Сакам да кажам... искочив од токчична врска со човек кој многу го сакав, ама многу граници беа пројдени. Замижував од љубов. Ама еднострана љубов не е доволна, девојчиња. Иначе, живот без него ме можев да си замислам. Ама се ставив на прво место, и тешко ми е, ептен, многу, да. Ама знам дека ќе ми помине. Ова е еден од најголемите чекори за себе кои ги имам направено. И сум горда и сакам да споделам. Сакам да ви кажам дека љубовта треба да ве мотивира, да се чувстувате безбедно, да ви биде удобно и да сте среќни. Да добивате поддршка од партнерот, а не да ви ја намалува самодовербата. Има буквално осум милијарди луѓе на светов. Немојте да седите со токсични луѓе. Ако некој се пронаоѓа во ова, сакам само да му кажам дека може да успее да се тргне. Дека нема подобро нешто од тоа, колку и да изгледа тешко. После долго време, имам самодоверба. Сум ентузијастична. Верувајте во себе, знам дека можете. Ве сакам.
Ако е нервоза, лута, и дрско ти се понаша, ти кажува се в лице, ти кажува како си арогантен, самобендисан и ти потенцира дека си сеЉак, да со големо Љ. Тогаш, верувај, ТЕ САКА! Нека ви биде ЉУБОВ денов!
Деновиве сите ми изгледаат некако порасположени, поведри, повесели. Можеби е до сонцето што не' радува почесто. Можеби е до пролетта што ни тропа на врата. А може да е и до мене, па ведрината што ја чувствувам во мене, ја барам и ја пронаоѓам и во другите.
Вчера неможејќи да заспијам случајно ми текна на студенските денови. Си се потсеќав колку бев среќна тогаш. Посебно прв семестар. Бев возбудена, среќна и исплашена. Нови луѓе, нови пријатели, нови нешта. Чудни и убави чувства. Како постојано само сонце да ме грееше. Во прва случајно се спријателивме со еден колега Иван. Имаше дипломирано на еден факултет, па овој му беше втор. Многу ми помогна за полесно да се снајдам низ лавиринтите и хаосите кои владеат низ факултетите во земјата. Имавме милиони теми за разговор. За книги, филмови, серии... Со саати седевме, зборувавме и се смеевме. Беше многу начитан, паметен, интелигентен и пред се добар човек. Знаеше илјадници факти од разни области, па можеше многу човек да научи од него. Ми текнува дека кога имавме порано предавања ми викаше кога ќе станам да му се јавувам за да го разбудам. Викаше аларм може нема да слушнам, па затоа ѕвони ми упорно. Па така секое сабајле го будев. Правевме мал муабет за расонување по телефон, па после продолжуваме на факултет. Бевме ептен блиски па ми беше мил човекот. Го осеќав ко цел живот да го знам. Еден период го снема. Скоро две недели го немаше да се појави, а телефонот му беше исклучен. Немаше профил на ниедна социјална мрежа. Прашуваа и други колеги каде е детево, ама никој не знаеше. После ете го се појави. Кажа дека не му бил периодот погоден, па се повлекол од секаде. Па пак исчезна. Па пак се појави. Така во круг правеше неколку пати. Некако стануваме се подалечни. Последно кога зборувавме кажа дека има финаниски проблеми, па можно е да не запишува друг семестар. Со тек на време скоро воопшто и не се појавуваше на предавања. Се осеќаше неговото отсуство. Фалеше човекот. После некој период еден колега кажа го видел дека работел во сендвичара, па зборнале и му кажал дека не може да најде по струка (од првиот факултет) па работи и во продавница и во сендвичара. Оттогаш немам слушнато ништо за него. Не знам ни дали се снашол со работа. Ни дали продолжи со факултет. Ништо. Ќе излажам ако речам дека често мислам на него, ама еве по некогаш ќе ми текне и се прашувам што прави сега. Ми беше дел од животот во тој убав и возбудлив период, па му посакувам се најдобро. Толку паметен и учен човек не заслужува да работи за минимална плата по продавници, ама се надевам досега е снајден.
СДК Модни трендови и прилики: Од 0 години до 8 ке носиш што ти купила мајка ти Од 9 години до 15 компромис за што има пари и што можеш да одбереш за тие пари од 16 години до 20 години што сакаш-тоа носиш, тераш мода од 21 година до 31 година раѓаш, се вработуваш, носиш што мораш (или труднички удобни или дрес код почитуваш) од 31 година до 51 година доносуваш од децата зашто не се стасува да купиш за нив и да обновиш за себе од 51 година до 61 година што ти е тамам од некогаш купеното од 61 година па до крај - што се нашло тоа се облекува.
