Ем ме имаат зезнато фризерки,ем не ми се слушаат глупи муабети,ем не ми се даваат пари ,па со години сама си се шишам и чат-пат мајка ми ми помага.Исто и за фарбање. Поарно сама да си се зезнеш,па да си ја оправиш косата како што сакаш,отколку друг да те зезне.
Отсекогаш сум им се восхитувала на тие што знаат да се шишаат сами. Јас да пробам, од дома нема да можам да излезам неколку месеци од срам Признавам, имам малку несмасни раце
Сдк од моментот кога ќе се родиш си нечие дете. Дури кога ќе добиеш дете стануваш родител. Не се исти перспективите. Една работа е теоријата, друго е пракса. А ко што рече една мудрица на форумов, секој ќе си го зафрне детето на свој начин. Па биди ти со него цело време, или повремено, давај му многу љубов и внимание, или не многу. Многу работи имаат да научат феминистките од една без завршено формални родови студии. Спојлер: Спојлер @WildMk стисни си принтскрин
@NarCis@, ние кога се запознавме (и набргу тргнавме) имав коса до половина. Плава и тоа. Другарка ми ми викаше дека личам на самовила Знам дека го мислеше тоа како комплимент ама јас не го доживував така. Од ден еден бившиов си затера: „Леле твојата коса Ах, таа коса Каква ти е косата, леле леле леле . Косата, косата, косата“... Аха, океј. И после некое време почнав да се прашувам дали овој мене ме сака или косата, зошто косата па косата. И нормално ја скратив до раменици Следеа плачки. Од негова страна, секако. И шест години слушав за тоа како сум ја скратила косата и колку му било криво и жал. Шест години индиректни и не-баш-толку-индиректни сугестии дека долгата коса најубаво ми стои, ме подмладува, блаблабла. Пред три години многу ја скратив, до уши скоро. Вистина не беше тоа мојата намера, сакав асиметричен боб до раменици ама- тоа е мојата вечна (не)среќа со фризерки. Ти викаш три сантими, они кратат триесет. Не битно тоа, битно батево пак плачки- косатаааааа. Аман веќе од него! Минатата година се мислев да ја избричам едната страна, ми се закани дека ако го направам тоа ќе ми раскине. И еве сега пак ми е подолга, до гради и едвај чекам да ја скратам. Отприлика ова ми е во планот, дај Боже да испадне како што треба.
Баш дека знаев за ваков случај (додуша кај овие немало плачки, типот одма ѝ раскинал штом ја скратила косата), затоа и методов на сам старт на врска го применував
@Nausicaa и останатите, да пробате фризер за промена. Ако си од Скопје да ти пуштам контакт во лп. Пцуев на истава тема пред два дена, со желба за степен како што опиша @Tan4ence . Јок, имам шишки и рамно позади. Овие во мое село се дрва дрвени. Бесценето ми е она чувство, што го имав со мојот последен, единствен, непрежален скопски фризер- излегуваш од фризер со чувство дека одиш на модна писта . Е таков фризер- таков барем уште еднаш во животов да најдам.
Првата год од животот на мојот син бев страшно посесивен родител не мислејќи дека можеби со тоа му штетам. Некаде околу неговата втора год поминувам премногу време на работа. Немав избор, морав. Се навикнав и на тоа. Се навикна и тој. Се до моментот дур не видов колку веќе навикна да ме нема. Од земја ме тресна тоа... Таа вечер ја пројдов на тераса во солзи. Жалејќи за тие неколку месеци пропуштени со син ми. Годинава ме чека истото шајзе и секојдневно слушам уште колку обврски ќе имам а границата е премината за едно 300% ... Климам со глава само. Ама нагласив. Јас сум од 8 до 16 овде. понатаму снаоѓајте се.. сакам да кажам @Nigredo Odor никој не ми рече дека е олку тешко да си родител. Кога го родив ко да си ја родив сродната душа... За жал секакви периоди доаѓаат во животот а родителите се борат за тие деца утре да не поминуваат низ истото. И да, во право си, Чак што више љубов е битна. Ама не може никој да им суди за жртвата којс тие решиле да ја прават. Моментот кога и паднало криво ..кога си го рекла тоа..се свестила дека навикнала да е далеку од своето дете.тој момент страшно боли зошто никој не се радува на идејата детето друг да му го расте. И никој не може да каже кој каков родител ќе е, зошто не може да претпостави што носи утрото, а не па животот.
Очигледно најголема воспитна грешка е - со работите треба да се носиме како возрасни луѓе, а си опкружен со луѓе кои или не ги воспитале така или не успеале да го научат истото како треба.
Два различни света. Единственото заедничко ни е една улица. Улица на која јас поминав повеќе од половина од животот, а тој целиот. Речиси цел живот нѐ делеше таа улица, освен едно лето кога ја преминавме и се запознавме. Бевме деца, тој дури не се ни сеќава. Сосема нормално. Јас не заборавам ништо и никого, па така и неговиот лик ми остана во сеќавање и 12 години подоцна. Денес разговаравме како да се знаеме цел живот, како да имаме заедничко многу повеќе од една улица (иако ова не е точно). Не знам каде ќе нѐ однесе животот, но се надевам дека од ова ќе остане барем едно другарство.
Сѐ повеќе луѓе се плашат од корона вирусот или Cavid-19, но не и јас. Повеќе треба да нѐ плаши секоја помината секунда, минута, час, ден, денови, во ништо. Залудно потрошени, прокоцкани прилики и моменти. Но не е сѐ така мрачно, а за тоа е доказ и фотографијата со кутрињата има сѐ уште луѓе кои се грижат како за себе така и за останатите. Кјут слика на денот
Не знаев каде да пишам.. @Dream-Girl дали ќе можеш да ми пишеш дека јас не можам заклучен ти е профилот.Сакав нешто да те прашам ☺
Не знам кој треба да го прочита ова, ама, научете да го почитувате своето и туѓото време. Луѓето кои не ми го почитуваат времето ги сметам за помалку вредни. Искрено, треба да се превоспитаат. Може нечиј цел ден да заебат поради својата неодговорност. За таквите луѓе, би организирала една програма која ќе ги превоспита. Еден ден да поминат седејќи во чекална на забар. Убав, сончев ден да го поминат внатре во соба. Да слушаат лекција од 90 минути на јазик кој не го разбираат. Да се качат во погрешен и полн автобус каде мора да стојат бидејќи нема место. Да чекаат долг ред за да купат карта за во кино, за на благајна да им кажат дека уствари нема веќе карти. Можеби така ќе ја сфатат вредноста и потенцијалот на времето.
Ахх жени жени се прашувам која е границата на понижување до која можете да одите? Како бе можете сами да се понижувате со тоа што ќе кажете па жената за што е ако не за да чисти и готви. А најжално ми е затоа што имате деца и нив ги учите на истото. Блак.
Boomers се буквално еден од најлошиот вид на луѓе со кои можеш да се расправаш. Секогаш ти си мрзлив, глуп, зелен, а они се секад у право, и НЕМА ЕБАН НАЧИН да им докажеш било што. Демократијата не била добра работа и Голи Оток бил океј. И тоа го слушнав денес. Не бе не, 70% од boomers треба да се одделат од нормалниот свет, и онака колку и да пробаш да ги вклучиш и помогнеш да го разберат развојот на светот ќе се фрустрираш до ниво да мораш да напишеш мислење на форум за да истуриш фрустрации. А, и психотерапија било глупост. И антидепресивите биле ѓаволска работа. И албанците правеле црни магии на македонците, во фонтаните ставале. Ќе се пукам жими сѐ.