогаш не кревам кога ми звони некој, ама мене така ми е поубаво и навикнато. Вода од чешма одамна не пијам, најмногу ради вкусот што не ми е убав, а вода многу сакам и пијам. Исклучиво флаширана, што и за неа зборат дека не чини зашто е стоена во пластика, и да не знае човек веќе што да мисли и и кому да верува.. Него, Дали сте суеверни? Цагер, хороскоп, соновник, тарот карти, гледање на кафе, гледање на гравчиња, во дланка? Дали верувате дека петок 13-ти е баксуз? Дали ако црна мачка ви го пресече патот, се враќате не знам колку чекори назад и праите магии за истерување на баксузот?! Има ли причинител на лоша среќа??? Прееска се фатив нешто со работа по дома, на ТВ било пуштено Сител и се погоди квизот на Лила. И натпреварувачката кога почна да објаснува колку амајлии за среќа носи, па дека нигде без нив не иде, па среќен број, несреќен број, по пат накај студио не знам што виделе да им пресече пат, па ако освоела една сума една значење. друга сума друго значење... Кои ви се најинтересни суеверија, кои тотално нелогични? Јас дека сум на штрек цело време, не сум. Дека внимавам на секакви ситници, не внимавам. Зависи од моментот, односно како сум расположена. Велат дека во престапна година не се стапувало во брак. Оваа е. Не знам... може сум малку. „Чукни во дрво“ и „мрдни се од место“ си ги практикувам. Шо си е сигурно - сигурно си е.
Има денови кога се чувствувам како бебенце... јадам, пијам и спијам. И има денови кога размислувам свашта, се јадам со денови, ме оптеретува тоа навечер, не можам да спијам. Не знам дали постои друг ваков човек на планетата. Се нервирам и туфкам за глупости. За банални работи имам грижа на совест. Свести се пеперутко, еднаш се живее.
Не треба сексуално образование, треба правна држава што ќе ги казнува ваквите сра*а а не ко Телеграм, 3 дена топ тема на сите медиуми и после што? Се зборна нешто периодов, се даде некое инфо до каде е случајот или поважно е колку шеќер имало во кафето на Заев/ Груевски
Боже, господе и сите светци напомош. Добро бре и што од тоа да сликаш/снимаш девојки кои обавуваат физиолошки потреби? А па и Крушево со број на население што се брои на една рака, аманте
Епа другарке кога ние кршевме прсти на тастатура тука колку е битно менталитетот од корен да се смени и да се прекине да се виктимизира жртвата, дека ако не се стават кочници на ова возило кое иде кон неповрат дека ќе се прават акти со катастрофални последици, имаше невести на форумов (за пошироко ич да не правиме муабет) кои не убедуваа дека грешиме и дека сами си го барале. Си земаа залет господата, никој ништо не им може, 80% од Македонијава им рипна во одбрана, ги допонижија девојките, зборуваа гадости кои на возрасен, оформен човек со нерви ортоми можат да имаат катастрофални последици, а камоли на тинејџерки кои се во еден таков период. Еве ви ги последиците, дами и господа, snowball ефект, почна со објавување на интимни фотографии пратени во доверба, продолжува да расте со фотографии направени без консент, во вршење на физиолошка потреба, а како ќе ескалира ова понатаму не сакам ни да знам. Уште еднаш да ве поздравам тие што ги правдавте господата, сега ако се најдете вие на порно сајт како мочате се надевам дека нема да ги добиете истите коментари кои вие ги дававте, дека девојките се криви.
Се ти е на место пишано, ама наместо да се кршиме сите на тастаура подобро би било да си поработи законот и се спроведе правдата на дело, а за другото во слободно време можеме книга да напишеме ама џабе ако не се спроведе на дело Муабетот ми е, за Телеграм никој ништо не одговараше, се преименува друга група и пак продолжија. И ова е исто така нус ефект од тоа и се друго, не велам не. Ама ако нема пример како да не се прави истово ќе ескалира и во поголеми средини од едно мало местенце и тоа е запрепастувачки. @KateKane периодов по фамата за Телеграм многу размислував за ова, а и пред да одекне во јавност имав отворено тема Новинарство каде чепнав еден дел од привилегиите кои можат да ги искористат новинарите да обзнануваат работи кои се од општествен интерес и за општествено добро да добиваат побрзо законска и секаква друга разрешница. Ама темата е минимално коментирана, нема врска тоа. Повеќе ме засега делот каде што буквално никој не се најде засегнат да се вмеша. Еден сам се пријави и пак ништо. Нема позитивен пример нит општествено соодветна реакција ако затајуваат родителите и образованието со едукативна а и казнена мерка кон вакви дејанија. Сепак се ова е доказ до каде сме како општество на овие теми.
Точно, ама да го тргнеме тоа за секунд настрана. Замисли сите тие што шејмаа девојки да застанеа во нивна одбрана, тука, на портали а и низ муабет колку девојчиња ќе се охрабреа. Излезе една девојка да каже дека пуштена е нејзина слика, скриншот ставив од сите гадни коментарии кои осамнаа на порталот. Со самото тоа секоја друга девојка која е жртва се повлекува, се срами и не ни пријавува баш заради тоа, заради што ќе каже народот. А едно е кривична пријава од 1 жена, друго е кривична пријава од 30+ жени. Јас и ти не можеме да го земеме законот во раце. Ама и те како можеме да влијаеме за нашите зборови на социјалните мрежи. 65.832 прегледи има темата за "Телеграм", доволно е да се почне да се крши стигмата тука, а исто и на порталите. Комплексен запчаник е целава ситуација, а имаме во него доста голема улога. Ама секој си одбира кон што сака да биде адвокат во животов, се надевам дека во иднина ќе има повеќе жени "на наша страна".
Јас отсекогаш сум со парола жена кон жена, ама во тоа и кога треба поддршка ама и осуда. Имаш примери на девојки кои веднаш нудат нудс што и жена кон жена треба да осуди. Ама имаш и примери на злоупотреба од нечија страна конкретно од машка и тука жена кон жена треба поддршка. Знаеш секоја паричка со две страни, ама буквално од жена кон жена и за поддршка и за осуда сум за посекако а и особено оваа парола ја објаснував ако добро се сеќаваш летоска кога таксистот ја натепа Добрила ама мојава парола тогаш не ја разбра или прифати секоја од нас а баш тогаш требаше да сме сите на иста страна. Тоа е тоа на кое треба да се работи па се друго можеби поскоро би се оправило. Сепак непристрасност и свесност и на крај реакција на ација