Видео: “Каква боја е цpната кутија во авионите?” https://zase.mk/articles/382916/video-kakva-boja-e-cpnata-kutija-vo-avionite Бугариве и српскиот пилот растурија и чат-пат по некој наш. Па ај да се почастиме по една оранжада за новиов податок да ни остане во подлабока меморија. Спојлер
I see your spirit in the sky When northern lights are dancing .... После Канада , на второ место е Норвешка како најдобра држава у светот според мене Се напивме витамин Д по не знам веќе кој пат оти не му текнува на сонцето да се појави Ве изначитав во темата на срце ми лежи , @Nigredo Odor , во право си била кога рече сите на форумов се паднати во депресија, навистина така звучат според коментарите. Ајде да се обидеме да си го направиме животот за мерак оти еднаш се живее. Гушки до сите и убав ден п.с. @Bridget да се активира малку , станува монотоно без неа @baba Rada , многу фалиш , се надевам сеуште потајно го читаш форумов @lovestoneddd , ти си силна личност , ќе се избориш со она што те турка надолу @prominent , една и единствена си на форумот која шири позитива, тоа ти го има кажано и @Bender Rodriguez , светла точка си тука, продолжи само така Јен, два, јен , два , време е за бушавата азбука
Другарка во зрели години, постара од мене, после одредена борба со неплодност од страна на нејзиниот сопруг остана бремена и роди здраво девојче по природен пат. Цело друштво ѝ честитавме, беа многу среќни. Веднаш по рожбата, поради околностите во кои се наоѓаа мораа да заминат во Канада во потрага за подобар живот. Шест години подоцна се вратија и пред две недели нѐ повика на гости. Купиле огромен стан кој го планираат само за привремен престој, за одмор. Не можеш да изброиш колку спални соби направиле. Естетски, авангардно и прекрасно уреден. Бебето станало девојче. Комуницира, пишува, развиена свест за бон тон. Арно ама, ми падна нешто во очи за што не можев да премолчам. Додека пиевме кафе во дневната, другаркава го пуштила Френк Синатра, и додека едвај можевме да се дочуеме влегува девојчево во салонот и ја прашува другарка ми на цел глас: ,,Мамо, кога ќе се вратиме Онелија пак ќе ме чува на месец дур сте со тато на пат?" Се шокирав. Не ни се сеќавам на контекстот на одговорот, само знам дека беше позитивен. Веднаш откако излезе детево, ја прашувам другарка ми: ,,Добро бе Мими, молеше да добиеш дете, а сега го оставаш со дадилка во куќа толку долго?" ..Немам избор, ми вика. Таква ни е работата со Пеце. На што мое следно прашање беше, а социјалните служби се океј со ваков аранжман, училиштето знае, го одобрува ова? Одговорот беше дека таа рендом Онелија (или како и да беше името од дадилката), ја претставиле како нејзина постара полу - сестра која ја носи и зима од училиште секој ден со приватна кола. Учествувала на дури два родителски состаноци до сега дотичната Онелија. Соседите не се замарале да гледаат кој што прави, па немало кој да забележи и пријави. Викам Мими, детето утре ќе порасне и ќе ви сврти грб. Ќе изгуби во потполност идеја за семеен живот. Дадилката нема да може да ја научи на животни лекции како ти, дадилката нема да може да ѝ ја раскаже вашата семејна историја и приказна. Нема да може да ѝ каже колку се мачевте да ја добиете. Дадилката водејќи ја на ,,модерни" празници со себе и своето друштво, дур сте вие на работа во странската фирма, нема да може да ја надокнади семејната атмосфера и љубов која можете вие. Правите грешка, ѝ велам. На секунда застана и ме погледна бледо, во стил ,,што ме замараш, ти не ни сакаш да имаш деца" зошто го знае мојот личен став околу фертилитетот и формирањето семејство. Ама не...сепак се досети и рече дека сум во право. Ќе размисли за последиците, за сиот овој разговор. На крајот прокоментира ,,Треба еден ден да имаш свои деца, веројатно подобро ќе ги воспиташ од мене, јас баш не знам како со неа" (мисли на девојчето). Ми рече, и стана да наполни нова чаша сок. Не беше ниту иронично кажано од нејзина страна, туку тажно. Се почувствува болка во нејзиниот глас. Ме натера да се прашувам, колку се менуваат луѓево кога ја напуштаат земјава. Колку некои тогашни стремежи откако ќе се постигнат, стануваат минорни. Не можам да поверувам дека е тоа истата личност која ми плачеше на мобилен, и беше подготвена на сѐ за да добијат дете...Делуваше како да ќе биде одлична мајка, без сомнеж. Ама изгледа приоритети се смениле. Дури и после две недели останав во мноштво прашалници...
Така е Сефи. Љубовта треба да биде уметност. Взаемна, функционална, среќна, хармонична. Да функционирате во кохезија со партнерот. Љубовта треба да ве прави среќни. Во моментот кога ќе почувствувате негативна емоција, знајте дека партнерот е лош избор за вас кој никогаш нема да ве одведе на посакуваната дестинација.
Оти ти е проблем ова, не сфаќам? Сите богати луѓе, се одгледани од дадилки. Така ако гледаш и на Принцот Вилијам децата треба да му ги одземат.
Јас да сум била ќе сум те избркала во истиот момент. Која дрскост човече, мудрости од газ извадени за нечиј живот.
Сигурно ти рече дека ќе размисли дали е 'одлична мајка'? Не разбирам зошто си во прашалници цели две недели