Повеќе од ова и не заслужуваш да ти кажам. Има право Одор да си го каже мислењето. Дали се согласуваш со неа или не е помалку битно. Ама апсолутно немаш право да ја напаѓаш. Насилни сте, си го присвојувате форумот како ваш да е. Ако не ти одговара нечие мислење едноставно не коментирај ако не си спремна за одмерен одговор или да го парираш тонот со кој е напишано мислењето. Да, моето мислење е некултурно, ти го парирам тонот. Гледаш како функционира?
Книгата не сум ја читала, ама ова е жива вистина. Го знам одамна... во теорија. Со праксата имам проблем ------------------ Сите селебретис на кои се воодушевувате, истото го прават. Да не ги носат на турнеа и децата? Или на сцена, кога снимаат филмови. Отсутни не по месец, со месеци.. Година можеби. Не е во ред таквото одгледување деца, ама или ќе треба да нема луѓе кои работат во бранши кои бараат долго отсуство, или ќе немаат деца. Нели ни едното, ни другото е изводливо? Ако не, имаме и во Македонија стотици родители кои се во АРМ, или приватно работат во странство со месеци... посебно татковци. Абсент фадр не е проблем? Проблем е... ама шо да прајме? Да им ги земиме децата???
Не верувам ич. Времево ме убива. Сонце немам видено со месеци ..... Еве го моментално какво е тмурно , депресивно Сакав да одам на фризер , ама изгубив желба , заеби друг ден ќе се шишам. Се чув со сестра ми , ми прати слика од синчето , ама и јас како @Nigredo Odor одма критикував од моја страна. И велам ќе му го искриви рбетот , ама што се разбирам јас од деца ? 6 месеци е малото, ама многу сакало да седе, па го остава , еве слика ќе ставам И така. Доста ширев негатива. Ај одам да правам ручек. Убав ден да имате сите
И порано од тоа, од 4 месеци веќе ги ставаат во полуседечка положба. А некои и пред 6-тиот месец можат самостојно да седат без помош и потпирање.
Да за полуседечка положба е порано, ама за седење се препорачува од 6тиот месец, иако има и понапредни бебиња па и порано ги ставаат да седат.
Ми будиш спомени и ми копаш по душата баш таму каде се врежани моментите од можеби токму оваа уличка. Мирисот на вода и погледот кон шаренилото ми ги разбуди сите сетила. Почестувај ме со слики почесто
И се запнавте на @Nigredo Odor како којзнае што да и кажала. Мислњето го делам и јас. Не, не е проблем само кога има насилство и малтретирање. Каде се љубовта и вниманието што секој родител треба да ги посвети на своите деца? Каква блискост ќе се развие меѓу нив? Разбирам некогаш, на неколку дена, да треба да патуваш, АМА, двајцата родители, цел месец, не можам и не сакам да разберам. Јес да секој си носи одлуки за себе, ама..
Дојдовме кај мајка ми на гости и се јавува нејзина комшика да поминела. И доаѓа мртва болна (читај со бронхитис). Вријам моментално. А мајка ми и кажа дека и малата е тука. Сега сме во друга соба додека да замине. Ми се иде јас да ја избркам. Да се немало осет. И да не бевме тука ние што к.. бараш болна кај здрави луѓе. Ненормално створење. Ама глупа и јас,требаше да и кажам да не влегува. Па веќе преку таквото од вакви.
Ај речи им на тие шо работат шофери, или по бродови, дека не се добри родители? А? Речи им, да видиме како ќе им биди. И како би го решила ти тоа со отсуствата? Ете немат работа луѓето тука, немаат пари... Шо да прат? Да седат дома со децата и да јадат воздух?
Надвор пука сонце, а јас мора да работам, тоа е. Туку колку се некои луѓе ништожни, ми ги гледат мислењата во другите теми и навредуват и вадат заклучоци од нив. Плитки луѓе
Јасно ми е многу добро како стојат работите. Затоа и пишав дека од една страна разбирам некогаш и некој од родителите да треба и да мора да е малку понастрана од детето. Ама, не верувам дека и двајцата родители имаат потреба од работа со константни долги патувања. Барем едниот би требало да се задоволи со работа која не бара толку отсуства.
Како ќе се 'задоволи' некој во ваков свет? Сите-секогаш сакаме поќе и поќе. До сега не сум слушнала некој да речи: Е сега, доста ми се пари. За жал...
Вајлд, приказнава да ја напишеше Нигредо во прво лице, како да е таа мајката, одма ќе се јавеа пресветиците да ѝ кажат дека е лоша мајка, дека подобро ќе било во дом да го дадела, пошто таму среќата ќе му се насмевнела на детето или накратко двојни аршини на најјако. А вака, која била таа да ѝ каже на другарка ѝ? Пффф
Па ако желбата за што е можно повеќе пари ја стават пред сопственото дете, извини ама, не се добри родители.
Искрено и јас би и' рекла на другарка: Не ти е неубо да си го оставаш детето само цел месец? Ама дека ќе сменам нешто... тешко. Ни јас неќам, ни некоја сака, да и' се кажува како се гледаат деца. Кој од селебритис го сакаш. Сигурно некој/а е родител. Не дека чини, ама не го менваме ова... ко шо тргнало.. никогаш...
А поима немаме зошто не е спомнато во приказната најбитното а тоа е колку и како се отсутни родителите? Еднаш во годината на еден месец? Преку еден месец? Постојано? Пола ден со родители пола со дадилка? Не дека баш треба да не интересира ама кога веќе е напишан толкав текст и знаеме дека куќата е декорирана со вкус и колку спални соби има, мислам дека и други ситници треба да се спомнат. Нели, главното во приказната е детето и колку е тоа занемарено.