Посилно е од мене... шо да прам... Ја разбирам и Одор. Ама ја разбирам и мајката од приказната. Во идеален свет, не би бил родител отсутен еден месец од дома.. Ама светот не е идеален, и нема да биди никогаш..
Јас само ги истакнав двојните аршини, а секако секој си прави како му одговара и како мисли дека е најдобро за него и семејството.
Ако имало таква ситуација кога Нигредо или друга си напишала така во прво лице па истите светици од оваа дискусија и' скокнале, ќе можеше да зборуваш за двојни аршини. Вака си измисли дека ако било така ќе било вака, па и не може баш да зборуваме за двојни аршини на најјако. Истиов аргумент во секоја дискусија се провлекува, и ептен ми е интересен.
Кoга имав 13 години, татко ми мораше да замине во туѓина, година подоцна бев полуматурантка, тој беше во туѓина, го гледав на секои шест месеци. На мојата полуматурска бев тажна затоа што мојот херој и идол во мојот живот - татко ми не беше тој ден со нас. Му бев лута од една страна, од друга страна морав да имам разбирање дека мора да печали за да имаме бидејќи фирмата каде што работеше банкротира а мораше да се повлече од фудбалското судење затоа што годинките, до 42 е дозволено да суди, ама пак мајка ми беше покрај мене, знаев дека покрај мене имам родител. Прашај го детето во иднина во примерот на @Nigredo Odor кога ќе ги нема нејзините родители покрај нејзе, како ќе и биде, дали ќе претпочита купишта пари или топлината и љубовта од родителите. Од страна е лесно да се каже, додека не го почуствува на своја кожа. И ден денес јас имам потреба од мојата мајка и мојот татко, секогаш плачам кога ги испраќам на аеродром, јас плачам, затоа што не знам кога ќе ги видам и дали ќе стигнат безбедно.
СДК дека сум многу разочарана од моите другарки поради фактот што ниедна од нив не сака да оди утре со мене на arctic monkeys tribute затоа што не слушаат таков тип на музика ИАКО знаат дека секогаш сум била со нив на журки/концерти кои не ми ни мене биле по кеф и оваа случка е една од вкупно две годишно на кои што обожавам да одам и се чуствувам дека сум таму дека припагам. П.С немам храброст да одам сама, прееске 10 минути се врткав пред билетарата и не собрав храброст.
@Nigredo Odor Како смееш да критикуваш другарка која се остварила како мајка, а ти немаш деца? Седи таму и ќути Едит:Уште овој аргумент фалеше во темава, оној добро познатиот, па да не останам покусо и ќе речам- Што знаеш ти не си мајка, кажувај кога ќе родиш
Ќе родам бе, за инат сега. Башка ќе постирам лажни златни сервиси и кашички, демек му ги правам на детето. Ќе видат сега кој не знаел...
Не мислам дека се менуваат луѓето кога ќе ја напуштат матичната држава, скоро па сигурна сум дека се менуваат кога ќе станат родители. Никој не знае што и какво е родителството, додека не го искуси. Некој може да сака да биде родител, некој може да не сака, сакањето си е негово право. Ама како ќе испадне тоа родителство, никој не знае дури не го искуси. И со секое дете е различна приказна. Оти, како беше она, не можеш да влезеш во иста река два пати. А кој вака, според ваше видување би требало да биде тој родител? Кој би требало да си ја жртвува кариерата од соништата (ако може да ја има)? Какво би било тоа мерење, според родот, очекуваните приходи, сатисфакцијата што ја има од работата. Не работат сите само за пари, знаете? Кога ќе се надмине одредено ниво на финансиска стабилност, не е релевантно повеќе работа за повеќе пари, за сатисфакција веќе станува збор. Ова го пишува инаку мајка, која би требало да се задоволи со некоја работа, заради присутност во родителството. Не сум нешто задоволена, на стенд бај сум. А не сум ни совршен родител, таков не постои.
А не дај Боже да се рчнеш со некоја членка која има другарици по социјални мрежи и се знае лично. Има партал да те напраат.
Познатите ги следам и почитувам заради нивниот придонес во професијата. Нивниот приватен живот не ме интересира. Нека не бидат пари, еве нека е кариера. Многу години посветувам во учење и многу добро знам која е мојата цел и работа од соништата. Арно ама, силно посакувам и да се остварам како родител, и да, ако еден ден би требало да се откажам од мојата работа за да моето дете има љубов и внимание од родител, не од дадилка, ќе го направам. Го ставам детето и пред пари и пред кариера. Ама океј, не сите сме исти.
Нема лоши и добри родители, нема совршени и не совршени родители туку има соодветно организирани родители според потребите на детето и не соодветно организирани според потребите на детето. Но мислење може да се сподели,ама да се осудува нечие родителство никако Сите имаме различни гледишта, преференци, модели на однесување. можности, околности и цели во животов.
Колку е политички некоректно најотворено да и кажам на фризерката дека сакам да ме ишиша како буч лезбејка? **** Фризеркиве се чуден сој. Одиш малку да ја потскратиш косата, колку врвовите де и дома се враќаш со 30 цм пократка коса и плачеш пред огледало. Од друга страна, одиш 100 % решен да шишаш долга коса и да се освежиш со кратко фризурче и добиваш: „Ааааа, не, не те шишам, ќе плачеш после!!!!“ ***** Легендата вели дека некаде некогаш некоја девојка раскинала со дечкото и Не отишла да си ја скрати косата.
Секоја чест за луѓето кои идат преку илјадници километри, во туѓина, каде најчесто отрпуваат од себе за да вратат што повеќе дома, каде најчесто се последно дупче на кавалчето и каде што ги ебаваат како стигнат тамошните граѓани и надредените, од ден по ден, па месеци, и години, со една единствена цел, да обезбедат ЖИВОТ на своите деца, да се во можност да се во тек со денешницата, да имаат добро образование, да ги искусат сите благодети на овој еден живот што го имаме, нешто по кое најчесто самите тие копнееле додека растеле. Не знам зошто не добиваат доволно заслуги за ова и секогаш на нив се гледа како на помалце родители или пак материјалисти. Секогаш попрво капа ќе симнам на човек од ваков калибар отколку на оној кој едвај крпи крај со крај дома, на кое детето му сведочи на нервози,стресови и неправди кои со себе ги носи немаштијата, ама ќути битно да сме заедно и да се сакаме. Сакајте се со празни стомаци, my ass.
Затоа јас ја пуштам до скоро до гз, па ја кратам бајаги еднаш годишно. Можда лоша навика али од тоа демек само кратење врвови неколку пати се имам зезнато. Едит - се прашувам дали некоја фризерка ќе сфати дека кога сакам степенасто тоа значи дека не сакам позади слоеви еден над друг туку од напред кон назад степен. То ест, од позади гледано кај што завршува косата да биде заоблена линија. Е ова никогаш ама никогаш не ми го погодиле иако стопати ќе им нагласам
Сакам да кажам дека кога јади Пес го врзвам пред куќарка за да не смета на мачките. И ако се задржам поќе си влегва внатре и си спие. Епа денес во 7 сатот му ставив за јадење, обично или прам нешто кратко во меѓувремето или си пуштам една епизода од 20 минути па го одврзвам. Неќам да седи врзан без потреба. И преѓе си гледам How I met your mother и слушам: ''you just described my every employee, hell you described my whole family, except my dog --'' и тука ми светна дека е 9 сатот и дека Пес е уште врзан. И си спиеше и полека го одврзав ама одма стана и му дадов коска и сега е среќен и се гушкаме. И така, ова се причини зошто не сум мајка. The End.
Јас ја шишав пократко на почеток на врска. Да си видиме од сам старт кои сме, што сме, дали сме еден за друг